Home Live Која од која поубава и позгодна, Елена Велевска ја покажа сестра си,...

Која од која поубава и позгодна, Елена Велевска ја покажа сестра си, уживаат заедно на плажа (ФОТО)

Елена Велевска, која со години наназад е една од најбараните наши фолк пејачки вели дека пандемијата, како и сите нејзини колеги значително ја променила. Не размислувала повеќе за иднината, туку се научила да живее во сегашноста.

Плановите на долги патеки, кои во минатото и биле секојдневие, сега ги оставила за некои подобри времиња.

-Веќе не размислувам за иднината,туку само за сегашноста. Најпрво да се разбудиме здрави и живи и да не ни фалат луѓе, а понатаму сѐ оставам да биде како Бог сака.

Во моментов се чувствувам богата во срцево што сме преживеани, а за финансии не сакам да мислам затоа што знам да се носам и кога немам и кога имам-вели таа за ,,Фокус”.

Како самохрана мајка на три малолетни деца, додава дека средствата кои за естрадните работници беа доделени од државата, по преговорите на Здружението за естрадни уметници се добредојдени, а периодов единствена преокупација и биле децата кои треба да се едуцираат.

-Колку и да се правиме издржливи, ние, музичарите, сме најпогодени во оваа пандемија која долго трае и се повеќе ме загрижува – појаснува таа.

-Како дете чекав што побрзо да пораснам.Прв ми подаде рака Игор (музичар од мојот роден град Прилеп)со него ја снимив песната “Сонувам”. После тоа мојата прва касета ја снимав со Дејан Момироски музички продуцент и соработник со кој работам 20 години.

Последниве години имам свој ПР тим кој многу ми помага.Најголемата подршка во тоа време кога почнував,а имав 15 години беше и остана моето семејство.

Додека моите другарки изглегуваа и бркаа симпатии,јас без да знаат моите родители одев во ресторани кои работат со музика во живо и сакав да гледам како се работи,кои песни се пеат,запишував и ги учев песните кои беа актуелни.

Така музичарите го забележаа мојот интерес кон музиката и имав простор да испеам некоја песна.Упорноста и истрајноста ме донесоа овде каде што сум.

Многумина знаат да кажат дека јас сум таа која направила рев олуција во фолк музиката кај нас,јас сум прва која се потруди да реализира видео спот со приватна продукција кој во тоа време1997,чинеше 1500 марки,без ничија помош го реализирав и продолжив да снимам високо буџетни спотови до ден денес и така ќе биде и понатаму.

Со моето појавување како да ги потикнав моите колешки поинаку да размислуваат,да вложуваат во себе,со моето појавување ги поставив темелите на свежата крв на фолк музиката во Македонија.

Овде како да достигнав се,а пак го немаме оној гламур кој доликува за вистинска ѕвезда.Знам дека можам и заслужувам многу повеке.

Последнава година имав се почесто настапи во Бугарија,на мое големо позитивно изненадување тамошната публика ме прифати одлично.

Во моментов музичката сцена во Бугарија е на врвот кога е Балканот во прашање,квалитетни видеоспотови,изведувачи,и најбитното имаат голем медиумски простор каде да ги презентираат своите дела.

За жал во Македонија во моментов состојбата е таква како што е, и секое алтернативно решение е добредојдено“, кажа Елена во едно интервју за estradaworld.blogspot.com

Велевска откако настапила на фестивал во Охрид, заминала на убава дестинација на одмор, на морe, и тоа со својата сестрта Снежана.

Велевска ретко ја покажува сстра си, а сега обкави слика од нив двете од плажа.

Која од која е поубава од сетсрите, а со нив на сликата е уште една млада девојка.

Велевска во една прилика има кажано дека нејзина најголема поддршка се мајка ѝ и сестра ѝ.

Previous articleСлавниот музичар скршен од болка, одеднаш загуби драга личност
Next articleШто следува во деновите по упокојувањето на кралицата – веќе утре ќе се случи важен чин