Home News Битолскиот професор им објасни како може да проверат дали е тоа така,...

Битолскиот професор им објасни како може да проверат дали е тоа така, на граѓаните кои велат дека ЕВН дупло им наплаќа

Деновиве, многу граѓани, на социјалните мрежи го изразија својот револт поради високите сметки за струја, како и поплаки од граѓани од Скопје, Струга и други места дека за одредени периоди им била наплатувана два пати.

Незадоволните граѓани реагираа за „плаќањето двапати“, за што ЕВН Хоме , за порталот А1он појаснува дека „нема преклопување во сметките за јули и август“.

Скопјанка објави дека во фактурата за месец јули за периодот од 28 јуни до 29 јули и во фактурата месец август за периодот од 26 јули до 29 август, деновите 26, 27, 28 и 29 јули се двојно наплатени.

Од ЕВН Хоме за „А1он“ велат датумите на предната страна се датуми на отчитувачката недела на корисникот, а не датумите за реалното фактурирање на потрошувачката.

– Датумите на предната страна на фактурата се всушност датуми на отчитувачката недела на корисникот, односно во која група на отчитувачки период припаѓа корисникот.

Додека датумите за реалното фактурирање на потрошувачката се наоѓаат на задната страна на фактурата. Реално отчитаните дати никогаш не се поклопуваат со отчитаните дати во претходниот месец.

Овој податок на прочитана потрошувачка се наоѓа во горниот дел на задната страна, веднаш до ставката: Податоци од броило.

Поконкретно, датумите на предната страна се од информативен карактер во која отчитувачка група припаѓа корисникот, а на втората страна се наоѓаат податоците врз база на кои се прави пресметката на фактурата.

Отчитувањето на клиентите на ЕВН Хоме со тарифа домаќинства и мали потрошувачи се врши по календарски недели, објаснија од ЕВН Хоме за А1он.

Оттаму на граѓаните им порачаа да ги читаат сметките и на задната страна каде што стојат точните датуми за кои им е пресметана потрошувачката на струја.

Професорот по Механика од Битола, Дејан Трајковски, им објасни на граѓаните како може лесно и едноставно да проверат дали им е двојно наплатено:

„Загрижени од поскапувањето на електричната енергија, луѓето во последно време започнаа да ги читаат сметките за електрична енергија. Од страв започнаа и да паничат, па кажуваат работи и што се и што не се реални.

На пример, се плашат дека има преклопување на месечните интервали за отчитување на броилата и дека плаќаат два пати за дел од истата потрошена енергија.

Прво: не паничете. Второ: земете две последни сметки и запишете ги старата и новата состојба во висока и ниска тарифа.

Трето: Доколку во НОВАТА сметка СТАРАТА состојба (во висока и ниска тарифа) е еднаква на НОВАТА состојба во СТАРАТА сметка, тогаш се е во ред, нема преклопување и нема место за паника, барем според овој основ.

Дали и колку плаќаме за туѓата украдена енергија – тоа е веќе друго прашање и не може едноставно да се одговори.“

Previous articleНикола Груевски се прости од Латиновски и откри детаљи кои не секој ги знаеше: Неуморен работник кој не ветуваше нешто што неможе да оствари
Next articleЕве што кажа актерката Јана Стојановска за својата мајка Силвија која доби ослободителна пресуда