Home News Ванковска: Опозицијата, веднаш кога ќе дојде на власт, може да го раскине...

Ванковска: Опозицијата, веднаш кога ќе дојде на власт, може да го раскине договорот со Бугарија

Лидерот на најголемата партија ВМРО-ДПМНЕ, вчера на прес, го обелодени долгонајавуваното рефернудмко прашање, кое било одлучено на седница на највисокото раководство на партијата:

-Вечерва заседаваше Извршниот комитет каде што се донесе одлука граѓанска иницијатива за собирање на потписи за распишување на референдум и во наредната недела ќе собереме најмалку 100 квалификувани потписи со што таквата иницијатива ќе биде доставена до Собранието.

На оваа иницијатива прво потпишан ќе бидам јас, ИК на партијата, пратениците.

По што очекувам Собранието во брзи рокови да ја легитимира и одобри иницијативата, по што ќе започнат роковите за собирање на 150 илјади потписи за распишување на задолжителен референдум.

Затоа, референдумското прашање предлагаме да гласи и како такво денеска го усвои и потврди ИК на партијата:
Дали сте за напуштање на важноста на ЗАКОНОТ ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година?

ВМРО-ДПМНЕ ќе повика да се гласа ЗА престанување на важноста на овој штетен договор, напиша на социјалните мрежи, доцна синоќа, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Реакциите во јавноста се различни. Власта вели дека со ваквиот референдум, би упатиле порака дека не сакаме во ЕУ.

Некои пак, сметаат дека ова е само трик на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи доколку реферндумот не успее, тие потоа би требало да го поддржат договорот.

Професорката Билјана Ванковска, која важи како блиска до опозициската ЛЕвица, на својот профил на социјалните мрежи, го прокоментира евентуалното референдумско прашање:

„Референдум – да! Но, не за прашање кое не бара поголем политички и правен напор и кое е во рацете на владата.

Прочитајте го Договорот со Бугарија да видите дека опозицијата ќе може да го раскине ВЕДНАШ штом дојде на власт. И сега бараат од нас да гласаме ЗА (наместо ПРОТИВ) на прашање кое е “као киша око Крагујевца”.

Договорот со Бугарија можеби беше/е коренот, но во меѓувреме стеблото беше калемено, мутираше и почна да дава “француски/европски” плодови кои не беа содржани во оригиналниот договор. И станаа дел на преговарачката рамка.

Референдумот требаше да се однесува на одлуката на Парламентот од јули оваа година! Нам не ни е проблем (само) Бугарија, туку ни треба гласно НЕ пред ЕУ која го благослови бугарскиот национализам и шовинизам вграден во рамката.

Не знам како можеше ДПМНЕ да донесе ваква одлука кога во своите редови ја има професорката Силјановска, која веројатно не е ни консултирана.“

Previous articleМарина, поранешната на Дарко Лазиќ, објасни каков татко е кога има девојка, а каков е кога е сам
Next articleМи треба шпорет, ми треба машина за перење, правосмукалка – белграѓани кажаа како ќе штедат струја