Home Live Водителката Каролина, позната по изреката „нашиот јужен сосед“ се подмлади, сосема смени...

Водителката Каролина, позната по изреката „нашиот јужен сосед“ се подмлади, сосема смени имиџ, ваква не сме ја виделе досега (ФОТО)

Каролина Птковска е позната и како најголемиот патриот меѓу новинарите. Таа секоја година ја коментира Евровизија во пренос во живо и една реченица остана нејзин заштитен знак.

Петковска е долги години дел од Македонската радио телевизија, како новинар и водител на разни Тв проекти, Тв лице кое познато и кај нас и во дијаспората.

Таа е уредник на Редакцијата за Контактно забавни емисии во МТВ и во моментов го води „Неделен магазин“.

Кога треба да ја најави Грција, Петковска вели, нашиот јужен сосед. Во една прилика таа изјави дека тоа го прави затоа што е лута на политиката на оваа земја која Македонија перетхидно не ја признаваше под уставното име.

Има многу шеги и твитови на нејзина сметка поради тоа, но Каролина остана доследна на таквиот начин на коментирање и никогаш не одговори на ниту еден твит или споменување на нејзиното име во медиумите.

– Нашиот јужен сосед пее на грчки наместо на јужнососедски“, но едно запомнете „Се се менува…само кај нас водителките за Евровизија и за Оскар се незаменливи“, вели еден твит. Каролина раскажа за своите дневни рутиини во Женски магазин.

Уште подобро е ако го пиете кафето со луѓе со кои ви е убаво и кога молчите! И во едниот и другиот случај тоа се мојот сопруг Александар и сестра ми Даниела, со којашто сега за жал можам да го испијам кафето, само додека муабетиме на вибер, зошто последниве пет години со семејството живее во Америка.

И да…последниве години, до болка ми недостасува мирисот од тазе сомеленото и мераклиски, со љубов сварено кафе од рацете на мајка ми.

Малечок ритуал: подготвена вечера за двајца, чаша црвено вино и одбран филм на лаптоп (ставен на маса)! Ред муабет и голтка од виното и „голтка“ од филмот, најчесто со документарно историски жанр. Не го сакам хор -оро т како жанр!

Доволно ст рав и неизвесност имаме во реалноста оптоварена од пандемија и изолации, сокриени насмевки, украдени прегратки, изгубени денови и драги луѓе…

Прекрасно е ова „чудо“ наречено – живот, нуди безброј мотиви за среќа и задоволство.

Се разбира ако умееш да ги препознаеш во “океанот” од стереотипи, изгубен вредносен систем изгубена правда и емпатија, од важни и помалку важни работи и луѓе.

Токму затоа, отсекогаш ме мотивираат луѓе коишто го имаат оној пркосен инает во себе и веруваат во вистината, дека: “ ако се сака- се се може”, откри водителката.

Понекогаш се прашувам каков ќе беше животот и колку посиромашен од културолошки аспект ќе беше човековата „живеачка“ без темната, топла и миризлива течност, како: здив на ветар во август на плажа во Преспа.

Горчливо – киселкаста, како: состојбата на душата по раскината емотивна врска ( љубовна, роднинска, пријателска, професионална..)“, додала таа.

Каролина на Фејсбук ставила своја слика каде што изгледа доста помладо. Облечена е во зелен фустан со деколте кое е умерено, а и шминката и фризурата и се топ.

Петковска на сликава изгледа одлично, а до неа го напишала поводт за ова дотерување:

-Пријателите се непроценливо богатство! Блазе си му на тој што ги има! Благодарност за прекрасните луѓе од “Ламас” Скопје и Марија и Јован од :”Елит Мари” Охрид! Охридски Трубадури 2022!“, напишала Каролина.

Previous articleЕве што кажа актерката Јана Стојановска за својата мајка Силвија која доби ослободителна пресуда
Next articleБеше најпосакувана Ју музичарка, а заврши како бездомник и си замина на 43 години- Ова е приказната на црната принцеза на поп музиката