Home Live Ја одложи свадбата поради загубата на својот вујко, а сега беше прекрасна...

Ја одложи свадбата поради загубата на својот вујко, а сега беше прекрасна невеста- еве како изгледаше на венчавката сестрата на Огнен Здравковски, внуката на Џорлев

За пејачот Огнен Здравковски знаеме дека музиката е неговата најголема љубов, потекнува од музичко семејство, и се има испробано во повеќе музички правци. Од класична музика која ја пее како вработен во хорот на Операта, до старите македонски народни песни и песните кои ги создал неговиот дедо Наско Џорлев.

Потоа преку учеството во „Ѕвездите на Гранд“. Огнен Здравковски пред неколку месеци ја промовираше новата песна „Душа“, а и самиот неколку пати има кажано дека неговата душа е на половина откако го загуби својот вујко, маестро Зоран Џорлев.

Огнен искрено раскажува за својот живот, љубовта и своите неостварени соништа во кои силно верува во едно интервју за Женски магазин.

-Оваа песна решив да ја изработам во Белград со српски тим. Композиторот на песната е Сашко Николиќ, а текстот го напиша Мира Мијатовиќ. Инаку со Сашко ме спои мојата менторка од „Ѕвездите на Гранд“, Марија Шерифовиќ, тој е композитор и на нејзините песни.

Гледав да си ги распоредам обврските за да можам да постигнам и во Операта и таму во Белград, а за негативни коментари имаше малку, но тоа е нормално, секогаш ќе ги има, тоа не ме разочарува“, рече тој за Ѕвездите на Гранд.

Минатата година, За прв пат во јавноста, во интервју за Бекстејџ, со солзи во очите, Огнен Здравковски зборуваше за загубата на својот вујко и болката по неговото заминување.

На 53-годишна возраст се упокои популарниот професор, врвен инструменталист, познато и признато музичко и уметнничко име Зоран Џорлев.

Полн со живот, позитива и безрезервна љубов за сите. Имаше многу планови за што понатаму, никогаш не се откажуваше, неговиот оган гореше силно до крај. За секој имаше љубов и разбирање, и се правеше од срце и на чесен начин на кој повеќето луѓе не можат ни да замислат.

„Велат дека времето лечи се, ама тоа не е точно. Болката не може да се заборави, цел живот ќе ја носиме со нас.

Ќе чекорам по неговите стапки, ќе одам по патот по кој што одеше тој и ќе гледам успешно да ја продолжам неговата традиција.“ – вели Огнен.

Неговиот музички „поход“ сепак почнува од Македонија каде иако испеана на српски јазик, автори на неговата нова песна се братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковски, од чија фабрика за хитови излегува и оваа песна која се вика „Извини“.

Огнен имаше уште многу музички планови кои ги поремети пандемијата, но и заминувањето на нему драга личност, неговиот вујко Зоран Џорлев.

За прв пат во јавноста, во интервју за Бекстејџ, со солзи во очите, Огнен Здравковски зборуваше за загубата на својот вујко и болката по неговото заминување.

Зоран Џорлев, познатиот виолинист, музичар и професор си замина на 1 јануари годинава, поради последиците од вирусот. Тој неодамна се сети на неговата прва песна која беше промовирана пред шест години и сподели што пишувале весниците за него во тоа време.

– Ова е мојата прва и моја посебно драга песна! Музиката и текстот ми ги напиша мојот најголем идол и ментор (МОЈОТ ВУЈКО Зоран Џорлев), а аранжманот го направи неговиот долгогодишен соработник и другар Беџо Синановски…“, напиша Огнен.

Тој исто така, за Женски магазин, кажа дека свадбата на неговата сетсра Оле, се одложила поради загубата на вуко им, а раскажа и како е неговата мајка, познатата пејалка Софче Џорлева.

-Свадбата се одложи за сега во септември. Нема да правиме голема свадба.. Ќе направиме прослава со најблиските луѓе, и уште сега можам да кажам дека ќе ни биде тешко на цела фамилија.

Свадбата сега се одржа, а Оле била прекрасна невеста како и младоженецот Богдан Шундиќ. „Зет ко мед’, напиша за него Огнен.

Инаку, Здравковски објавил и семејна слика на која е и Софче Џорлева, неговата мајка, која беше мнкгу блиска со својот упокоен брат.

По големата тага и болка која не може да се избрише, сега ова семејство ја заслужи среќата.

Previous articleЕлена Ристеска го покажа својот дом, ослабена и згодна позираше во дневната соба (ФОТО)
Next articleЌерката на Хелена Роза е вистинска убавица, а Игор, сопругот на мајка ѝ го нарекува татко (ФОТО)