Home Live Фолкерката Ирена денес слави – еве колку години полни и како во...

Фолкерката Ирена денес слави – еве колку години полни и како во една прилика ги прокоментира своите години

Ирена Спасовска е една од нашите најпознати фолк пејачки, а доказ за нејзиниот квалитет е тоа што на сцената трае полни три децении.

Таа во последно време често објавува фотографии на Инстаграм, а нејзините обожаватели се повеќе ја фалат за нејзиниот изглед.

Ирена е чест клиент во салоните за убавина, каде што прави третмани на лице и тело на природна база,д руги естетски корекции нема. Затегнатото и младелачко лице е најверојатно од негата и од тоа што е цел живот вегетеријанка.

Ирена летово го посети Охрид и на фотографијата таа позира во цветно здолниште но и горен дел на костим за капење кој и ги откри исончаните гради.

Ho испливаа и фотографии од јахта каде што Ирена неодамна беше во друштво на “згоден капетан” кој и помагаше околу управувањето на кормилото.

Судејки по тоа дека на отворено езеро не се оди сам предпоставуваме дека Ирена уживала во машкото друштво кое умешно го сокрила бидејки не му се гледа ликот.

Дали се работи за нова љубов или обично пријателство не можеме да знаеме а не ни помислуваме да предпоставуваме знаејќи ја Ирена дека е остра и со новинарите кога пишуваат без нејзина дозвола за нејзиниот интимен приватен живот.

Но кога се работи за љубов Ирена ја крие како змија нозете што ги крие.

Веруваме во вкусот на Ирена и не се сомневаме дека пловењето со јахтата и било интересно.

На познатата фолк пејачка Ирена денес и е роденден. Како што напоменавме погоре, таа е на естрадата повеќе од 30 години.

Но како и поминуваат годините таа е позрела но и се поубава а тоа се должи како што кажа во една прилика на здравиот начин на исхрана.

Таа рече-јас сум вегетеријанка и цел живот не сум пробала месо и риба. Не пушам и не пијам,во последно време возам велосипед и се трудам да избегнувам стресни ситуации.

Се трудам секогаш да сум ведра и расположена водејки се од пословицата -како зрачиш тако и привлачиш Веројатно тоа е тајната на мојот изглед.

Што се однесува до своите години, таа во една пригода ќе изјави:

„Не дека јас сум стара, туку едноставно почнав да пеам на 14-15 години, и затоа велам не сум ни толку стара, иако некој ќе рече:

Леле, од кога пее Ирена? И сите добиваат една погрешна слика. Инаку сега сум во моите најубави години“, се пошегува на своја сметка пејачката во емисијата Фолк ексклузив.

Еве што напиша на својот фб профил:

Со оглед на тоа што има напишано „половина век“, најверојатно полни 50 години, но колку и да се, со среќа и со здравје да си ги носи. Впрочем, жена за години не се прашува!

Ирена во оваа пригода си посака само една желба а тоа е да биде жива и да биде опкружена со луѓе кој има искрена комуникација. Сеќен роденден Ирена!

Извор: Кликниме

Previous articleАгнеса го претстави Арапот Паша – префинет убавец со широко чело и големи очи (ФОТО)
Next articleОва е сопругата на легендарниот Благоја Чоревски- еве што специјално направи за него (ФОТО)