Home Live Ја паметите ли Александра Пилева- „Нема утеха“, се пресели во Америка и...

Ја паметите ли Александра Пилева- „Нема утеха“, се пресели во Америка и ја снема од сцената- еве како изгледа сега

Пејачката Александра Пилева беше дел од ѕвездите на продуцентската куќа „М2“, а нејзин најголем хит е „Нема утеха“, победничката песна на „Макфест“ во 2004 година. „Ангел мој“ и „Сонце и месечина“ се исто така нејзини познати песни.

Потоа, таа се омажи за ракометарот Зоран Чадиев и за и заминаа да живеат во Америка. Пред да заминат во САД, Пилева и Чадиев беа сопственици на кафе бар во Скопје.

Пред да замине од Македонија, непорседно пред да го роди синот Лука, таа даде интервју за Иди види и изјави:

-Во Македонија никој нема можност, како славните светски ѕвезди, да настапува секоја вечер во големи сали или на стадиони.

Дури и во светот, таквите се малку. Секое мое излегување пред публиката го доживувам како многу сериозна професионална обврска, без оглед каде настапувам и колку луѓе се дојдени да ме слушаат.

Јас сум за секаков начин на презентација. Пејачот мора да пее и тоа редовно, бидејќи пеењето го одржува во добра форма. Секако, тоа ја обезбедува и егзистенцијата. За жал, кај нас не може да се живее од продажба на албуми.

Идејата ми беше да внесам барем мала свежина во она што го знаеме и го нарекуваме рокенрол. Тоа повторно е рок музика, карактеристична за мене, но со поинаков саунд, со нови аранжмани.

Во основа сакав да направам некаков исчекор во однос на претходниот албум, а сепак да се знае дека е тоа Александра Пилева.

Целиот материјал е свирен и испеан во живо, што ми е многу важно. Блиску е денот кога ќе го промовирам цедето, па публиката ќе може да се увери каква ми беше замислата. Јас сметам дека е насловот соодветен и многу интересен“.

Потоа авторот на интервјуто Миодраг Мишолиќ ја прашал: Како е да се биде сопруга и рокерка во исто време?

-Зависи од тоа дали ја имаш најдено вистинската личност, која ќе те поддржува онака како што ти е потребно. Ако постои таков однос, тогаш е многу убаво да се биде сопруга и рокерка. Јас ја имав таа среќа, а љубовта е во голема мерка среќа.

Да ти се појави вистинскиот човек во животот и да го препознаеш тоа, да не ја пропуштиш шансата. Пред да го сретнам Зоран, бев во врска, но имав впечаток дека јас не можам да сакам, дека можеби не сум создадена за љубов.

Откако го запознав, сфатив дека во мене има многу потенцијал за сакање, меѓутоа ми требало некој да го поттикне. Можеби затоа денес мислам дека човек може да сака само еднаш и оти вистинската емоција не може да се потроши.

Јас стапив во брак поради љубов и затоа што го сакам човекот за кого се омажив. Таа ми е главниот мотив и ми ја дава најголемата сила. Секој ден од животот е убав, постојано учиме нешто ново, правиме нешто, решаваме некој проблем.

Се трудам да го најдам тој баланс што ќе ми овозможи да сум среќна и на двете полиња. Кога си професионалец се трудиш да ги одвоиш тие две нешта за да имаш доволно време и за работата и за себе“, изхавила таа.

Инаку, Александра Пилева пак ѝ се вратила на музиката и имала настап на Македонска конвенција во Чикаго. Таа на својот Фејсбук профил објавила слики и видеа како пее „Песна за Македонија“, и напишала дека поминала една фантастична вечер.

Судејќи по фотографиите на Инстаграм, Пилева и понатаму настапува и пее во Илиноис, САД со нејзин бенд.

– Минатата ноќ беше неверојатна, публиката беше одлична, сите ги пеевме моите песни! Многу благодарам на луѓето кои ми помогнаа во овој проект. Френк Томас за се да изгледа добро на сцената.

Игор Димовски што ги направи матриците и видеата за мене. Славиша Киброски, што помогна со траките, фала многу Славе.

Прекрасна Македонска Вечер! Благодарам до сите што ми помогнаа во овој проект, немавме време за подготовка, но се излезе супер на крај“, напиша Пилева.

Ако ги погледнете сликите на нејзиниот Фејсбук профил, таа се уште изгледа речиси исто. Пилева кија сега се презива Чадиев, воопшто не се сменила од времето кога ја пееше „Нема утеха“.

Изгледа топ, го задржала имиџот на рокерка и има одлична линија. Исто така, може да се забележи дека ужива во прошетките со своите син и сопруг и го користи секо слободен миг да го помине со нив.

Previous articleРосана искрено за упокоениот брат, за Маријана и Тоде Новачевски, и за тоа што направила во негова чест
Next articleСо години не се менува, еве што ја краси Зорица Црношија и што кажа искрено за својот Трендо