Home Live Го прошета цел свет, а сега се капе ноќе во термални извори...

Го прошета цел свет, а сега се капе ноќе во термални извори на море, нашата водителка не старее и згодна е како во цутот на младоста (ФОТО)

Берта Додевска е една од нашите најпознати водителки, со долгогодишен стаж. Таа ги има интервуирано најголемите ѕвезди од Македонија, од екс Југославија, а и од светот.

Берта го има и прошетано светот, таа е позната по своитре репортажи со кои сите плакнеа очи. А за плакнење очи е и нејзиниот изглед.

Доказ дека годините може да бидат само бројка e познатата водителка, објави Еспресо.мк. Таа и во петтата деценија од својот живот може без никаков проблем да објавува фотографии на кои позира во бикини.

Нејзиниот профил на Инстаграм е вистински празник за очи. Покрај тоа што може да видите фотографии од најразлични краеви на светот, ќе имате можност да ја видите Берта и во најразлични модели на бикини.

Кога велат дека жените се како виното, колку повозрасни, толку позгодни, очигледно мислат на атрактивната водителка…

Многумина викаат дека оваа водителка е нашата најшетана јавна личност. Нема каде не била и не правела репортажа и тоа го прикажала во емисијата Нешто незадолжително.

Станува збор за Берта Додевска, за која веќе има и позитивни шеги во смисла: Шетан сум како Берта Додевска. А таа беше насекаде низ светот и ужоваше во сите патувања.

Во една прилика, Берта сподели статус во кој го споменува Охрид кој секогаш е полн за продолжението викенд по повод празникот Илинден и на Фејсбук напиша:

Охриѓани држ’ те се Ние малкуте што не сме в Охрид, со вас сме во мислите. И нема ваучери на кои не им поминал рокот, нема продолжен викенд што не се потрошил“.

Берта во една прилика октри дека не ги сака авио компаниите со нискобуџетни летови, затоа што таа секогаш има многу багаж и за неа ефтините летови изглегуваат скапи поради тоа што доплаќа за багажот. Берта напиша:

– Дечки не сум некој голем фан на Wizz Air & cheap flights .. и затоа што редовно многу опрема носам па никогаш не ми излегува сметката.. а поверојатно затоа што сакам брате комфор.. ама еве една весела математика:

Ми се вратија пријатели од Шпанија со следниве сметки:

Скопје-Барселона-Скопје повратен билет со еден голем куфер 7000 денари. Читај добро: ПОВРАТНА КАРТА Барселона – Ибица повратна карта 25 € авиони ко автобуси, на секои 45мин.

Барселона – Маjорка повратна карта 25 € авиони ко автобуси, на секои 45мин. Барселона – Валенсиа повратна карта 25 € авиони ко автобуси, на секои 45мин.

Се утепале од шетање по Hermosa España Мислам никогаш не била подостапна ..
Поефтина.. и помалку опасна и од Халкидикич Уффф бре, УФ..

Берта е сега на море, и тоа на грчкиот остров Евиа, во Едипсос. И од таму, таа споделува егзотични слики, исто како и од нејзините патувања претходно, од целиот свет. Она што е исто и никогаш не се сменило кај Берта е тоа што е многу згодна, како да е во цутот на младоста.

Една од сликите што ги сподели е од ноќното капење во термалните води на овој остров, и по ова може само да ѝ се честита и да се заклучи дека таа навистина знае да ужива во животот- секоја чест!

Previous articleПејачката Вики Среброва живее со 6.000 денари социјална пензија: Секогаш плачам кога децата ми даваат пари, кажа таа за „Фокус“
Next articleДебарлиева си замина од Канал 5 по 11 години, убавата презентерка раскажа зошто воопшто не ѝ е лесно