Home Live Му цвета бизнисот на Зоран Ванев, откако се изнаужива во луксузната куќа...

Му цвета бизнисот на Зоран Ванев, откако се изнаужива во луксузната куќа во Штип, се пофали со други новости од Швајцарија

Нашиот шознат пејач Зоран Ванев од Штип, или Ванев- „Ангела, Ангела“ во едно интервју зборуваше токму за песните кои како што рече го вивнале во музичкото небо.

Освен во Македонија, тој градеше кариера и во Србија, и така за него дозна и публиката од целиот Балкан. ​

–Од македонските песни ќе ја издвојам Ангела која беше вистински бум, песна која ме подигна во небото, тогаш уште кога бев дечко од 21-22 години.

После тоа дојде Ако бевме заедно, Душо моја жал ми е, има доста добри песни кои што можеби треба еден ден да ги обновам, а од Интернационалната музика Јужна пруга, остави голема трага и до ден денес се пушта низ цел свет каде што се слуша балканска музика.

Лила се пушта, Моника, Танга, Бања Лука, значи доста хитови. Има пејачи во Србија кои долго пеат, а немаат толку хитови колку јас што направив со два или три албума.

Каде и да одам луѓето до ден денес ги пеат, тоа е навистина еден печат на еден пејач дека знае да одбере и отпее песна.-истакна познатиот пејач, за гледачите на ИН ТВ.

Во истото интервју, тој најави дека наскоро сите Македонци ќе ги изненади со една убава македонска патриотска песна. Но, пејачот кој е родум од Штип, веќе години наназд се има повлечено од музиката, и работи нешто сосема друго.

Тој веќе неколку години наназад е еден од најбараните доктори за природна медицина во Швајцарија. Неговата клиника во Цирих станала место кое што го посетуваат луѓе од целиот свет.

Претходно за „Фокус“, тој изјави дека воопшто не жали што микрофонот го заменил за белиот лекарски мантил и пеел само на одредени и професионално организирани настани, бидејќи отсекогаш сакал да им помага на луѓето.

„Мојата ординација се наоѓа на самата железничка станица во Шлирен – Цирих, Швајцарија.

Дипломирав на Парацелсус Академијата за Алтернативна медицина во Цирих, и сум првиот Македонец во Швајцарија кој ја има титулата Доктор за природна медицина, која е призната во целиот свет.

Но, како и во сите установи на државно ниво во Швајцарија, за која секој пациент кој во здравственото осигурување има Алтернативна медицина, му се враќаат парите назад во согласност со процентуалноста која ја има склучено во самото здравствено осигурување.

Воедно мојата фирма е и сертифицирана за здравствени осигурувања, така да во секоја смисла компетентноста ја имам во целост’’ – раскажа Ванев за „Фокус“.

Пејачот раскажа дека се занимава со лекување на сите врсти на болести без ограничување, и оти се консултира со доктори од школската медицина секогаш кога му е потребно.

-Имам голема желба да отворам клиника во Македонија, меѓутоа засега тоа е невозможно. Ванев сега на своите Фејсбук профили кои ги има неколку, често споделува производи со кои ги лечи пациентите.

Не од причина што немам доволно време, туку од причина што здравствениот систем во Македонија не оди во правец на задоволување на пациентот, туку повеќе оди во правец на економија која ги погазува сите човечки вредности на квалитетен живот“, рече пејачот.

Ванев на Фејсбук објави фотографии кои ги нарече: „Доме, сладок доме“. Нашиот пејач по долги години во Швајцарија, се вратил во Македонија, и тоа во својот роден град, Штип.

Според сликите што ги објавил, тој како да е во некое летуалиште, а не во Штип. Ванев се разладува во луксузна куќа, крај базен и се гледа дека доста вложил во својот дом и сега ужива во него.

Ванев на својот Фејсбук профил се пофалил со новата веб страница на неговата клиника, на чија почетна страница се појавува токму тој.

Откако се изнаужива дома, во убавата куќа во Штип, Ванев сега се пофали со бизнисот кој очигледно дека му цвета, и секоја чест за неговата желба да вложува и посветеност.

Previous articleНе мрда никаде без Зуица, а и посигурно е кога е до него- Еве што направи Наум Петрески на настап во Скопје
Next articleЈове Кекеновски објави слики од 8. септември 1991: Јас сум овој позади Киро Глигоров