Home Live Додека Кајмакоски се фали со новата девојка, неговата поранешна Кристина го направи...

Додека Кајмакоски се фали со новата девојка, неговата поранешна Кристина го направи ова (ФОТО)

-Во моето срце отсекогаш сум се занимавал со пеење и музика. Од секогаш сум ја чувствувал таа љубов и потреба да запеам, па можеби и затоа никогаш не сум имал план “б” во животот.

Но, во животот не секогаш сè оди по план – секогаш има позитивни и негативни изненадувања, а негативните се секогаш одлична прилика да научиме нешто и да се вратиме на вистинскиот пат“, рече во една прилика во интервју за bidizelen.org, аншиот познат пејач Даниел Кајмакоски.

Секогаш на прво место ми било пеењето, но во фази кога тоа не ми одело како што треба, не сум седел дома да чекам на подобри денови, не сум бил пасивен.

Секогаш ми било важно нешто да правам и поради тоа многу често сум имал чувство како да живеам два животи.

Навечер настапував во некој клуб во Виена или на некој од големите “Open Air” фестивали, а наутро веќе станував рано за на работа. Никогаш не сум се срамел од тоа што го работам. Иако себеси сум се гледал како уметник, никогаш не ми било срам или проблем да фатам алат в раце.

Доаѓам од скромно семејство, моите родители цел живот работат за да ни обезбедат пристоен живот, па ако можеле они зошто да не можам и јас? Сум поминал секакви професии и работни места; бев продавач, агент во центар за повици, дури во сервисниот центар на Ерсте Банката во Австрија работев како оператор, но сè тоа беа убави искуства.

Пред да се појавам на Икс Фактор работев како инсталатер на градилиште што за мене беше преубаво искуство. Почнав од нула, бев самоук, Научив многу за таа професија, но и за себеси.

Почнав како помошник, но при крајот на моето работно искуство веќе бев десна рака на сопственикот на фирмата и имав преку 150 луѓе за кои бев лично одговорен. Активно присуствував во планирање на проекти и нивната изградба, што разбуди еден инстинкт во мене, а тоа беше снаодливоста и желбата за секојдневно учење.

Сфатив дека сум способен за многу повеќе од што мислев! На крај, сепак ѝ се вратив на музиката, но тоа што го научив на градилиштата ми ги зацврсти карактерот, дисциплината и посветеноста, и понатаму ми помогна да се снаоѓам многу полесно и во светот на музиката.

Со оваа порака сакам на сите да им кажам дека за да го дознаеш својот личен вистински пат мораш да ги совладаш секојдневните предизвици и да дознаеш кој си.

-По многу неуспеси во музиката почувствував потреба да се занимавам со нешто комплетно различно од музиката, па така и избрав нешто многу поразлично, како што е градежништвото. Имав потреба од физичка работа која не е поврзана со уметноста затоа што чувствував дека стагнирам.

Имав потреба да го ослободам мојот дух и душа од внатрешен притисок и тоа многу добро ми успеа. Секојдневно бев опкружен со луѓе кои трудољубиво и дисциплинирано ја работеа својата работа и тоа и мене ме мотивираше да учам.

Заборавив на сè што ме мачело сите претходни години и го најдов својот мир и својата спокојност токму во таа професија. После тоа, на сосема поинаков начин можев да ѝ се посветам не само на музиката, туку и на животот и начинот на кој го гледам животот и на кој се гледам себеси.

Искуството во градежништвото дефинитивно ми беше многу драгоцено и придонесе за успехот што следуваше понатаму“, изјави Кајмакоски.

Даниел искрено се пофали со својата нова љубов, но само на слика, и не откри како се вика девојката што му го заробила срцето. тој со неа уживал прво на мор, а потоа во Охрид.

Лицето на девојката, Кајмакоски го покажа со слика од Свети Наум и напиша: Преку 30 години го посетувам ова место и се уште е иста молитва и иста желба како за мене и мојте најблиски, така и за сите луѓе на овој свет.

Господе дај ни здравје, мир, љубов и повеќе време со оние кои најмногу ги сакаме. Ви ја праќам сета љубов од ова свето место, Свети Наум, напиша Кајмакоски до сликата.

Но, и неговата поране[на жена, манекенката а и пејачка Кристина Димитриевска објави слика, и тоа по светкав градник и шорцеви во кои настапила во Лешок и на оваа објава напишала:

– Ви благодарам на пораките! Секојдневно ги добивам од вас! Ноќ која нема да се заборави. Ќе има следни, ви ветуваме заедно со диџеј Боно. П.с Ќе има уштеее слики и видеа“, објави Кристина.

Previous articleМеган никогаш не ѝ го пpости ова на кралицата Елизабета, до cамиот крај беше лута што не ѝ ја исполни желбата
Next articleТатјана Лазаревска сосема смени имиџ и летна од Мелбурн, ретко кој ќе ја познае ваква нова (ФОТО)