Home Live Дејан Камчев: Им помагам на Македонци кои доаѓаат во Швајцарија, но кога...

Дејан Камчев: Им помагам на Македонци кои доаѓаат во Швајцарија, но кога ќе почнат да заработуваат 25 франка на саат, ме бришат од пријатели

Сите ние, помалку или повеќе сме биле разочарани и изневерени од најблиските, роднини и пријатели, луѓе за кои не сме верувале дека би можеле да направат нешто против нас.

Но за жал, реалноста е таа. Токму на оваа тема, проговори администраторот и сопственик на најголемата група на Македонците во Швајцарија, која го носи името „Македонци во Швајцарија“.

Во оваа група, нашинците споделуваат најразлични проблеми, бараат или нудат работа, сместување, превоз до и од Македонија…

Но еве што има да каже админот, Дејан Камчев:

„Почитувани. Намерно понекогаш ќе дозволам некоја објава против групата за да видам како размислуваат нашите Македонци.

Не сме помагале, та не сме помагале, Албанците, Србите, Босанците…. Сите се подобри само ние не. А еве јас да прашам нешто?

Јас сум креатор и администратор на оваа група и заради оваа група си го доведов семејството на раб на егзистенција верувајќи во празни ветувања, ќе направиме ова, ќе направиме она …. И на крај ништо.

Јас имам Швајцарски пасош, немам работа бидејки моето време си го посветив на Вас, Македонската заедница!!!
Имав случаи на вреѓање, закани, псуење заради заштита на правдата и вистината.

Каде се сега сите тие на кои групата им помогнала, барем да ме подржат?

И јас мислам дека оваа група да беше Албанска или Српска и да се жртвував за нив на раце ќе ме носеа, а овде повеќето ми љубоморат на она што тие си го мислат, а не знаат која цена ја платив за ова. Па има и такви што ме мразат, а не ме ни познаваат и дури некои дрски одат до крајност со закани, навреди ….

Е мои Македонци, Ви благодарам и јас Вам. Без зборови сум колку сте фрустрирани.

Нека каже барем еден кој ми помогнал, а не сум му се реванширал или сум му останал должен. Тогаш ќе прифатам дека групата не помага.

Имам пораки од илјадници луѓе кои не ги познавам или никогаш не сме биле реални пријатели и во сите некој бара нешто од мене. На многу, многу од нив им излегов во пресрет.

Истите тие овде под 25 фр. на саат не губат ни минута, и после тоа ме бришат од пријатели, као треба да бидам дури и благодарен што сум помогнал!

Вие сте 45.000 јас сум еден. И се трудам максимално за оваа заедница, а мојата фамилија е во право дека залудно сум изгубил 10 години, кога гледаат како само плукате и секогаш кога ми треба барем морална поддршка, никогаш не сум ја добил.

Најдобро е кога секогаш другиот е крив, повелете плукајте и понатаму,

јас сум овде нема да се тргнам. Ви Благодарам.“

Previous articleМожев да купам автомобил од бакшишот, а сега никој веќе не ми го дава- згодната српска пејачка се пожали дека не ја сакаат
Next articleЕмина Јаховиќ проговори за проблемите со Мустафа, колку бил љубоморен и ѝ забранувал