Home Live Се налути Ване Маркоски, а Живкица го поддржа: Пазете што јадете вафли...

Се налути Ване Маркоски, а Живкица го поддржа: Пазете што јадете вафли за другите…

Ване Маркоски е еден од најпознатите ТВ и радио водители во нашата државата. Долго време не забавува пред малите екрани со неговите емисии кои се со најразлични тематики, а важи и како голем љубител на животните.

Моментално е актуелен со утринската програма на Македонската радио телевизија, а во „Хаштаг“ се потрудиле да го навратат во неговите тинејџерски денови.

-Играв со останатите деца само игри каде бев водител, а тие гости. Дома цртав некои радио миксети, микрофони, си правев камери.

Мајка ми ми раскажува дека уште додека сум бил бебе, најомилено нешто ми било да гледам во радиото дома со саати. Интересно.

Бев многу темпераментен. Многу ги нервирав родителите, затоа што уште од тогаш сакав да бидам независен од нив, како и секој тинејџер, а тешко ми одеше тоа. Мислев дека се можам сам.

Многу се дружевме. Имаше нормално и неубави моменти, но од сегашна перспектива, имав навистина убави „тинејџ“ денови со убави и среќни луѓе околу мене. Годините носат промени и искуство.

Не можеме на 20 години да посакуваме да бидеме тоа што треба да бидеме на 30 години. Затоа дозволете да бидете тоа што сте, бидете во тек со вашите години и во тек со промените“, изјавил Ване.

На неговиот Фејсбук профил често можат да се видат апели за по мош на животни, како и споделувања да се вдоми некое од нив. „Ако веќе чувате куче, не го напуштајте кога е сфатите колку љубов треба да му давате.

Еве, ајде да почнеме од тоа, па да видиме понатаму. А, кога во животот би имал финансиска можност, би направил стационар за нив, каде што вработени луѓе би се грижеле и би им давале љубов и внимание. Не заборавајте дека и тие имаат душа“, изјави Ване во едно интервју.

– Сум бил директно и индиректно вклучен во многу акции, но една ќе ми остане најдрага, затоа што беше одамна и е всушност првата голема работа која ја направив. Чинам беше 2008 или 200 година, не можам точно да се сетам.

Желбата да се помогне на две мали девојчиња, кои имаа различни здравствени проблеми, ме инспирираше да организирам голем хуманитарен концерт во Тетово, во домот на културата.

Со оглед на бројот на места за публика, бевме свесни дека од билети нема да добиеме голем број на средства, но целта беше да се разбуди Фондот за здравство кој тогаш молчеше за тие случаи.

Имаше над 40 пејачи, актуелно од нашата естрада, многу волонтери, публика, луѓе кои подадоа рака. Жал ми е што тогаш социјалните мрежи не беа во екот на популарноста, па спомените се малку, но ете, и тие што останаа, кога денеска ќе се сетам на нив, ме мотивираат за нешто повеќe“, изјави водителот во Женски магазин претходно.

-Поодамна имав желба да бидам дел од јавниот сервис. Годинава одлучив дека е дојдено времето за промена. Знаев дека ќе се случи, само не знаев точно кога. Потоа некако се поклопија коцките и еве сум сега во “Македонија наутро”, утринската на МТВ 1 и плус во радио 2.

Нова средина, искуства, луѓе, професионалци од кои може да продолжам да учам, да напредувам…. Со оваа идеја пристапив на желбата за промена“, раскажал Ване за своето тазе искуство и одлуката која не дошла преку ноќ од Канал 5 да замине во МТВ.

„Од Канал 5 носам само убави спомени од изминатите 5 години. Работевме доста, веруваа во мене и токму тој медиум беше оној кој најмногу направи за да ја погледнам оваа работа од агол на љубов и гледачите подобро да ме запознаат.

Од таму добив голема поддршка, доверба, многу проекти и таа ТВ секогаш ќе ми биде во срцето и душат“, вели Ване.

Ване Марковси во својата нова објава се налути и ги искритикува оние ои се мешаат во туѓите животи,а во ова со коментар го поддржа неговата колешка, водителката Живкица Каленикова.

-Пазете што “вафли” јадете за другите, бидејќи секој го доживува другиот, само според тоа како си се чувствува. Просто: ако за некој кажете “клошар”, тогаш така си се чувствувате вие. Ако се разбираме“, напиша Ване.

На ова, во коментар новинарката Живкица Каленикова, неговата колешка го поддржа и одговори: Толку пикање нос во туѓи животи …. да се чуди човек!

Previous articleЗа Дарко Панчев наскоро ќе се дознае сè, познат новинар ќе открие многу детали од неговиот живот
Next articleИнспектор Томе од Преспав и Сашко Коцев во нова анвантура- еве што ги поврза овие две легенди