Home News Наш познат доктор објави слики од неговата блиска средба со кралицата Елизабета:...

Наш познат доктор објави слики од неговата блиска средба со кралицата Елизабета: Дојде во посета на нашиот Колеџ

Денес, во 96-тата година од животот, се упокои Британската кралица Елизабета втора. Веста официјално ја соопштија од Бакингемската палата.

Елизабета Втора важеше за најмоќниот британски монарх, а на тронот беше цели 70 години. Покрај тоа што беше кралица на Обединетото Кралство, таа беше и монарх на 16 земји од Комонвелтот и исто така врховен поглавар на англиската црква.

Нејзиниот живот изобилувал со разни настани, од радосни до тажни, а она што е особено карактеристично за неа е што секогаш била со својот народ кога им било најтешко.

Елизабета Втора е родена во Лондон во 1926 година. Нејзиното целосно име е Елизабет Александра Мери.

Нејзиниот татко бил британскиот крал Џорџ Шести, кој дошол на власт кога неговиот брат Едвард Осми абдицирал за да може да се ожени со Американката, Волис Симпсон.

Таа и нејзината помлада сестра Маргарет биле одгледани од гувернанта и биле крстени во капелата на Бакингемската палата. Како дете го добила прекарот „Лилибет“ бидејќи не можела да го изговори своето име.

Нејзиниот дедо, кралот Џорџ V, и нејзиниот татко Џорџ Шести, а подоцна и нејзиниот сопруг, принцот Филип, војводата од Единбург, исто така ја нарекувале со тој прекар.

Нејзиното владеење било обележано со бројни промени, но Елизабета секогаш била во чекор со времето. Елизабета Втора посетила дури 116 земји и се смета за шеф на државата која посетила најмногу земји.

Таа се смета за една од највлијателните жени на сите времиња.

Кралицата Елизабета Втора важи за исклучително богат монарх и „тежи“ околу 600 милиони долари.

Таа прослави два родендени – вистински и официјален. Нејзиниот вистински е на 21 април, а официјалниот е во јуни.

Причината датира од 1748 година, кога Џорџ II ја воспоставил традицијата на двојни родендени.

Бидејќи е роден во ноември кога времето е лошо, а сакал јавна прослава со своите поданици, решил да организира парада кога времето е добро. Оттогаш сè започна и традицијата опстана.

Премиерката Лиз Трас се обрати по повод упокојувањето на кралицата, опишувајќи го настанот како „голем шок за нацијата и Светот“.

„Сите сме уништени“, рече таа пред толпата насобрана пред резиденцијата во Даунинг стрит. Трас ја опиша кралицата како „карпата на која е изградена модерната Британија“ и „самиот дух на Велика Британија“.

Таа се сеќава дека отишла во Балморал пред само два дена за да се сретне со кралицата за да положи заклетва како премиер и вели дека монархот бил „лична инспирација“ за неа.

Премиерката вели дека посветеноста на кралицата на должноста била „пример за сите“ и дека денес е „ден на голема загуба“.

Таа, исто така, му оддаде почит на кралот Чарлс, велејќи дека земјата сега мора да се обедини за да го поддржи и да ја понуди својата „лојалност и посветеност“.

Својата изјава ја заврши со зборовите: „Боже, чувај го кралот“.

Телеграми со сочувство до Бакингемската палата, пристигнуваат од сите страни. Пред малку сочувство изрази и претседателот Пендаровски.

Нашиот познат доктор, Александар Митов, се потсети на своите студентски денови. Дел од неговиот образовен процес, тој го помина на престижниот универзитет Кембриџ.

При прославата на 500 годишнината на универзитетот, гостин била кралицата Елизабета, која д-р Митов, во таа прилика имал можност од блиску да ја сретне:

„Кралицата го посети мојот колеџ на прославата за 500-от роденден. Делуваше тивко, скромно и со почит. Бог да ја прости“, напиша д-р Митов на својот профил на социјалните мрежи и објави фотографии од настанот.

Previous articleНашиот познат политичар се прости од кралицата со заедничка фотографија, се сретнале неколку пати
Next articleМилена: Сите четири деца имаат проблем со очите, невозможно е да собереме средства за лекување со една плата