Home Live Стојне објави фотка во природно издание и раскажа кој ја чувал и...

Стојне објави фотка во природно издание и раскажа кој ја чувал и ја одржувал жива изминатава година

-Со музика почнав да се занимавам од мојата 15-годишна возраст, а веќе следната година ја снимив и мојата прва авторска песна“, рече во едно интервју за Женски магазин машата позната пејачка Стојне Николова.

Таа стана една од најбараните во фолк музиката и редовно ја гледавме во познатата емисија „Мерак меана“ на Сител ТВ, а инаку Стојне потекнува од струмичкиот крај.

-Растена сум со нашата убава стара традиционална песна и таа ми е во душата, а во школските денови повеќе пеев поп.

Кога би требало да изберам кој жанр го преферирам повеќе, навистина не би можела да се одлучам бидејки за мене жанрот не е битен, битно е само да е музика…без неа не можам“, додаде Стојне.

Имам добиено повеќе награди во Македонија, а и во Бугарија. Ќе набројам дел: Награда за најдобар дебитант на Валандово фест 2019, Трета награда на Охрид Фест 2016, Награда за најдобра интерпретација на Пирин фолк 2017, Прва награда од публика на фолк летен хит 2019 и други“, рече Стојне.

Стојне гостуваше во емисијата „Магазин“ на Сител и раскажа интересни нешта. Зборуваше за тоа колку родната Струмица ѝ недостасува.

– Јас ги имам најдобрите браќа на цел свет, јас не можам без нив и тие не можат без мене и секојдневно се слушаме. Имав тежок период во мојот живот, кога изгубив родител, па дополнително се случи поврзаност меѓу мене и моето семејство.

Ми беше тешко да се одделам од нив. Но имам и пријатели кои ми се како семејство. Мојот менаџер Бобан и неговата сестра Билјана, ми беа поддршка.

Стојне го искоментира делот кога почнала да пее, а тоа започна кога била многу млада, се уште малолетна.

– За мене како млада личност на мои 15 години, но сум имала голема поддршка од моето семејство, и зато ми било лесно, како подмачкано. Без проблем ме пуштиле да пеам, не се противеле, боидејќи виделе дека имам талент“, рече Стојне.

– Се уште не сум го дала својот максимим, затоа што сум многу срамежлива, јас сум девица во хороскоп“, додаде Стојне.

Како што во 2019 година напиша музичката телевизија “Балкан Мјузик” на својот сајт, нашата позната и преубава фолк пејачка Стоне Николова се омажи. Да, но засега само на видео спотот за новата песна “Спремај мајко дарови”.

Како што дознале од оваа телевизија, видео спотот кој изгледа одлично и професионално, го реализираше Арт студио, со кои Стојне години наназад има одлична соработка.

Што се однесува до нејзината најнова песна, истата е дело на Огнен Неделковски кој го напиша текстот и Филип Нуне кој се погрижи за музиката, аранжманот и комплетно за целата композиција. Песната е снимена во “XL Studio Momirovski”.

Во спотот гостуваат ансамблот “Студио Фолклор”, “Веселата дружина”, музичарите Јане Рафаиловски и Нуне брадерс, а да не биде овој видео спот како и сите веќе видени досега се погрижија актерите Гордана Ендровска и Нино Леви.

Видео спотот а и самата песна се промовирани токму во вистинско време кога сите знаеме дека токму ова е периодот кога речиси сите млади решаваат да ја направат својата семејна прослава, свадба или друга слична веселба.

Стојне долго време пееше во Мерак меана, познатата емисија на Сител за народна музика. Мерак меана е нејзина стара љубов, како и на многу наши пејачи од фолк естрадата.

Но, откако оваа емисија ги емитуваше последните епизоди, Стојне сега ја гледаме на друга фреквенција, тоест има нова љубов, а тоа е ТВ Алфа, и пее во емисија која е слична Мерак меана и се вика „На здравје“.

Останува да видиме дали Стојнето од есен ќе пее и на двете фреквенции, или пак ќе ја гледаме само на една. Но, како и дa биде, од нејзината убавина, глас и песни никогаш доста.

На својата најнова слика на Фејсбук, таа е во хеланки и со тесна маица, и вака стегната изгледа супер како и секогаш.

Стојне објави слика од денот на својот роденден, и тоа во сосема природно издание, сликана во фармерки и во спортска маица, со поглед на Охрид и напиша мошне впечатлив статус на Инстаграм:

-Среќен роденден за мене. Во изминатите 364 дена, Бог ме одржуваше жива до денес. И посакувам Тој да ме заштити додека започнувам уште 364 дена“, напиша пејачката на Фејсбук.

Previous articleБорче: Зошто ви е чудно кога гледате странски политичари кои се однесуваат нормално и јадат тост од половина евро додека чекаат јавен превоз?
Next articleЕ ова е љубов- тој ја запроси на концерт, а таа на него му ги посвети овие стихови: Нашиот пејач е среќен човек