Home Live Вакви уникатни штикли како Лила ретко кој има, се сликаше со овој...

Вакви уникатни штикли како Лила ретко кој има, се сликаше со овој маж и привлече големо внимание (ФОТО)

Минатата година, српскиот портал„ Редпортал.рс“ и направи интервју на нашата Лила Стојановска, или Лила Филиповска во кое таа зборуваше за доста детали од својот професионален и приватен живот.

Па оние оттаму што не многу знаеја за неа, имаа прилика да ја запознаат подобро. Прашањата на тема љубов секако не беа заобиколени, а по таа точка Лила како и секој нормален човек вели дека сака да е сакана“, пренесе тогаш Вистина.

На прашањето дали мисли дека лагите се корисни за да не повредиме некого, Лила вели:

-Тоа се таканаречени „бели лаги“. Само ако е навистина неопходно и немаш друг излез. Користам и јас понекогаш, но да не заборавиме дека ако лажеме мораме да имаме одлична меморија, изјавила Лила.

– Јас сум една од оние дами којашто смнета дека џентлмени постојат, и дека не се врста којашто изу мира, напротив, мислам дека ќе се вратата на голема врата“, рече Лила во едно гостување во емиисјата Џентлмен магазин.

Во Хибрид, таа зборуваше за својата голема гордост, а тоа е проектот Се или нешто кој долги години се емитува на Сител ТВ.

-Проектот секогаш зависи од гледаноста, што претставува навистина голем товар да почнеш и да одработиш нешто и да знаеш дека мора да биде гледано. Сосема е нормално во оваа работа, ако емисијата не е гледана да биде укината.

Кога ќе направиш име во работата како што направив јас, стоиш зад некој проект, навистина е голем предизвик, да излезеш, да го износиш, да го направиш, тој да биде гледан или пак да биде погледан од претходниот. Тоа е природата на нештата, тоа што следува да биде поуспешно.

На некој начин е предизвик со себе. Да бидам искрена, години наназад се натпреварувам со себе. Но, не беше отсекогаш така.

На почетокот на кариерата, првите 10-тина години беше интересно и турбулентно, имаше ентузијазам и луѓе кои ја работеа оваа работа, ја сакаа и ми беа конкуренција.

Во тоа време имаше награди за нашата професија, се гласаше и тоа претставуваше на некој начин мотивација за понатаму“, изјави Лила и потоа додаде:

Често знам да ги гледам квизовите од серијалот на “Deal or no Deal”, бидеќи и “Се или ништо” е дел од нив, односно е правен по нивна лиценца. Квизот го има во многу земји, ги гледам сите бидејќи на многу места е различен концептот, со оглед на тоа дека секоја земја го адаптира на сопствениот менталитет.

Учам од сите нив бидејќи сум застапник на ставот дека секогаш можеш да научиш нешто друго и многу повеќе.

Заради тоа, јас се уште работам со љубов и ќе продолжам да го правам тоа се додека имам предизвик. Имав среќа мене да ми биде доделен овој проект од мојата телевизија, Сител. Веројатно во првиот момент кога нема да го чувствувам тоа, не е исклучена можноста да застанам зад камерите, во друга улога.

Омилениот дел од работата ми е комуникацијата со банкарот, кој сакам да го ‘закачакам’, да се надмудрувам со него. Уште еден дел кој го сакам е комуникацијата со гостите.

Интересно ми е кога луѓе кои имаат голема трема пред камера, се плашат дека ќе се изгубат и дека нема да знаат што да направат, кога ќе застанат до мене, бараат начин јас да им олеснам, да не се почувствуваат сами, бидејќи имаат страв. Јас со радост им излегувам во пресрет и драго ми е што успевам во тоа.

Важна е и непосредноста, која или ја имаш или не. Не се учи, туку само се надградува со текот на годините. Јас бев меѓу првите кои почнаа со тој формат ток-шоу, поточно прв беше Игор Џамбазов со ”Дневна соба”, а потоа јас и Мишко Барзов со “Таму кај што си” .

Имавме спонзор и се беше многу професионално одработено. Голем дел од успехот на емисијата се должеше и на Мишко, кој како градски човек имаше многу познанства, нас ни беа гости сите политичари и останати јавни лица.

Поминавме еден убав период, работевме во време кога имаше експанзија на познати личности од сите сфери. Така што, тоа е еден проект на кој сме навистина горди“, раскажа Лила.

Лила на нејзиниот Фејбук профил е означена на слика со Арменд Рамадани, кој е инаку стилист. Тој до сликата напишал дека нивното пријателство трае 25 години. Но, она со што Лила привлекува внимание на оваа слика е фустанот, но и штиклите.

Лила облекла тесен розев фустан и штикли во сина боја, и тоа светкави и доста високи. Лила отсекогаш била уникатна, па таква е и на оваа слика со обувките кои ретко кој ги има кај нас.

Previous articleПознатата новинарка му се обрати на премиерот: Таче, дома никој не троши повеќе од она што му е неопходно, манџа да направи и да се избања
Next articleБорче: Зошто ви е чудно кога гледате странски политичари кои се однесуваат нормално и јадат тост од половина евро додека чекаат јавен превоз?