Home Live Живкица и сопругот покажаа колку многу се сакаат, овој детаљ е доказ...

Живкица и сопругот покажаа колку многу се сакаат, овој детаљ е доказ за нивната огромна љубов (ФОТО)

Живкица Каленикова, позната како Жилe e dobro познато лице на ТВ екраните долги години.

Таа својата кариера ја започна во Македонската радио телевизија каде што го “печеше” новинарскиот занает.

Години потоа, Живкица стана една од нашите најдобри ТВ новинари. Нејзина карактеристика е брзото зборување и течната мисла.

Таа има водено безброј музички емисии и има интервјуирано многу познати личности од разни области.

Живкица се има покажано и како добар коментатор на Евровизија. Таа потоа почна да ја води емисијата Тунел која разработуваше социјални теми.

Нејзини соговорници таму беа стручни лица и обични луѓе, кои си имаат мака за споделување, а со тоа можат да им помогнат и на другите.

Живкица е сопруга на Зоран Калеников, познат македонски бизнисмен, кој е дел од авто индустријата. Неговата компанија, која е семеен бизнис, со години наназад е увозник на познати брендови автомобили.

Каленикова е мајка на три деца, Даријан, Марко и Ана. Во една прилика Живкица изјави дека сите деца и’ се различни и ги опиша накратко со неколку зборови:

-Даријан е многу самостоен можеби и со самото тоа што за брзо време стана поголем брат го направи лидер во тројката, Марко типично за децата во средина се бори за своето место под сонцето и сѐ мора да направи што прави и неговиот брат.

Секогаш мора да му се потврди дека е најдобар најумен, и голем маж (се смее).

Ана е навистина миленичка на сите, особено на нејзините браќа и дури откако родив девојче ми стана јасен муабетот за девојчињата и нивната природна итрина“, рече таа за децата.

Таа е и практична, а тоа најдобро се гледа од една објава на Инстаграм, во која таа ги советува домаќинките како од едно да направат две, како што неа ја научила нејзината баба.

Не сакам да фрлам храна или како што баба ме учеше од едно две. Од божиќната мисирка вчера, денес чорба со зеленчук. На здравје дечки. За многу години празниците“, напиша Живкица под сликата од ручекот кој го подготвуваше.

Живкица во период од една година ги изгуби родителите кои си заминаа еден по друг. Во една прилика таа проговори за родителите:

-Уште повеќе ме освести што замина во смисла на, утрото го правевме разговорот многу нормален и едноставен, до вечерта имате информација дека некого го нема. По чина од срцев удар за 15-тина минути. Потешко и поболно и по шо кантно е што не сте спремни.

Никогаш не сте спремни, но ова е еден друг ш ок и стрес кој е дополнителен во таа ситуација. Тоа веројатно ви прави една друга подготвеност, пак се враќам дека нема подготвеност. Знаете како, складирате по фолдери во вас, до каде, што како.

Си имате свои минути, свои моменти за да си ја исканализирате тагата која ја носите секој ден во себе, но пак ќе речам, имате одговорност како родител, имате одговорност кон вашите пријатели, среќа што како што поминуваат годините се разретчуваат пријателите, но јас сум среќна и благословена што ги имам оние вистинските.

Јас и природа сум позитивен човек, таква беше и мојата мајка секогаш, и многу работи си препознавам од неа кај себе.

И кога ќе ми речат, многу потсетуваш, и во движењето, и во брзината, беше баш таков тип на жена, брза спретна, да се најде секому.

Спретна, да оди на работа, да дојде дома, да не подреди сите, да ги задоволи сите наши потреби, и верувам дека многу од тоа, веројатно таа слика, тој пример сум го пресликала.

Некогаш не сте свесни, само се фаќате дека тотално заличувате на примерот кој сте го имале низ годините“, рече Живкица низ солзи.

Живкица објави фотографија со свечен повод на нејзиниот Инстаграм. Поводот е всушност свадба на која присуствувала заедно со сопругот Горан.

Интересно е тоа што двајцата си одговараа во стилот кој беа облечени и одбраа темна верзија која изгледаа многу елегантно и добија многу пофалби.

На фотографијата се гледа дека Зоран и Живкица се суптилно фатени за рака што докажува дека љубовта помеѓу нив двајца е огромна, што е реткост во денешно време.

Previous articleЌерката на Хелена Роза е вистинска убавица, а Игор, сопругот на мајка ѝ го нарекува татко (ФОТО)
Next articleДрагана била измамена кога купила стан и денес е исфрлена на улица, бара правда