Home Live Се има, се може- погледнете на каква луксузна дестинација летува Даниел Кајмакоски,...

Се има, се може- погледнете на каква луксузна дестинација летува Даниел Кајмакоски, објави опуштена слика од плажа (ФОТО)

По бурниот период по разводот со Кристина Димитриевска, пејачот Даниел Кајмакоски изгледа дека се враќа во нормала, па во една прилика објави стори со слика од студио на кое стои: Да паднеш надолу е несреќа, да останеш долу е избор.

Кајмакоски тогаш беше во Скопје, а инаку живее и работи во Србија и објави порака на стори на Инстаграм: Ова е нов ден, ова е нов живот за мене, и се чувствувам добро! ти благодарам Господе!

Тоа е всушност цитат од песната „Feeling Good“ од Мајкл Бубле. Даниел во тој период објави слика како ужива на вечера со една од најубавите жени кај нас, а тоа е Миланка Рашиќ.

Даниел и Миланка се добри пријатели и сорработуваат, а тој со оваа слика ѝ посака среќен роденден и напиша: Не барајте вино, испиено е. Среќен роденден! Но, Даниел објави и пост во кој вели дека Миланка го спасила од многу нешта:

Моја драга пријателка и ПР која ми го спаси животот многу пати .. Многу ѝ благодарам за сè што направи за мене ..

Кајмакоски долги години живееше во Виена, но реши да се врати на Балканот откако се пријави на шоутп Икс фактор во 2013 година на кое победи во Белград.

Даниел уште за време на натпреварот кажа дека ен се срами од физичката работа која ја работел во Австрија. За оваа епизода од својот живот, тој зборуваше во едно интервју за www.bidizelen.org.

– По многу неуспеси во музиката почувствував потреба да се занимавам со нешто комплетно различно од музиката, па така и избрав нешто многу поразлично, како што е градежништвото.

Имав потреба од физичка работа која не е поврзана со уметноста затоа што чувствував дека стагнирам. Имав потреба да го ослободам мојот дух и душа од внатрешен притисок и тоа многу добро ми успеа.

Секојдневно бев опкружен со луѓе кои трудољубиво и дисциплинирано ја работеа својата работа и тоа и мене ме мотивираше да учам. Заборавив на сè што ме мачело сите претходни години и го најдов својот мир и својата спокојност токму во таа професија.

После тоа, на сосема поинаков начин можев да ѝ се посветам не само на музиката, туку и на животот и начинот на кој го гледам животот и на кој се гледам себеси.

Искуството во градежништвото дефинитивно ми беше многу драгоцено и придонесе за успехот што следуваше понатаму.

Секогаш на прво место ми било пеењето, но во фази кога тоа не ми одело како што треба, не сум седел дома да чекам на подобри денови, не сум бил пасивен.

Секогаш ми било важно нешто да правам и поради тоа многу често сум имал чувство како да живеам два животи – навечер настапував во некој клуб во Виена или на некој од големите “Open Air” фестивали, а наутро веќе станував рано за на работа.

Никогаш не сум се срамел од тоа што го работам. Иако себеси сум се гледал како уметник, никогаш не ми било срам или проблем да фатам алат в раце.

Доаѓам од скромно семејство, моите родители цел живот работат за да ни обезбедат пристоен живот, па ако можеле тие зошто да не можам и јас?

Сум поминал секакви професии и работни места; бев продавач, агент во центар за повици, дури во сервисниот центар на Ерсте Банката во Австрија работев како оператор, но сè тоа беа убави искуства“, изјави Даниел во интервјуто.

-Во моето срце отсекогаш сум се занимавал со пеење и музика. Од секогаш сум ја чувствувал таа љубов и потреба да запеам, па можеби и затоа никогаш не сум имал план “б” во животот.

Но, во животот не секогаш сè оди по план – секогаш има позитивни и негативни изненадувања, а негативните се секогаш одлична прилика да научиме нешто и да се вратиме на вистинскиот пат.“, рече во една прилика Даниел Кајмакоски, првиот победник на шоуто Икс Фактор.

Кајмакоски објави опуштена слика од плажа на која покажа дека за летување избрал мнногу егзотична дестинација.

Не раскажа каде е, и со кого е, ама тиркизната вода, белиот песок на плажата открија дека Кајмакоски си се почестил со одмор кој вреди и чини. „Кој рече дека летото заврши“, напиша тој до сликатра.

Previous articleТамара ја истакна тетоважата со деловите на химната која ја стави пред две години, и раскажа каква посебна ноќ имала (ФОТО)
Next articleСаша Поповиќ: Со Брена ставивме 2 коцки шеќер под перница и утредента ми кажаа дека нема да ми се роди детето