Home Live Бени Шаќири искрено раскажа како ја ќарил Лиса- благодарен сум му на...

Бени Шаќири искрено раскажа како ја ќарил Лиса- благодарен сум му на Бога што отидов таму и ја видов

Бени Шаќири, наш познат музичар и поранешен кандидат за градоначалник на Скопје кој е инаку отворен во јавноста, на својот Фејсбук напиша прилично лут статус кој се однесува на состојабата во Македонија сега:

– МОЈ МОЈ ПРЕКУ МОЈ!!! Роден сум во Скопје и цел свој живот сум тука. Милион можности да си заминам, но никогаш не го направив тој чекор. Го сакам мојот град, ама си ја сакам и мојата земја!

Како карактер, тежок сум на компромиси, НО свесен дека во животот само идиот тера безкомпромисно! Сепак, и кога правиш компромис тој треба да е за доброто и во интерeс на двете страни, а никако на сопствена штета.

Она што го гледам во последно време е дека од нас, како граѓани, се бара да направиме компромис на своја штета за евентуално тие (читај ЕУ) со компромис да не бутнат на „сила„ во нивно друштво ама за едно 25-40 години, евентуално!

Другари, да, Вам од владата Ви се обраќам! ДОСТА Е! МОЕ МИСЛЕЊЕ е дека треба конечно да кажеме одлучно НЕ на Францускиот предлог, за кој, рака на срце не ни знаеме што точно содржи, (пошто нели се уште никој звнично не го примил) но знаеме, според изјавите на бугарските званичници, дека македонскиот јазик „не постои„, туку тој бил само кодифициран дијалект на бугарскиот???!!!

Пази молим те, јас 53 години сум живеел у заблуда дека одлично го владеам македонскиот јазик, а он да ти бил само дијалект и тоа најдиректно ми го посочуваат високи званичници на држава за која имам особена почит и со огромно задоволство сум престојувал во истата!

НЕ, НЕ, не иде тоа така другари! Ние си имаме свој јазик, свое писмо, признати и кодифицирани пред многу години, така да, околу тоа, компромисот е недозволив! Уште колку небулози треба да набројам за да разберете дека не малтретираат, злоставуваат само заради тоа што им се може?

Дека сме далеку помала земја од нив?! Баш напротив, како поголеми од нас треба да покажат доблест и да дадат поддршка за сите наши иницијативи врзани за ЕУ, а вака….??!!

И да, јас, како етнички Албанец и граѓанин на оваа земја, слободоумен, но не и малоумен, не сакам и не можам да прифатам мајтапење со моите сограѓани, пријатели, комшии МАКЕДОНЦИ, кои добро знаат кои се и што се!

Се разбира дека жртви на тој понижувачки однос сме сите под еднакво како граѓани на Република Македонија, а да пе рв ерз ијата биде поголема, жртва се и граѓаните на Република Албанија, само затоа што на одредени политички фигури од Бугарија така им се може!!!

Не грижете се, не сум на ничиј платен список, имам право на глас, мислење, став а фала Богу и малку памет!

Искрено, се надевам дека земјите членки на ЕУ ќе имаат слух и доволно мудрост да кажат СТОП за мазохистичкиот однос кој бугарската политичка врхушка го спроведува кон сите граѓани на Р. Македонија, подеднакво!!!

Граѓаните на оваа земја, имаат право да бидат во големото ЕУ семејство затоа што друга алтернатива не постои за нас, но НЕ ПО СЕКОЈА ЦЕНА! Пошто сум од Скопје, ќе ви кажам и на скопски за да ме разберете: МОЈ МОЈ ПРЕКУ МОЈ!“

Останата запаметен и еден статус на неговата сопруга, Лиса Баута Шаќири кој предизвика огромно внимание во јавноста, а се однесува на поделбите меѓу луѓето, кои особено можат да се видат на социјалните мрежи.

Тогаш таа, меѓу другото напиша: „…Не знам дали е до мене што сум станала хиперсенситивна ама веке ме болат сите овие “северџани”, “вмрони”, “каури”, “ши птари”, “про-руси”, “про-еу”, “амери”, “соро соиди” итн итн.

Назад ни е времето, тек ќе треба да се излезе од дома да се купи нешто за ручек со пари кои ги немаме, ќе скроламе на инста и /е гледаме како уживаат луѓето на плажа, а ние не можеме децата ни до Охрид да ги однесеме.

Ќе чекаме редици пред амбуланта за некој ротавирус, ќе се молиме да ни се падне асален доктор, ќе и се заблагодариме на медицинската сестра само заради фактот што не не отерала ”у три лепе” со поглед, туку ни се насмеала и ни кажала дека се ке биде во ред!

Ќе дојде септември и ќе треба да купуваме чанти, книги, тетратки со позајмени пари.

Ќе дојде зима па ќе земеме кредит за да се грееме, кој има среќа ќе си купи и нов капут.

Кој има среќа ќе оди на работа, која не ја сака а истовремено ќе му се моли на Бога да не пропадне фирмата зошто работа тешко се наоѓа.

Ќе пцуеме во сообраќај, ќе се караме по дома, ќе бидеме мизерни се додека касиерката од маркетот со насмевка не ни каже “имајте убав ден” или колешката на работа не даде комплимент за новата фризура!

Нас секојдневието ни е отруено со негативна енергија, животот е нешто што чекаме да помине, па од целата таа фрустрација бараме виновник во се и сешто.

Дајте луѓе да се обединиме! Дај насмејте се еден на друг! Сите сме во исто г***о!

Да направиме да ни е подобро, без разлика на се! Од нас зависи.

Ке се изедеме еден со друг, а тогаш веќе нема да е важно “кој ќе победи” зошто сите ќе бидеме губитници!“

Инаку, Бени Шаќири еднаш открил како ја запознал својата сопруга Лиса, а оваа љубовна приказна во една прилика ја објави Женски магазин.

– Се запознавме на една заедничка свадба на која ниту јас имав намера да одам, а подоцна дознав дека и неа требало да ја убедуваат. Благодарен сум му на Бога што двајцата родителите нè однесоа таму–откри Бени.

За кратко време сфатил дека конечно се појавила во неговиот живот вистинската жена за која изјави дека има огромно срце и дека ги поседува сите квалитети што него го прават среќен.

Previous articleОваа позната српска актерка ѝ е двојничка на Шенка Колозова, ја мешале со неа кога била помлада, дури се и родени во иста година (ФОТО)
Next articleГи загуби двата брата, а за малку и синот- тажната приказна на легендарната пејачка на народна музика