Home Live Се врати Ноне во Македонија, и како англиска кралица мафташе на луѓето

Се врати Ноне во Македонија, и како англиска кралица мафташе на луѓето

-Бидејќи не јадам морска храна и малку сум специфична и едноставна во тој поглед, би рекла Италија заради добра пица и тестенини“, рекла во една прилика во Црно бело Ноне Неделковска, пејачката од Велес која 10 години работи на брод и не живее во Македонија.

-Во Индија сè уште постои тој договорен брак уште додека се млади, гледам дека и го почитуваат, па не се впуштаат во некои авантури додека се на брод (има исклучоци). А Италијанците се прави заводници и ништо не ги спречува за провод.

-Мислам дека сè уште не сум била на најубавите плажи во светот, но од оние што сум била би издвоила Палма Де Мајорка, Јамајка и Бахами.

Има уште мнооогу градови непосетени, но за сега би го издвоила Фуншал, имам премногу спомени од таму“, изјавила Ноне во една прилика во овој медиум.

– Не може да се научи ширењето на позитивна енергија – не може од човек да излезе она што го нема. Постојат луѓе кои мислат дека ширењето на позитивна енергија може да се научи, дека постојат фрази, зборови или реченици кои ја создаваат позитивната енергија.

Не е така. Енергијата, позитивна или негативна, се наоѓа во човекот. Не може од човек да излезе она што го нема. За да можеме да шириме мир, мораме најпрво да имаме мир во себе.

За да можеме да шириме радост, мора најпрво да ни биде срцето радосно. Во спротивно, и зборовите за најголема утеха звучат како напад, од устата на незадоволниот човек“, напиша Ноне во еден свој статус.

– Јас сум личност што многу брзо се здосадува, без разлика што и да правам и колку и да сум била ентузијастична на почеток, ако понатаму не се случува ништо различно или нешто ново, толку, се префрлувам на нешто ново…

Затоа до сега имам многу работи започнато и недовршено . Ама затоа чекорот што го направив и одлучив да започнам со работа на брод, мислам дека ми го смени животот.

Таму никогаш не може да ми биде досадно… секој ден нови места, и секоја недела нови патници, различни муабети… а не како тука, ќе седам и ќе трачарам аууу косава ми се крева :/ едноставно се затупавуваш… туку да се вратам на прашањето.

Секое место е убаво на свој начин. Би ги издвоила, Фуншал Португалија, Ајацо француска општина, Аликанте Шпанија, Варнемунде Германија, Ашдод Израел.“, изјави таа во едно интервју за puls24.mk

Потоа ја прашаа: Како реагираш на шегите кои ги измислуваат луѓето во врска со твојата висина?

Не реагирам, обично моите другарки и другари реагираат. Некогаш знаеме и да се насмееме заедно. Не сакам да звучам нарцисоидно, ама јас многу си се сакам каква сум!“, рече Ноне.

Во една прилика на Инста, Ноне изгледа дека веќе се одомаќи на бродот и објави видео, како ужива пијеќи кафе, со боси нозе со поглед кон морската широчина.

Потоа таа го објави своето работно место, парфимеријата во бродскиот фришоп. Ноне заводливо се смешкаше а околу неа познати брендови на парфеми и козметика. Ѝ личи оваа атмосфера на Ноне, а се гледа дека ја прави среќна.

Ноне Неделковска, сега вратила во Македонија, на одмор. Публиката на „Пиволенд“ на Плоштадот Македонија сношти со аплауз ја поздравила, додека седела на едно од ВИП местата со пријатели.

Водителот на настанот Димитар Атанасовски меѓу првите ја забележа и ја поздрави пред публиката, објави Женски магазин.

„Ноне се вратила во Македонија, да ја поздравиме со еден голем аплауз. Мафтај како англиската кралица“, рекол Димитар на шега потоа.

-Ме изненади кога Димитар ме поздрави. Ќе пропаднев во земја, непријатно ми беше. Не знам, често се чудам и јас како ме паметат луѓето. Немам планови да ѝ се вратам на музиката засега.

Дојдов дома, во Велес, да одморам, и за еден месец се враќам на брод. Ќе одиме на Карибите“, изјавила Ноне.

Previous articleСе оглаcи нашиот музичаp по кој лудуваа жените – се пресели во Америка и се ожени со ќерка на политичар- ужива во американскиот сон (ФОТО)
Next articleСи се шетаме низ гpад како избркани од дома, и се селиме секој викенд: Мајка од Битола раскажа низ какви маки поминува со синот