Home Live Им фалат уште Благица и Росана да бидат комплет „Четирите грации“- Алачки...

Им фалат уште Благица и Росана да бидат комплет „Четирите грации“- Алачки ослабе се дотера, на дружба со Бади Бекир

– Најдобрите вкусови на една земја потекнуваат и доаѓаат од нејзината почва, од производите што таа ги дава. Оттука, оригиналните и автентични локални јадења секогаш се највпечатливи.

Не може во Македонија да барате школки и кавијар“, рече во едно интервју за strumicanet.com Адријана Алачк, нашата позната фолк пејачка и познат гастроносмки експерт која ја води емисијата „Вкусот на традицијата“.

-Се знае што можете да добиете кај нас и сите тоа и го сакаат.

Највлијателните интернационални гастрономски судии тоа го знаат и го почитуваат. Ја почитуваат едноставноста на нашата национална кујна, богатите вкусови, свежината на производите…

Сите тие добро знаат што можат да добијат во Македонија и тоа и го бараат да го јадат со сласт. Го обожаваат нашиот пинџур, макало, гравче…“, изјави Адријана. Потоа, таа раскажа за гастрономското здружение чиј претседател е таа.

– ГастроМак е национална асоцијација на готвачи и шефови на кујни од Македонија. Асоцијацијата е oснована во мај 2016 година, од група врвни професионалци во гастрономијата, туризмот и во менаџментот во угостителството, како и студенти и средношколци.

Но, и аматери ентузијасти од сите сфери кои што имаат допирна точка со кулинарството. Како единствена и ексклузивна национална асоцијација што формално ја претставува Македонија во интернационални рамки.

ГастроМак е дел од огромното семејство на WACS – World Association of Chefs Societies (Светската организација на шефови на кујни), асоцијација која што ги обединува националните кулинарски здруженија од над 150 држави во светот.

Ние сме горди што сме дел од WACS, следејќи ги светските гастрономски достигнувања презентирајќи ја македонската гастрономска традиција и умешност и активно учествувајќи во креирањето на уште едно Залче од светските вкусови.

ГастроМак е членка на Советот на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот на Република Македонија и од самите почетоци посветено учествува во активностите на Агенцијата во презентацијатата на македонската традиционална и модерна кујна на многу манифестации, од нaтпреварувачки и до ревијален карактер, организирани во нашата држава и во меѓународни рамки.

Во еден период, имаше група составена од четири наши фолк пејачки и таа се викаше „Четирите грации“. Во неа, членови беа Бади Бекир, Адријана Алачки, Росана Сариќ- Тодоровска и Благица Павловска.

Сега, пак се споија две од четирите грации, и тоа Алачки со БАди Бекир. Сликани се на свадба заедно, а според другите слики кои Алачки ги има шернато, станува збор за свадбата на Оле Здравковска, сестрата на пејачот Огнен Здравковки, ќерката на Софче Џирлева, која му е сестра на упооениот музичар Зоран Џорлев.

Ептен се дотерала Адријана Алачки за оваа свадба, и покажала колку изгледа топ, и среќна во друштво со својата пријателка Бади Бекир, која исто така изгледа одлично.

Инаку, Бади Бекир е македонска пејачка на народна музика. Таа живее и работи во Скопје. Таа е нарекувана е македонската Весна Змијанац. Првите чекори на сцената ги прави во детските денови како член на играорна група изучувајќи го во исто време и македонскиот и турскиот фолклор.

Како дебитант на музичката сцена се појавува во 1985 година на фестивал на забавни мелодии. Паралелно пее на турски, албански и македонски јазик. Најплоден период на нејзината кариера е за време на големите југословенски турнеи.

По распадот на Југославија и се посветува на македонската фолк песна. Следат настапи на македонските фестивали, соработка со бројни автори и турнеја во австралија во 2002 година. Во 2004 година станува една од Грациите. Во 2006 година прославува 20 години постоење на естрадата.

На двете грации,им фалеле уште две па да бидат комплет друштво, а инаку овие честоро пејачки сега слабо можат да се видат заедно во последно време.

Previous articleЛамбе не настапи со „Меморија“ во Скопје, но пееше во Битола и му направи чест на овој наш упокоен музичар
Next articleОваа позната српска актерка ѝ е двојничка на Шенка Колозова, ја мешале со неа кога била помлада, дури се и родени во иста година (ФОТО)