Home Live Милена од Канал 5 нуди работа: Не ви треба искуство, сè што...

Милена од Канал 5 нуди работа: Не ви треба искуство, сè што треба е да имате познавање на англискиот јазик

Милена за порталот Еспресо во една прилика се присети како се запознала со својот сопруг.

– Гордан го запознав пред нешто повеќе од пет години во една кафана. Односно тогаш првпат се видовме и од таа вечер па натака почнавме со комуникација.

Социјалните мрежи помогнаа многу како и секогаш. Брзо после тоа започнавме врска. Паметам дека второто наше гледање беше во дискотека – вели Антовска, која од бракот со Гордан имаат две ќерки.

„Секојдневно се изненадувам себеси и правам работи за кои сум мислела дека никогаш нема да ги правам.

-Станав уште поемотивна, многу мои животни навики се сменија, начинот на живот и темпото. Кога станувате мајка веќе сè друго е во втор план, барем кај мене е така“, вели водителката.

Таа во своите статуси на Фејсбук знае да раскаже интересбни нешта, а едне од нив е по што луѓето ја препознаваат.

-Многу луѓе ме препознаваат по мојата насмевка, велат секогаш сум насмеана. Се трудам да е така и најчесто така и се чувствувам, но има и некои денови кога баш и не ми се смее, но не сум единствена и не е ништо ново за ова време во кое живееме.

Сепак кога подобро ќе размислам и нема причина оваа насмевка да се избрише од моето лице затоа што моите најблиски се живи и здрави, а тоа ми е најважно. Маана можеби ми е што често себе си се ставам на последно место“, рече таа.

-Иако не сум на утринска, сепак станувам рано, не во 05:30, но во 07:00 сум на нога.

Планот и ангажманите ми се подредени најчесто според ќерка ми како што споменав погоре, изјави во една прилика водителката пред да се роди втората ќерка.

Кога е убаво времето сме надвор, а за дома имаме многу игри, боење, цртање итн. Секако се гледам и со моите блиски колку што можам и колку што дозволува ситуацијата.

Водителката Милена беше на одмор со нејзините најмили, па потоа сподели фотографија за да го запамти овој одмор. Тоа што беше поразлично е дека оваа фотографија на Милена е со различна тематика од фотографиите што често може да ги видиме на социјалните мрежи.

Имено, Милена прозборе за нејзините вишок килограми со кои се справува после раѓањето на нејзината втора ќеркичка Јоана.

,,Искрено се двоумев дали воопшто да постирам фотографии од мене ова лето затоа што не сум задоволна од моменталната тежина и стомакот кој никако да ми спласне после раѓањето на Јоана.

Навикната сум цел живот да имам убав рамен стомак, ама после царскиот рез и зголемениот апетит ќе почекам малку:)

Ама гајле ми е затоа што си имам две златни дечиња и сопруг што беше приморан да ме слика @gordanstankovski

Не направив никакво едитирање, додадов само малку боја на фотографиите, напиша Милена која изгледа неверојатно убава и згодна.

Водителката Милена објави видео на својот профил за сите оние кои бараат работа во странската компанија ТБМ, во областа на продажба.

,,Драги мои, имам една интересна понуда за вас. Дали некогаш сте посакувале да работите во странска компанија, која не само што ви нуди многу можности за професионална надградба, туку и можности за патување по настани и конференции низ Европа?

Сигурно ви звучи премногу добро за да биде вистинито, бидејќи ТБМ го проширува својот тим во Скопје и бара млади,

амбициозни луѓе кои сакаат да ја започнат својата кариера во областа на продажба во интернационална компанија, и не се плашат од предизвици.

Добро е да имате искуство, но и да немате, менаџерите на ТБМ ќе се погрижат да добиете почетен тренинг и да ги стекнете потребните вештини за да бидете успешни.

Сè што треба е да имате познавање на англискиот јазик, позитивна енергија и желба за напредок и успех.

Пратете CV на Stankovski@tbmgroup.eu”, напиша Милена. Целото видео може да го погледнете на нејзиниот профил на Инстаграм, ОВДЕ.

Previous articleМилена: Сите четири деца имаат проблем со очите, невозможно е да собереме средства за лекување со една плата
Next articleСака скапи патувања и луксуз – ова се навиките на новиот британски крал Чарлс