Home Live Еве што кажа актерката Јана Стојановска за својата мајка Силвија која доби...

Еве што кажа актерката Јана Стојановска за својата мајка Силвија која доби ослободителна пресуда

Нашата позната актерка, Јана Стојановска е израсната со бардот на македонското глумиште, дедо и Ацо Јовановски-Снагата. Таа е ќерка на театарските херои од деведесеттите, Шприцер и Цвета од „Грев или Шприцер“, познатите актери Ненад и Силвија Стојановски.

Така што, за Јана е сосема природно што се определила за глума. И самата таа, како и сестра и Aна играа во новата постава на култната претстава во Драмски, менувајќи се во улогата на Беба.

Јана е и голем музички талент. Редовна гостинка е на концертите на Раде Шербеџија во Скопје, а на хрватски јазик со неговиот бенд „Западни колодвор“ ја сними песната „Још дуго“, објави Женски магазин во една прилика за неа.

Tаа е сега мајка на Ненад, а е нмажена за Андрија Бојиќ, кошаркар од Црна гора. Кога се роди Нена, во 2019 година, Јана има раскажано:

-Ненад нѐ изненади сите, нѐ извади од кондури. Беше 31 август и јас се мислев каде да одам да се сончам дента додека е Андрија на тренинг. Сѐ уште беше лето, два месеци пред мојот термин. Прсна водењакот, не бев ни сигурна што се случува, знам само си реков:

„Многу е рано” и трк во првата болница што ни ја препорачаа од клубот. Морав да останам во болницата додека не ми се качат леукоцитите, не можевме да знаеме дали тоа ќе трае еден ден или еден месец“, раскажала Јана за синот.

По големиот актер Ненад Стојановски, неговата ќерка, му даде име на својот син, кој на шести ноември ќе наполни три години.

По точно два месеци поминати во болницата во Букурешт, синот на Јана и на нејзиниот сопруг, кошаркарот Андрија Бојиќ, стасале дома.

Јана и Ана по талентот и фисички личат на нивната мајка, Силвија Стојановска.

Актерката Силвија Стојановска ослободителна пресуда, откако беше обвинета за шв ерц на недозволени супстанци.

Претходно Апелациониот суд донесе одлука да го врати на повторно судење предметот во кој актерката Стојановска со првостепена пресуда беше осудена на три и пол години.

Силвија беше уа псена во 2019 година на крајот. Во тоа време, нејзината ќерка Јана живеела во Букурешт, каде што сопругот играл кошарака во тамошен клуб и рекла:

„ Силвија и Ненад се видоа за прв пат во Букурешт и тоа беше љубов на прв поглед. Имам сериозен проблем да го оставам , го носам секаде со мене , секаде каде што можам.

Кога не можам, го чува баба му со неизмерна љубов. Искрено, иако бев противник на тоа да имам било каква помош додека е Ненад мал, мора да признаам дека тоа што можам да ја поделам љубовта со баба му и тетка му овде во Скопје е сериозно олеснителна околност.

Драго ми е што ќе расте со луѓе кои можат да му подарат богатство од различни аспекти на животот, рекла Јана во Женски магазин, а во тоа време нејзината мајка била во домашен при твор.

А инаку, во декември во 2020 година, актеррката била итно хоспитализирана поради комликации со абдоменот. Семејството на Стојановска ја потврди информацијата за „Женски магазин“.

Најблиските на актерката тогаш рекоа таа за влакно изгегнала опер ација.

-Хаотично , и многу гласно. Ете, така изгледа. Три жени, глумици, сите различни, сите со свои ставови и приказни. Со нас никогаш не е здодевно“, рекла Јана за мајка си во Женски маазин, а потоа исто одговорила на ова прашање:

Кои се најважните особини со кои би ја опишала твојата мајка Силвија? Остра ,бескомпромисна и ужасно правична.

Previous articleБитолскиот професор им објасни како може да проверат дали е тоа така, на граѓаните кои велат дека ЕВН дупло им наплаќа
Next articleВодителката Каролина, позната по изреката „нашиот јужен сосед“ се подмлади, сосема смени имиџ, ваква не сме ја виделе досега (ФОТО)