Home Live Македо пpeживyвал 11 дена на океан, се држел на фрижидер за храна,...

Македо пpeживyвал 11 дена на океан, се држел на фрижидер за храна, само сакал вода (ВИДЕО)

Рибарот Ромуалдо Македо Родригез (44) успеал да преживее 11 дена на отворено море качувајќи се на превртен замрзнувач.

Овој Бразилец пловел по брегот на Француска Гвајана со дрвен чамец, но во еден момент водата почнала да навлегува во чамецот и тој за кратко време потонал, пренесува „Мирор“.

Да биде ситуацијата уште полоша, Родригез не знаел да плива, но го спасил замрзнувачот (мало фрижидерче) што го имал на бродот, на кој поминал дури 11 дена без храна и вода.

После тоа, тој бил забележан од екипажот на друг брод кај брегот на Суринам, кој го извлекол од водата.

Во разговор со новинарите тој откри дека мислел дека ќе го напад нат ајкули, бидејќи на отворено море има „многу љубопитни риби“.

Ова не е единствената несреќа што го снашла кутриот рибар. Откако го пронашле и го вратиле на копното, Родригез завршил во зат вор уште 16 дена, пренесува Сан.

Потсетувајќи се на спасувањето, Бразилецот рече дека слушнал бучава кога се појавил брод над замрзнувачот.

– Мислеа дека нема никој. Потоа полека се приближуваа. Видот ми се замати, а потоа реков: „Боже, бродот“. Ги кренав рацете и повикав помош“.

Рибарот кој не знаел да плива, денот кога бил спасен го опишал како најважен во неговиот живот.

– Повторно се родив. Овој фрижидер ми беше божји дар. Чудо – изјави Родригез кога конечно стигнал дома.

Тој смета дека изгубил околу пет килограми за 11 дена додека се борел со екстремната жед.

Тој рече дека мислел дека ќе го изедат ајкулите, но она што најмногу го мачело е жедта.

Бил дехидриран, дезориентиран и облечен во искината облека. Доживеал сончев удар и ги молел спасувачите да му дадат вода.

Рибарите кои го пронашле во близина на брегот на Суринам, на 450 километри од местото каде што потонал неговиот брод, биле шокирани кога почнале да го снимаат човекот како плови сред Атлантикот.

Откако бил извлечен, Ромуалдо паднал на подот на рибарскиот брод.

Но, фасцинантната приказна на рибарот не завршила тука, бидејќи по спасувањето тој поминал 16 дена во зат вор.

Имено, кога рибарскиот брод стигнал до брегот, на Ромуалдо му била укажана прва помош, а потоа бил уап сен од полицијата бидејќи немал документи во Суринам. Тој потоа бил задржан во Парамарибо дополнителни две недели.

– Беше многу слаб, исцрпен, но многу добро расположен. Раните што ги имаше на телото, а кои беа настанати од сонцето, веќе беа многу подобри.

Вели дека имал проблеми со видот поради прекумерна топлина, сол и светлина, но бил многу подобар и во добра здравствена состојба – изјавил полицаецот Луис Карлос Порто.

Спасувачкиот брод го снимил Родригез Македон кога го спасиле од водата, видеото може да го погледнете ОВДЕ.

Previous articleМи треба шпорет, ми треба машина за перење, правосмукалка – белграѓани кажаа како ќе штедат струја
Next articleДо тука ми дојде: Ja избркав мајка ми од сопствената свадба, ми рече дека сум сноб