Home Live Познатата новинарка му се обрати на премиерот: Таче, дома никој не троши...

Познатата новинарка му се обрати на премиерот: Таче, дома никој не троши повеќе од она што му е неопходно, манџа да направи и да се избања

Македонија од пред неколку дена е во кризна состојба во енергетиката.

Владата планира до крајот на грејната сезона да заштеди 19,5 милиони киловат часови или 15 отсто заштеда на месечните трошоци на електрична енергија на ниво на целата држава.

Со мерките кои владата ги донесе за државните и јавните институции, од денеска треба да се исклучи декоративното осветлување на фасадите, а светлата и компјутерите да се исклучуваат по завршување на работата.

Уредите за ладење се поставуваат не пониско од 27 степени, а за греење, не повеќе од 20 степени. Согласно мерките, осветлувањето на јавните патишта ќе треба да се намали до минималниот сигурносен обем“, напиша ТВ 24.

Пред три недели, Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски денеска на прес-конференција информираа за сет на препораки мерки и задолженија за заштеда на електрична и топлинска енергија кои што на денешната седница ги усвои Владата на предлог на Министерството за економија.

Беа презентирани и податоците за состојбата за производство на електрична енергија во државата.

Мерките се носат со цел да се намали потрошувачката на електрична енергија и кај државните и јавни институции, како и кај домаќинствата и компаниите со цел –„Заштеда на струја за безбедна зима“.

„Како што и претходно напоменав и веќе алармиравме, прогнозите се дека ќе ја преживееме една од најтешките зими на енергетски план, не само нашата земја, туку сите земји во регионот и во Европа.

Со цел полесно да се справиме со периодот кој не очекува за да имаме непречено снабдување со електрична енергија и нејзино ефикасно искористување, и крајна цел пониски сметки за струја, Министерството за економија подготви план и препораки „Заштеда на струја за безбедна зима“, кажа министерот Бектеши.

Новинарката Валентина Георгиевска- Парго, на Фејсбук му се обрати на премиерот Димитар Ковачевски, во врска со мерките за штедење кои ги предлага Владата. а, во едне свој претходен статус, таа напиша:

-Под итно да ми ја вратите Југославија. Во неа сум родена, ова не е моја земја..

Овде ни се закануваат дека нема да ни дадат леб и струја, таму ни даваа кредити да си купиш стан и кола. односно, станот не го наплаќаат државата го подаруваше со алал

Се на своите граѓани, не со крад ено, мамено. Под итно!!?“.

-Го гледам саемот во Белград и искрено ми дојде една идеја, јас да одлучувам на пример одма ќе му дадам да не земи под свое целосно, Вучиќ или Рама. Вучиќ можда подобро, бар жито ќе имаме, храна, месо. ..

Ете пробавме се, на полошо оди, хорор, немаме ни човек, немаме на што да се надеваме, така мислам некој минимален ред ќе се стави. Вака џабе е, ќе уги неме тивко и во маки“, стои во статусот на Валентина.

– Додека комшијата а од мене и признат премиер Вучиќ не теши дека ако снема храна ќе ни даде, Таче веќе неколку месеци самооо се фали-зимава ќе била тешка, ќе немало пари, храна и струја, и д а штедиме …

1.Тале. Од кај ти идеја дека нема да имате храна кога ниту поп лава фати ниту потоп ниту суша. Се е исто ко секогаш. Освен што секој ден на сите производи им покажуваш шо денар, два, три и така во недоглед.

ТАЧЕ! Ќе си им кажеш на газдите да се откажат од профитот а не да зголемуваат цени, во спротивно, држава си, ќе им го затвориш фирмите. Таче!

Ќе сум им кажиш на бизнисмени од типот на Зоки кој зеде 4 милиони од државата, Евн која има невиден профит, телеком и сл, да си ги вратат парите до последен денар.

Таче. Ќе си им кажеш струја да штедат институции, банки со по 10 врати отвори-затвори, моб-пиј, чуда… Дома никој не троши повеќе од она што му е неопходно, манџа да направи и да се из бања.

Нема ваљда да ум ира народ ради тебе“, стои во статусот на Валентина.

Previous articleГи направи ѕвезди, а кога си заминуваше од овој свет не сакаа ни да го погледнат- Минимакс беше главен на естрадата а се упокои речиси сам
Next articleВакви уникатни штикли како Лила ретко кој има, се сликаше со овој маж и привлече големо внимание (ФОТО)