Home Live Блиска личност на Дац, раскажа каков бил како мал (ФОТО)

Блиска личност на Дац, раскажа каков бил како мал (ФОТО)

На 27 мај актерот Јаков Спасов, синот на Драган Спасов Дац, направи свадба со својата избраничка Софија Христова, односно веќе Софија Спасов.

За расположението на свадбената церемонија беа задолжени бендот Бета Хаус и диџејот Александар Јорданов и се разбира, легендарното дуо Дац и Александар Митевски“, напиша Црно бело.

Софија (28) работи како маркетинг менаџер и графички и ui/ux дизајнер, ко-сопственик на компанија за software development и ко-основач на невладина организација за интеграција на деца од ранлива категорија, а пак Јаков (31) е актер, кој веќе три години е вработен во Театар Комедија.

„Заедно сме речиси една година, ама се чувствувам како да се знаеме цел живот. Се запознавме на Инстаграм и од првиот „дејт“ (состанок) во живо беше љубов на прв поглед.

Ме запроси сосема во наш стил, си седевме по дома, баравме кој филм да гледаме и ми кажа „Абе, ќе ми бидеш жена” (не во прашална форма) и едноставно двајцата знаевме дека тоа е тоа.“, рекла Софија за Црно бело.

Кога Јаков прослави роденден, Дац му честиташе на својот син со стара слика од нив двајца, кога Јаков бил мал. Среќен роденден синко мој! “, напиша на Фејсбук Дац.

Во едно интеревју за medium.edu.mk, тој зборуваше за очекувањата во неговата актерска професија.

– Јас кога почнав со оваа работа мислев дека само во филмови ќе глумам. Такво чувство имав, но ме излажа зашто тука слабо се снимаат филмови.

Од друга страна, не бев дел од тие филмови коишто се снимаа тогаш. Но, правиот контакт со публиката е театарот – тука нема збор.

Во театарот ја чувствуваш публиката, па дури и имаш трема при првата изведба, односно на премиерата. На филмот пак, јас отидов да ја гледам премиерата.

Малку различно е. Како е снимено во филмот не зависи од тебе, како е монтирано, исто така не зависи од тебе.

Може и воопшто да те нема во филмот, ако не му требаш на режисерот.

Така што, филмот е комплетна друга работа од театорот. Мислам дека премногу се седи на Фејсбук, Инстаграм и сѐ останато. Порано имаше многу повеќе движење. Јас не бев прибран дома, бев цело време по улица.

Не дека „лутав“ и правев глупости, туку играв кошарка, школица, сервис, не е важно – сѐ игравме. Постојано возевме со нашите велосипеди. Дома се прибиравме само кога ни се јадеше и нормално, кога моравме да учиме.

Арно ама, голем дел од младите само со телефоните седат. Прво нема муабет, цело време се со телефончето и само зјапаат во него. Второ, цело време се седи дома и со часови се губи време“, рече Дац за своето детство.

Дац во една прилика откри како всушност се воспитуваат децата, а тоа го објаснил со една интересна приказна која ја расажал на својот Фејсбук профил, а вели вака:

– Кравите не даваат млеко. Таткото им говореше на своите деца додека беа мали: „Кога ќе наполните 12 години, ќе ви ја откријам тајната на животот. Еден ден кога најстариот син наполнил 12 години, загрижено го прашал татка си, која е тајната на животот.

Таткото му рекол дека ќе му одговори, но тоа да не го кажува на своите браќа. „Тајната на животот е ова: Кравата не дава млеко.

-Што зборуваш? -прашало детето со неверување.

-Како што слушна синко: Кравата не дава млеко, мораш да ја измузеш.

Мораш да станеш во 4 наутро, да отидеш на поле, да и го врзеш опашот на кравата, да и ги врзеш нозете, да седнеш на ниска столица, да ставиш канта и сам да ја завршиш работата.

Тоа е тајната на животот, кравата не дава млеко. Ако не ја измузеш, не добиваш млеко. Постоии таа генерација која мисли дека кравите ДАВААТ млеко.

Дека работите се автоматски бесплатни: нивниот менталитет е, ако “нешто сакам, нешто барам, тоа и го добивам”.

“Се навикнале да добиваат се што сакаат на полесниот начин: Но не, животот не се сведува на желбите, барањата и добивањата.

Тоа што човекот го добива е поради трудот за тоа што го прави. Среќата е резултатот на трудот. Недостаток на трудот создава фрустрација.”

Затоа поделете ја со своите деца од мали нозе тајната на животот, за да не растат со менталитетот дека некој ќе им даде се што им треба во животот.

Запомните! “Кравите не даваат млеко, за тоа мора да се работи.”- објасни Дац.

Дац во својата најнова објава на Фејсбук објави слика од кога бил мало дете. Во коментарите се ,,редеше” многу љубов, а помеѓу нив се огласи и семејна пријателка на Дац која го знае уште од дете и го опиша со овие зборови:

-Нашата прва радост. Мазата на цело семејство. Натпревар меѓу бабите, тетките кој повеќе ќе ти удоволи на желбите! Од првиот внук добивм и прва рожба Јаков!!!

Previous articleГи загуби двата брата, а за малку и синот- тажната приказна на легендарната пејачка на народна музика
Next articleТамара ја истакна тетоважата со деловите на химната која ја стави пред две години, и раскажа каква посебна ноќ имала (ФОТО)