Home Live Оваа позната српска актерка ѝ е двојничка на Шенка Колозова, ја мешале...

Оваа позната српска актерка ѝ е двојничка на Шенка Колозова, ја мешале со неа кога била помлада, дури се и родени во иста година (ФОТО)

Кога ќе го слушнеме презимето Колозови веднаш се враќаме назад низ времето на Македонските народни приказни. Без царот не се истите приказни, ама Шенка Колозова продолжува понатаму.

Знаевте ли дека сценаријата до ден денешен ги пишува Шенка? За тоа и многу повеќе, објави Црво бело во една прилика, разговарјќи со Шенка Колозова.

-Јас почнав многу млада да работам, од 18 години. Тогаш примаа во театрите и без високо образование. Тоа беше во штипскиот театар, па потоа во кумановскиот театар и подоцна дојдов во Скопје.

Вие ме знаете од Македонските народни приказни, ама кариерата ми почна многу пред тоа. Пред нив имам снимано ТВ драми, ТВ серии, ама тоа пак ќе кажам оддамна беше и сега не ги пуштаат за да можеме да ги видиме.

Добрево ми е место во кое сум родена, детството сум го поминала таму. Добрево всушност се рудници Злетово. За тоа место ме врзува само моето детство.

Тоа е село кое беше и рударска колонија. Секако ме врзува и првата младост, пубертетот, имавме убаво друштво, во основно училиште патувавме секој ден до Пробиштип“.

Потоа, Колозова се навратила на почетокот на Македонските народни приказни и рекла: „Тоа беше почетокот и ајде да не претерам ама тоа беше случајност бидејќи и ден денес гледаме што прават браќата Срби.

Тогаш имаше како сликовници со цртежи и еден што раскажува. Уредникот му го предложува тоа на Ѓорги мој и кој друг ако не Колозов, само на него тоа му текнува и вели: Ајде за истите пари да се собереме неколку и да ги глумиме. Првите 10 беа студиски и така почна целата приказна.

Од студио подоцна излеговме надвор, многу патувавме низ цела Македонија и патувајќи сфативме колку се гледани и сакани приказните.

Токму поради тоа продолживме. Бевме подготвени и на најмали хонорари да одиме, зошто ние бевме свесни колку ги сака публиката.

Вашите генерации, па и возрасните и ден денес кога ќе ме сретнат велат без Колозов приказните не се тоа што беа. Меѓутоа, ние сè уште играме претстави, сè уште патуваме и за новите генерации и малите дечиња ги сакаат приказните.

И овие приказни ги сака публиката, а не е ни чудо што оние што израснаа со Колозов ќе им недостасува токму Колозов, тој имаше нешто што другите го немаат“, рекла Шенка, а потоа ја прашале: Што е тоа што Ве натера да пишувате сценарија?

-Колозов, хаха. Тој на глава ми се качуваше, пишувај, пишувај и пишувај. И ден денес ги пишувам и сите во кои јас настапувам се мои. Има некои 15-16 кои ги напиша Лазе Коларовски, подоцна почнав јас да ги подобрувам веќе напишаните“, изјавила таа.

Без разлика кого го пишува како сценарист, јас сум ги пишувала. Ама, ако не беше така, немаше да постојат. Со ова не го обвинувам човекот, јас сум ги пишувала, а неговото име стои, јас сум се сложила на тоа, ама па и мило ми е да си кажам дека јас сум ги пишувала“, изјавила Шенка.

-Јас размислувам поинаку. На тој што е жив, ништо не му недостасува, на тој што го нема – му недостасува сè, му недостасуваат живите, му недостасуваат децата, внуците, радостите на животот.

Мене ми е драго што тој и недостасува на Македонија. Не се случило да излезам негде, а да не ме запрат непознати луѓе и да не го спомнат Ѓорѓи. И секој муабет завршува со зборовите „како него – нема друг“.

Ќерките ми кажуваат дека некаде на социјалните мрежи, кога беше промовиран Мостот на уметниците пред Археолошкиот музеј имало прашање зошто меѓу поставените споменици нема и споменик на Колозов. Во коментарите некој запишал: Нему не му треба споменик, Колозов е жив“, кажала таа за Женски магазин.

Инаку, Шенка Колозова има голема сличност со српската актерка Светлана Бојковиќ. Женски магазин во една прилика објави дека си личат како сестри, и а и неколку други медиуми.

-Не сме сестри, од каде тој муабет? Но, да, и други мислат дека личиме една на друга. Има и некои други чудни сличности, и таа има ќерка Катерина, и мојата ќерка се вика Катерина и дури се и родени на ист ден, но тука завршува секоја сличност.

Често се случувало да ми речат – еј те гледавме вчера на ТВ во „Бољи живот“ (тв-серија од 1989, з.н.) или последниве години – еј те видовме во „Зоне“ („Зона Замфирова“ филм од 2002). Нејзе сигурно тоа не и се случило.

Мене никој не би ме препознал во Белград, зашто македонските продукции не си го наоѓаа толку лесно патот на тамошните програми. Размената беше еднонасочна“, рекла Шенка Колозова.

Инаку, Светлана Бојловиќе е родена на 14 декември во 1947 година и ќе наполни 75 години, а Шенка во истата година. Таа на први февруари наполнила 75 години.

Previous articleИм фалат уште Благица и Росана да бидат комплет „Четирите грации“- Алачки ослабе се дотера, на дружба со Бади Бекир
Next articleБени Шаќири искрено раскажа како ја ќарил Лиса- благодарен сум му на Бога што отидов таму и ја видов