Home Live Емина Јаховиќ проговори за проблемите со Мустафа, колку бил љубоморен и ѝ...

Емина Јаховиќ проговори за проблемите со Мустафа, колку бил љубоморен и ѝ забранувал

Поп-ѕвездата Емина Јаховиќ, по потекло од Нови Пазар, своето време, труд, работа и посветеност го вложила во синовите, а по разводот со Мустафа, во кариерата, која тргнала да се искачува само нагоре кога лансирала бренд за убавина.

Таа живее на релација Белград-Турција, а станот во кој живее со Јаман и Јавуз и нејзиното преслатко милениче го преуреди по нејзин вкус за на сите да им биде удобно и комотно.

Изминатиот период и’ беше тежок на Емина – поради разводот од сопругот, кој повторно застана на лудиот камен, непочитуваната алиментација…

За да се одмори од се’, Емина уживаше во необичното друштво претходните денови. Таа остана во природа во друштво на срни и други питоми животни.

Сликата ја објави на Инстаграм, а многу следбеници коментираа дека никогаш не изгледала подобро. Таа целосно се препушти на уживање далеку од градската гужва, која, ќе се согласите, е многу потребна за секого.

Пејачката Емина Јаховиќ по разводот со Мустафа Сандал си најде нов дом во Истанбул. Емина таму живее со своите наследници, а домот го уредила по свој вкус.

Домот на Емина Јаховиќ и нејзините синови се наоѓа во населбата каде што тие првично живееле, за децата што почесто да го гледаат својот татко.

Емина често на социјалните мрежи објавува фотографии од својот дом, а судејќи по нив може да се заклучи дека нејзиниот нов стан е уреден во минималистички и модернистички стил.

Доминираат крем тонови и бели бои кои го прават целиот простор да изгледа елегантно, а исто така е многу простран и полн со светлина.

Иако пејачката претходно живеела со сега веќе бившиот сопруг Мустафа Сандал во вила вредна преку 700.000 евра, не и’ пречело да се пресели во помал простор, туку избрала да го искористи тоа максимално.

Огледала со златна рамка, мермерни ѕидови, застаклена градина – ова се само дел од многуте внимателно уредени катчиња во домот на Емина Јаховиќ.

Сепак, најубавото катче секако е терасата со поглед на Босфорот.

Јелена Ѓоковиќ, Емина Јаховиќ, Јелена бин Драи, Аника Божовиќ и другите богаташи Србинки кои живеат во странство си ги уредиле становите на начин што цел свет им завидува.

Недалеку од куќата во која живееше со Сандал, Емина има нов дом во кој живее со синовите Јаман и Јавуз. Долго и детално планирала и размислувала како ќе изгледа новата куќа, а потоа со конечниот резултат се пофалила на социјалните мрежи.

Со ноти на минимализам, во новиот стан на Емина преовладуваат неутрални бои – беж, сива, крем, светло розова, како и црни и златни детали, а сè зрачи со префинетост и луксуз.

Елегантниот простор е многу осветлен благодарение на големите прозорци од подот до таванот.

Ефективните рамки за огледала, мермерот и софистицираните детали го прават домот на Емина како место што го гледаме во светските списанија. Посебен шарм на се’, дава терасата со поглед на Босфор.

За потсетување, Емина Јаховиќ неодамна за магазинот „Стори“ проговори за бракот со Мустафа и за несогласувањата што ги имаат, а не ги решиле.

Покрај тоа, таа истакна дека ужива во сето она што и го носи животот, вклучувајќи го и растењето на нејзините синови.

– Не е лесно да се биде дете на разведени родители, тоа е судбината на моите синови, но јас ги воспитувам така што тие учат од тие понепријатни фази во животот.

На крајот, колку и да е сурово, само ќе ги направи посилни. Тоа ќе им даде идеја за одлуките во животот пред да ги донесат. Јас сум со нив, и додека сум тука, секогаш ќе бидам нивен најголем поддржувач и учител, давајќи им љубов која понекогаш не можам ни да ја замислам.

Само сакам моите деца да пораснат во добри, искрени, ментално здрави луѓе, со многу емпатија кон другите и храброст во животот. Ја познавам слободата и морам да признаам дека нема цена.

Долго време мислев дека во врските љубомората и забраните се доказ за љубов. Сега разбирам дека вистински може да те сака само некој кој ќе ти дозволи да леташ слободно, да се издигнуваш и да уживаш гледајќите во сета своја слава, а ти секогаш му се враќаш уште позаљубен и во едно парче.

Previous articleДејан Камчев: Им помагам на Македонци кои доаѓаат во Швајцарија, но кога ќе почнат да заработуваат 25 франка на саат, ме бришат од пријатели
Next articleСосема го смени имиџот, Лидија Вукиќевиќ изненади, ама и прозборе што си купила од хонорарот на „Бољи живот“