Home Live Си се шетаме низ гpад како избркани од дома, и се селиме...

Си се шетаме низ гpад како избркани од дома, и се селиме секој викенд: Мајка од Битола раскажа низ какви маки поминува со синот

Ирена Ристановска- Николовска, е психолог кој работи со деца со поcебни пот реби во Битола. Ирена и нејзиниот сопруг со сите сили се трудат да му го олеснат секојдневието на десетгодишниот син Лука, кој има аут изам.

Но, оваа не е единствената битка на ова храбро семејство. Неизвесно е нивното понатамошно останување во семејниот дом, станот кој го купиле на кредит, поради судскиот спор со соседот кој фи форсира и им се зак а нува да се преселат.

Ирена силата ја црпи од децата. За помалата ќерка Јована која има седум години, вели дека е многу зрела и точно знае да ги почитува потребите на својот брат“, обајви во една прилика Женски магазин.

Сега се споделива статусот на оваа жена која на Фејсбук бара правата на сите деца да се еднакви.

-Читам и не можам значи. Дискутирате на постови едната на другата партија, се докажувате ,препукувате за (за нас обичните граѓани) банални работи а впрочем теми ВАЖНИ за дискутирање милион.

Кога во Вашите постови ќе видеме повик за сплотеност за : Регистер на лицата со попр еченост? Образовни асистенти со решен работен статус; Дневни центри; Приход за родителот во домот со детето/лицето;

Бесплатен превоз,кина,театри,стипендии; Настани од нив и за нив; Ако не вредности донесете НОРМИ кои ќе се почитуваат за овие лица.

Договор да прошетате онака по домови и ги посетите вашите сограѓани кои негуваат лице со одредена попре ченост?!

И ПРЕКИНЕТЕ СО:,,Секој со маката”. Оваа мака е над маките. Оваа мака покрај неа има накалемени тон други… Дали сте се запрашале како живеат овие семејства? Еден на работа почесто другиот родител дома.

Оној кој работи има уште две смени ,а оној кој не работи потрошен целосно и чувство дека ништо не допринесол.

Суплементи за дете, лекови, терапии, логопед, дефектолог, физиотерапевт, соматопед, мкф итн.

Си се шетаме низ град како избркани од дома а всушност се што сакаме е да се прибериме како сите вас (но му пречат сеннзации детски глас), па затоа двајца надвор, двајца дома…Но ќе не поздравите со:,,Си се шеткате;”? Никако да прашате како сме?

Сте се запрашале дали толку овие родители имаат желба да го возат својот 100годишен автомобил или тоа е од реалноста: Во тој мал простор, таа сигурна школка се чувствуваат спокојни и тригерите се намалени.

А плин, бензин ние од каде сте се прашале ли? Сте си поставиле прашање како е можно да имаме време за пешачење и здрав живот секој ден и толку многу км?

Или можеби сте искрени бар пред себе и знаете дека едноставно со нас го можат тоа, немаат врсници, другари, немаат свој живот. Но затоа имаат енергија која е потребно да се потроши а од родителите оддамна е на резерва.

Сте помислиле колкупати во денот се трошат овие родители во вербално изразување, појаснување, докажување со околината?

Дали сте се запрашале како им е на овие родители додека ете чекаат во ред во маркет, банка и која тензија ја чувствуваат од хиперактивноста на детето, неможноста да чека и стои во ред и капак погледите од сите како да се чудаци паднати од марс?

Што се селиме секој викенд (бар ние), торбиците во четврток се полнат, петок тоа што се заборавило, на село растоварање, во недела паковање и повторно се на место?

Да може да е полесно со асистент во домот или пак зголемен додаток да имаме помош во домот од трето лице.

И да не се лажеме во паковањата немаме само алишта туку и: полначни, звучници, сите суплементи, омилените реквизити звучни со тон батерии…..  За нарушените рутини од неделните преселби ,нарушувањето на мирот на постарите родители ,да не пишувам…

Во ниту една од ковид мерките ги немаше овие семејства а потрошени се како никој други и: Емотивно, здравствено, финансиски. Се што правиме е набрзина па оттука и погрешните избори и одлуки(како ние за станот).

Сте се запрашале зошто не се изборите заедно за помала каматна стапка на кредитите од овие семејства кои не ги подигнуваме за одмор и рекреација?

Сте се запрашале ли како стигнуваме да се организираме со деца и функционирање а нема дневни центри ,уште помалку лични асистенти?

Дали сте си поставиле прашања зошто ние нивните родители изгледаме како да не се грижиме за сопственото здравје во 21 век? Сте се ставиле ли за момент на нивното (нашето) место барем доцна во ноќта кога сме загрижени што после нас со ваква несреденост и нефункционалност на овој систем?

И прекинете да се оградувате со тоа како овие борци од пожртвувани родители се самосожалувале. Во тие моменти се прашувам како не се срамите од себе бар пред себе???

Да бевте вие тоа што треба да сте,ние не ќе имавме потреба да ви пишуваме приказни за убава ноќ која и онака ја имате. Малку знаете,уште помалку сочувствувате,единствено што треба е да заминете !!!

Фото: Фејсбук принстксрин, Freepic

Previous articleСе врати Ноне во Македонија, и како англиска кралица мафташе на луѓето
Next articleЗа Дарко Панчев наскоро ќе се дознае сè, познат новинар ќе открие многу детали од неговиот живот