Home Live Нашиот познат пејач сака да влезе во „Задpуга“, еве што и кажа...

Нашиот познат пејач сака да влезе во „Задpуга“, еве што и кажа на водителката – ја поцрвене во образите

Финалистот на втората сезона на „Пинкови ѕвездички“ Адам Лабунски имаше многу фанови од самиот почеток на натпреварувањето.

Светлана Цеца Ражнатовиќ истакна дека е посебен и дека има изглед и глас на ѕвезда.

Со самиот факт што дојде до самото финале, Адам ги оправда очекувањата на членовите на жирито и на пошироката публика.

Адам со своите фотографии на социјалните мрежи во најмала рака го воодушеви женскиот дел од популацијата.

Адам Лабунски неколку сезони по ред се натпреваруваше во музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“. Многумина можеби не се сеќаваат, но неговиот прв настап беше во емисијата на Жаре Бербер, „Кој те шиша“.

Иако, жирито во ова шоу на „Пинк“ телевизија беше воодушевено од неговиот настап и пред се неговата појава, Адам не успеа да стигне до финале, ниту пак да направи некој успех.

Очигледно, овојпат одлучил да ја смени и продукцијата и телевизијата и музичкото шоу. Односно од „Пинкови ѕвезди“, премина во „Ѕвездите на Гранд“.

Младиот пејач од Македонија стана познат и популарен благодарение на својот атрактивен изглед и учеството во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Но неговата слава не траеше многу долго. Имено, кога Адам Лабунски се појави во шоуто девојчињата од регионот полу деа по згодниот Македонец.

Тој ги освои сите со своите вокални способности, но и со својата долга коса и атрактивниот изглед.

Но заради еден инцидент што се случи во хотелот во кој беа сместени натпреварувачите од шоуто тој беше избркан од неговата менторка, Марија Шерифовиќ.

Имено, по скандалот што неговиот татко го направи уште во вториот круг, влегувајќи во расправа со Ѓорѓе Давид, Адам сепак успеа да влезе и во третиот круг.

Неговиот татко и покрај тоа што се извини, Марија Шерифовиќ ги шо кираше сите кога потоа, ненадејно ги извести дека нејзиниот кандидат, Адам Лабунски, е исфрлен од шоуто.

За неговите настапи и денес се’ уште се зборува, а голем дел од публиката се’ уште го сака.

Впрочем за тоа зборуваат и големиот број лајкови и коментари што ова момче со убава виткана коса ги добива под секоја од своите фотографии на Инстаграм.

Имено, тој има голем број фанови на социјалните мрежи, од кои повеќето се припаднички на понежниот пол.

На повеќето фотографии во центарот на вниманието е неговото мускулесто тело, а како што му порача еден фан, пејачот би можел слободно да позира за некое списание.

Инаку, таткото на Адам беше константна поддршка на својот син во Белград, додека се натпреваруваше.

Знаеме дека Ибро и неговиот син Адам Лабунски се популарни пејачи во Македонија, но тешко да можеме да разбереме зошто постариот Лабунски, таткото на Адам во една прилика се поткачи со Јелена Карлеуша, која е член во жирито на “Звезде Гранда”?

Во тоа популарно шоу сега се натпреварува и неговиот атрактивен син Адам, кој одлично се вклопи во програмата и кој со својата појава, како што велат многумина го освежи натпреварот.

Тој по настапот на неговиот син рече дека Адам може да е голема ѕвезда, но дека не ги слуша неговите совети и дека не сака да работи на пеењето.

На ова доби критики од Јелена Карлеуша, која му рече дека во шоуто не е важен тој, туку дека е важен неговиот син Адам .

– Ти си роден да бидеш ѕвезда, ти се смее ѕвездата, а доколку татко ти беше паметен ќе беше сега голема ѕвезда. Така да не го слушај татко ти, биди свој и ќе успееш во оваа работа“, рече Карлеуша.

Адам Лабунски, поранешен учесник на „Ѕвезда Гранда“, изјави дека сака да учествува на „Задруга“ за да се промовира.

– Која песна би ми ја посветиле?, го праша водителката на Пинк.

– Убавица, ѓавол, добри смее за рајот… Едно е сигурно, душо, најмногу ми недостигаш – ѝ пееше.

– Гледаш како тој… – рече Душица, која поцрвене додека Адам и’ пееше.

– Прекрасна си, морам да кажам – додаде тој.

– Благодарам… многу ми е драго што си овде. Секогаш оставаш впечаток – изјави водителката.

– На кого, освен мене, око ѝ ставивте во куќата? – го праша таа.

– Од учесниците? Само на тебе душо – и одговори шармантниот Македонец.

– Не им верувам на мажите! Само се шегувам, не си верувам, всушност – рече таа. Целото видео на „Пинк“ може да го погледнете во видеото ОВДЕ.

Previous articleТатјана Лазаревска сосема смени имиџ и летна од Мелбурн, ретко кој ќе ја познае ваква нова (ФОТО)
Next articleКралот Чарлс денес беше официјално крунисан – еве кои две личности беа покрај него