Home Live Елена Ристеска го покажа својот дом, ослабена и згодна позираше во дневната...

Елена Ристеска го покажа својот дом, ослабена и згодна позираше во дневната соба (ФОТО)

Познатата пејачка Елена Ристеска пво една прилика гостуваше во естрадниот магазин „Бекстејџ“, каде најискрено зборуваше за кариерата, бизнисот кој неодамна го започна со парфемите, но и за својот приватен живот.

Искрена како секогаш, Елена без проблем одговори на сите прашања на водителката Јасмина Филиповска.

Едно од прашањата беше што размислува на темата мајчинство. Одговорот на познатата пејачка беше дека веќе размислува на тоа да посвои дете доколку него најде вистинскиот партнер.

– Желбата за создавање и креативноста уште од дете биле дел од мојот карактер.

Најпрво правев велосипеди од жица и секако накит, цртање слики за кои имам 30-тина признанија и први места, шиење и креирање на облеки за куклите и за себе, глума, фотографија, моделство, танцување и уште мал милион таленти кои ги поседував меѓутоа секогаш преовладуваше музичкиот талент: пеењето и пишувањето текстови и песни.

Како и во секоја друга професија музиката си бараше максимална посветеност и фокус како моја прва љубов , па автоматски ги оставив сите други таленти на страна.

Со тек на годините , почна да ми се раѓа желбата да имам свој бренд, да инвестирам во нешто друго покрај музиката. Па покрај козметиката и желбата за парфем со мој потпис имаше и други идеи за брендови кои во иднина ќе ги реализирам.

Но, секако мора чекор по чекор за да вроди со плод. Секако репер ми се светските ѕвезди, скоро секоја од нив има свој бренд , особено парфем со нивно име.

А другата страна на приказната е дека со години ми плаќаат солидни буџети годишно за да рекламирам туѓи брендови, па оттаму дојде и поттикот да почнам да рекламирам свој бренд, бар себе не морам да се плаќам за заштитно лице, ха ха“, кажа Елена која има свој бренд за козметика во Слободен печат.

Последниве неколку години иако бев посветена на брендот за козметика, имав мал милион понуди за песни и соработки, и работев на нивна реализација, меѓутоа како проаѓа времето и годините станувам премногу пребирлива , токму заради таа одговорност што ја имам кон фановите.

Но, многу ми е важно да отпеам нешто што мене ќе ми ја отвори душата и ќе ми ја извади емоцијата, што мене пред се’ ќе ми се допадне, само на тој начин публиката ќе ја доживее пораката.

“Текила и лимон” беше еден пример дека луѓето надвор од Македонија знаат да почувствуваат модерен призвук, но не и дел од луѓето во Македонија.

За мене тоа беше навреда како музичар, да донесеш нов звук и цел Балкан да го копира и постира, а луѓето во твојата земја да го критикуваат до толку што размислувам дали да се трудам на оваа земја да и донесам нешто модерно и ново преку мојата музика или да одам по принципот на “комфор зона” и да направам веќе чуена шлагерска мелодија.

Како и да е, имам неколку демо песни и дел од нив се мојот “ас во џебот” па наскоро ќе се потрудам да ги претворам во аудио и видео реализација“, изјави таа.

Ако се вратиме назад во 2002 година, нејзината кариера почна од музичко шоу “М2 потрага по ѕвезда”. Во една прилика, во Женски магазин, Елена раскажа со кои амбиции тргна тогаш, и како средношколка, и како ги убеди родителите да ти дозволат да се впушти во овој предизвик?

-Татко ми не веруваше во ниту една манифестација во државава, шоу бизнисот за него беше впуштање во страшен “бубањ” или нечесна игра, па првиот совет што го добив од него кога се пријавив на аудицијата беше “не се разочарувај доколку не успееш , бидејќи многу нешта се наместени”.

Но, јас му кажав дека немам очекувања и дека само сакам да си докажам на себеси дали сум доволно добра за оваа професија. Колку и да беше скептик татко ми за сето тоа, тој беше најгордиот татко на светот и мислам дека од некаде, уште ме гледа, се гордее и ме заштитува.

На аудицијата бев без никакво очекување, а сепак со давање на својот максимум, успеав да победам на шоуто на М2 продукција и секако да си докажам на себе дека само силна молитва, голема желба, напорна работа и посветеност водат до успех. Истото им го препорачувам и на учесниците на аудицијата на новото шоу.

А тоа што од оваа перспектива можам да го потврдам е дека М2 беше единствената аудиција чијашто награда беше кариера, а не само награда.

И уште поголем успех на една аудиција е доколку победникот продолжи да гради кариера , каков што пример сум јас последниве 18 години.

Значи Иво Јанкоски и Дарко Димитров имаа успешна мисија. Искрено не ме служи премногу меморијата во вакви ситуации кога треба да се сетам на детали од детството. Но, паметам дека палави игри имаше често, да речеме кога ѕвоневме по врати или домофони и бегавме.

Потоа вртевме на непознати телефонски броеви и велевме дека сме туристичка агенција дека добиле награда патување во Анталија. И уште многу такви детски палавштини , но не можам да се сетам на најинтересните во моментов.

Како и да е, спомените од детството ми будат убаво чувство и радост , бидејќи навистина имавме убаво детство, поубаво од сегашните генерации“, изјави Елена во тоа интервју.

Елена на Фејсбук објави слика од неа, и во неа го покажа својот дом кој е вкусно и убаво уреден, и се гледа дека нашата пејачка внималава на секој детаљ. А исто така се гледа дека Елена на сликите во кои позира во дневната соба е доста ослабена и стегната, во фустанот во кој е облечена и виоките црни штикли.

Previous articleМилена од Канал 5 се стегна во тесен црвен фустан и застана до 7-мицата (ФОТО)
Next articleЈа одложи свадбата поради загубата на својот вујко, а сега беше прекрасна невеста- еве како изгледаше на венчавката сестрата на Огнен Здравковски, внуката на Џорлев