Home Live Тамара ја истакна тетоважата со деловите на химната која ја стави пред...

Тамара ја истакна тетоважата со деловите на химната која ја стави пред две години, и раскажа каква посебна ноќ имала (ФОТО)

Тамара Тодевдска е родена е на ист ден со Мерилин Монро, педесет и девет години по неа. Поп-ѕвездата на 1 јуни напполни 37 години и е во својот најубав животен период.

Таа и нејзиниот сопруг, поранешниот кошаркар и спортски директор на „Работнички„ и на „Фени“ Александар Димитровски- Мачка имаат две деца, Хана и Дарен, објави Женски магазин во една прилика.

-Јас сум уметник и особено во овој креативен дел вистински се обидувам да спознаам други светови и приказни. Задоволството кое го чуствувам, навистина ми дава можност да пеам за работи кои се исто така уметнички емотивен предизвик но се туѓо искуство, кое инспирира.

Во минатото не можев лесно да ги пеам песните кои не беа инспирирани од моите емотивни состојби. Денес тоа е поинаку, бидејќи чувствувам потреба да си дадам одговори за некои теми кои навистина не се дел од моето секојдневие.

За мене овој креативен исчекор е предизвикот кој ја освежува мојата работа со колегите продуценти и текстописци. Инаку и да немам песна посветено на Мачка, на него мислам секогаш кога пеам.

Во моментов мислам дека мора секој да избега од конфорот и вистински да почне да истражува што го возбудува како музика. Не поднесувам хитови кои се буквално пресликани од некој светски хит.

На ова поднебје, каде што музичките култури се среќаваат, и ние кои важиме за музикална нација, мораме да креираме вистински нешта кои ке ја допрат душата на нашата публика.

Кога наместо желба за инстант хит, ќе се потрудиме сите да имаме повеќе уметност и сериозен процес на творење во студио, ќе имаме и сцена на која ќе блескаат квалитетни уметници. Публиката таквите ги препознава и им се предава. Така некако мислам дека се гради кариера и се создава сцена за почит“, изјави таа.

Во едно интервју за НМД, Таа порача: За да се чувствуваш убаво однадвор треба да си среќен одвнатре, со себе! Задоволен со она што го поседуваш, и секако да ги искористиш и надоградуваш сите свои квалитети. Прочитајте ја “Моќта на потсвеста“ и ќе знаете за што зборувам.

Не би се откажала ама баш од ништо, па и самите знаете дека нашите дедовци, баби, имале не по едно туку по 5, 6 деца, па ете некако на крајот ги истерувале на прав пат!

За да создадеш фамилија е голема жртва, се откажувате од се, но на крајот вреди!

опуларноста има и позитивни и негативни страни, убаво е да си во постојан контакт со своите фанови, да се фотографираш, почесто да патуваш… 

Негативните се, па… Можеби ете недоволното спиење поради честите настапи“, изјавила таа и додала:

-Со оглед на тоа колку време работам, јас навистина немам време да се посветам во кујната. Но сакам, гурман сум и знам да подготвам нешто. 

Претежно месо со зеленчук, некоја паста со интересен сос, сакам да експериментирам, но не и да претерам“.

За Фешнел, таа раскажа која е најдобрата лекција што до сега ја научила од шоу-бизнисот…

-Не препуштај ништо во туѓи раце! Имено, имам огромна почит кон сите соработници, автори и продуценти со кои сум работела, па дури и сега кога сум дел од Горила продукција, сфатив дека најголем дел од товарот сепак морам да го земам во свои раце.

Од мене се очекува врвна вокална интерпретација, воедно и песна која ќе се памети и поради тоа морам да имам целосна контрола на работите.

Стандардите кои сама си ги поставив се многу високи и ако треба да се огледам во континуитетот на македонската поп музика, го сакам она по што ги паметиме легендарните македонски поп пејачки со незаборавни гласови“, рекла Тамара.

Тамара настапила во скпопски ноќен клуб, поточно во клуб Интермецо, и раскажа колку посебнна ноќ имала таму. На сликите ги ги објави, нашата пејачка ја покажа својата тетоважа, тоест стиховите „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“.

Во естрадниот магазин „Бекстејџ“ таа вети, а потоа го исполни ветувањето. Македонската пејачка која од 2019 година се соочуваше со лошите коментари поради изоставувањето на зборовите од македонската химна, потоа реши да стави крај на тоа.

Имено, таа ги истетовира имињата на Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански, со цел да надокнади на пропустот во Американската мабасада и засекогаш да има белег на себе за овој лапсус.

Тамара покажувајќи го уникатниот стајлинг на нејзиниот настап, на Инстаграм ја упати следнава порака: Скопје, во саботата беше посебно. Фала ви на сите за уште една незаборавна вечер, за љубовта и убавата енергија.

Искрено посакувам атмосферата од саботата да биде секојдневие во нашето Скопје. Затоа што на овој град му фали повеќе љубов, забава и позитивни вибрации“, стои во описот на оваа објава.

Previous articleБлиска личност на Дац, раскажа каков бил како мал (ФОТО)
Next articleСе има, се може- погледнете на каква луксузна дестинација летува Даниел Кајмакоски, објави опуштена слика од плажа (ФОТО)