Home News Никола Груевски се прости од Латиновски и откри детаљи кои не...

Никола Груевски се прости од Латиновски и откри детаљи кои не секој ги знаеше: Неуморен работник кој не ветуваше нешто што неможе да оствари

По упокојувањето на поранешниот градоначалник на Општина Бутел во три мандати, Петре ЛАтиновски, многу негови соработници и сопартијци се простија од него.

Тоа денес го направи и поранешниот премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој на својот профил на социјалните мрежи напиша:

„Со жалење и тага ја примив веста за смртта на поранешниот градоначалникот на Бутел во три мандати Петре Латинивски.

Го вбројувам меѓу нај енергичните, нај стабилни личности, многу одлучни и решителни и психолошки нај цврсти луѓе кои сум ги запознал.

Оптимизам и верба во себе и во другите, упорност и во најтешките мигови. Тоа сигурно беше и силно мотивирачки за неговиот тим соработници.

Секогаш полн со енергија и со желба за работа и за справување со сите предизвици.

Малку луѓе се така психички исклучително силни особено кога се соочуваат со здрвствени предизвици, како што беше Петре уште пред повеќе од десетина години.

Голем оптимист и спремен на секаква борба со смртта која на моменти се чинеше дека дошла по него уште пред повеќе од десет години.

Тоа не беше човек кој во таква ситуација ќе падне во очај, разочарување, депресија, апатија и ќе се предаде. Напротив силно, енергично и со голем оптимизам и верба се спортиставуваше и носеше брзи и решителни одлуки.

Луѓето се восхитуваа на таа негова цврстина и спремност невозможното да го направи возможно, како што долго време го правеше.

Петре остави многу завршени проекти зад себе. Самиот факт што беше избран во три мандати за градоначалник на Бутел кажува дека мнозинството од граѓаните биле задоволни од неговиот ангажман и го почитувале неговиот труд. Тој немаше пораз, само победи!

Во комуникацијата со граѓаните не беше лицемерен туку отворен, искрен и не креираше лажни надежи за да се извлече од некоја непријатна ситуација. Ветуваше толку, колку што може да исполни. Иако во даден момент некои луѓе беа не задоволни заради тоа, јас тоа многу многу го почитував, но очигледно и мнозинството граѓани на Бутел го почитуваа.

Тој раководеше со општина која не изобилуваше со пари, но знаеше добро да ги одреди припритетите, да ги вети и да ги реализира. Не губеше многу време со противниците и критичарите иако така енергичен и цврст човек, со брза мисла и одлучност не беше лесен противник за никого.

Повеќе сакаше да возврати со дела одколку со зборови.

Бог да го прости! Нека почива со мир! Сочуство до семејството кое има причина да бидат горди на него и неговите дела!“

Previous articleИдната снаа на Брена во прегратка на друг маж, ова не е Виктор – го изневерува ли згодната актерка?
Next articleБитолскиот професор им објасни како може да проверат дали е тоа така, на граѓаните кои велат дека ЕВН дупло им наплаќа