Home Live Саша Поповиќ: Со Брена ставивме 2 коцки шеќер под перница и утредента...

Саша Поповиќ: Со Брена ставивме 2 коцки шеќер под перница и утредента ми кажаа дека нема да ми се роди детето

Сузана и Саша ја крунисаа својата љубов со брак во 1998 година, а неколку дена пред бомбардирањето во 1999 година, таа роди ќерка Александра, додека нејзиниот син Даниел веќе живееше со нив во куќата на Бежанијска коса.

Во тие години, таа одлучи да направи пауза од својата пејачка кариера и да му се посвети на семејството, бидејќи не сакаше нејзините деца да ги одгледуваат дадилки.

Се обидуваше секоја година да издава неколку песни за да и ги претстави на публиката, а оттогаш издаде неколку албуми и голем број синглови.

Таа повеќе не сакаше да настапува, се обиде да се појави во медиумите кога имаше причина за тоа и повторно паузираше.

По 11-годишна музичка пауза, дојде вистинската причина за ново појавување. Имено, Сузана објави нов албум што го промовираше на една гала прослава, а најголема поддршка ѝ беше семејството.

-Сале е опуштен и задоволен маж во куќата, пред се’ е задоволен од себе и семејството и од она што го создал зад себе… Навистина има со што да се гордееме, изјави во една прилика Сузана.

Нивниот син Даниел, кој пејачката го има од првиот брак, неодамна се ожени и направи гала венчавка, а ќерката Александра често е во медиумите поради скромниот начин на живот, иако е дете на богати родители.

Саша Поповиќ ужива во пензионерските денови, а своето внимание го посвети на кариерата на сопругата Сузана Јовановиќ која минатата година објави албум.

Поранешниот директор и сопственик на „Гранд“ се пошегува дека проектот на сопругата го финансирал од пензијата.

„Тоа се многу пари, но јас сум пензионер и морав да го финансирам новиот албум на Сузанa од мојата пензија“, се пошегува тој, а потоа сериозно додаде:

„Мојата месечна пензија е 700 евра, а проектот на жена ми чинеше 140 пензии,“ рече тој.

Саша за „Адрија Медиа ТВ“ откри и дека не гледа кој би можел да го наследи, а се осврна и на средбата со легендарната Баба Ванѓа, за која јавноста досега не знаеше.

„Кога бевме на концерт во Бугарија, ни рекоа дека во 11 часот сме имале средба со Баба Ванѓа. Јас и Брена отидовме и земавме по две коцки шеќер.

Ги завиткавме во салфетка и ги ставивме под перница, ноќта пред вистинската посета на Ванѓа. Следниот ден со тоа отидовме кај неа.

Не предупредија да не ѝ даваме пари или други материјални работи бидејќи сето тоа го добила од државата и автомобилот и куќата и обезбедувањето.

Цариникот не’ провери сите, поминавме еден километар, имаше шатори, а во нив луѓе на кои има 15 дена до закажаниот термин, тоа се илјадници луѓе. Тито четири пати ја посетил Ванѓа, таа му кажала што да прави. Ванѓа зборуваше разумно српски“, се присетува Поповиќ.

„Дојдовме јас и Брена, таа не пречека, јас сакав да бидам прв. Таа ми вели да ги извадам очилата и да запамтам добро се’ што ќе ми каже.

– И брзо почна да зборува: „Имаш 37 години, татко ти се упокои во сообраќајна несреќа, мајка ти остана сама, престана да ја пали свеќата за слава, предупреди ја.“

Па ми кажа дека црвениот автомобил е супер за мене го купив во Виена и ми вели да ги чувам документите што ги направив во Виена. Таа вели дека групата каде што работиш сега нема да постои за една година, ќе се распуштиш.

А потоа, во август 1991 година, ќе имаме како дури 120.000 гледачи на концертот. И тогаш таа ми вели дека ќе пеам, а јас се насмеав. А јас бев единствениот од групата што не пееше.

Тогаш ми кажа дека на 48 години јас ќе бидам врвот на српската естрада, јас и Брена се погледнавме зачудено. А потоа ја прашав: „Кажи ми кога ќе се жена,?“ Ми вели дека нема да се женам во следните 6 години.

А девојка ми тогаш беше бремена 4 месеци на што Ванѓа ми кажува дека од неа нема ништо, дека детето нема да се роди, и дека ќе раскинеме на 5 јануари.

И се’ беше така. И на крајот ми вели дека ќе се упокојам на 86 години oд природна с м рт“, откри Саша Поповиќ.

Previous articleСе има, се може- погледнете на каква луксузна дестинација летува Даниел Кајмакоски, објави опуштена слика од плажа (ФОТО)
Next articleНе е веќе директорка во театар „Комедија“, но Нора Шаќири ова го објави за поранешните колеги, и ја упати следнава порака