Home Live Ми треба шпорет, ми треба машина за перење, правосмукалка – белграѓани кажаа...

Ми треба шпорет, ми треба машина за перење, правосмукалка – белграѓани кажаа како ќе штедат струја

Со цел полесно да се справиме со периодот кој не очекува за да имаме непречено снабдување со електрична енергија и нејзино ефикасно искористување, и крајна цел пониски сметки за струја, Министерството за економија подготви план и препораки ‘Заштеда на струја за безбедна зима’, рече министерот Бектеши.

Препораките, укажувањата и задолженијата се поделени во повеќе категории во зависност од тоа дали се работи за домаќинства, компании или простории на јавни објекти во сопственост на државата.

Цената на струјата за домаќинствата и малите корисници од 1 септември поскапе за 6,5 отсто.

Годинава ова е второ поскапување. Регулаторна воведе и нови модели на пресметка на крајната цена, по принципот кој повеќе троши – ќе плаќа по повисоки тарифи.

Надлежните уверуваат дека над 99 отсто од граѓаните ќе имаат минимално зголемување на сметките, а најголемите трошаџии ќе добијат повеќе од двојно повисоки сметки.

Како што објаснија од Регулаторната комисија, концептот е вкупните приходи од продажбата на струјата на корисниците на регулираниот пазар да ги покријат трошоците и инвестициите на енергетските компании,

но различни корисници да плаќат различно, согласно тоа колку трошат, односно да не се дозволи како до сега 17 отсто од домаќинствата да трошат 10 отсто од она што сите други го трошат, а да плаќаат субвенционирана цена од државата.

Според новиот ценовник, еден киловат-час потрошена струја во висока тарифа во блокот до 210 киловати ќе чини 4.3543 денари, во блокот од 211 до 630 киловати цената е 4.693 денари за киловат, од 631 до 1.050 е 5.278 денари, а над 1.050 денари има цена од 14.0764 денари, што е двојно повисока од онаа што досега ја плаќаа овие корисници.

Имено, за сите домаќинства има две тарифи: ниска и висока. Во високата тарифа, од 7 до 22 часот, цената е 7,32 денари за киловат-час, а во ниската тарифа која е секоја ноќ од 22 часот до 7 наутро, како и цел ден во недела, сега цената е 3,67 денари, а со новиот ценовник таа изнесува 0,6183 денари, и за неа не важат блок тарифи!

Бидејќи инфлацијата го зафати речиси целиот свет, корисно е ако слушнеме како се справуваат нашите северни соседи со неа, особено домаќинките кои најмногу се разбираат што и како им е во домот.

,,Пресметките на Агенцијата за енергетика во Србија покажуваат дека просечната цена за киловат-час сега е 8.144 динари.

Главното прашање во последните неколку дена е како да се именува и на кој начин да се заштеди што е можно повеќе.”

Во оваа прилика тимот на порталот Еспресо реши да провери дали граѓаните планираат и на кој начин да заштедат струја. Одговорите се поделени, додека едни веќе прават план како да заштедат што повеќе, други не ни размислуваат за штедење.

„Ќе заштедам пари со тоа што нема да вклучувам три печки, туку една или две, друго нема, ,.“, изјави белграѓанка за порталот Еспресо.

Фото: Принтскрин видео
Нема да штедам затоа што штедам цело време“, вели друг соговорник.

Една сограѓанка рече дека не се грижи толку за заштедата на струја и дека нема да го промени начинот на живот.

„Нема да внимавам да штедам струја, ќе биде исто како порано. Не ми е проблем ако мислите финансиски. Не се разбирам и навистина не знам колку е поскапувањето, но ние веќе одамна имаме некои ограничувања во нашата куќа и знаеме што, кога и како, на пример, вклучување бојлер, тоа е единствената ставка.

Фото: Принтскрин видео

Да потсетиме, Советот на Агенцијата за енергетика на крајот на јули ја изгласа одлуката за цената на струјата за гарантирано снабдување.

Инаку, сметката за електрична енергија се состои од неколку работи: пресметана моќност во киловати, трошок за гарантираниот снабдувач, надоместок за привилегирани производители на електрична енергија,

надоместок за подобрување на енергетската ефикасност, односно за избор на обновливи извори на енергија, акциза, ДДВ и задолжителен надоместок за јавноста.

Видеото може да го проследите на Еспресо.рс.

Previous articleВанковска: Опозицијата, веднаш кога ќе дојде на власт, може да го раскине договорот со Бугарија
Next articleМакедо пpeживyвал 11 дена на океан, се држел на фрижидер за храна, само сакал вода (ВИДЕО)