Home Live Пејачката Вики Среброва живее со 6.000 денари социјална пензија: Секогаш плачам кога...

Пејачката Вики Среброва живее со 6.000 денари социјална пензија: Секогаш плачам кога децата ми даваат пари, кажа таа за „Фокус“

Вики Среброва, нашата позната пејачка која има 66 години и одлично ги носи своите години испишани на лицето.

Единствена кор екција која ја напралила е липосукција на подбрадок пред 11 години, кога беше водителка на своето ток шоу „Викивизија“.

-Стареам достоинствено, без ботокс и филери. Дури не употребувам козметика за лице, ниту пак одам на козметичар. Колку и да ви звучи чудно, но најдобро средство за нега на лицето е водата.

Кога одам на настан или излегувам со пријателките ставам само пудра,кармин и римел. Тоа е доволно да ми се покријат старечките брчки, а да ми се истакнат устата и очите – откри таа во Женски магазин .

Вики Среброва во 1972 година ја стекна титулата „Најубава насмевка на Југославија“ која и ја додели весникот „Вечерње новости“.

Во 1973 стана прва придружничка на Мис на Македонија, а потоа беше и меѓу шестте најубави девојки на изборот на ниво на Југаславија.

Во 1974 стана „Мавровска убавица“. Паралелно беже анагжирана и како манекенка. ВЕЧЕР воо една прилика направи интервју со пејачката Вики Среброва, од другата страна на популарноста…..

-Мојата насмевка ја наследи мојата ќерка Ели што е и природно. Штета само што сега нема пак некој таков избор, бидејќи тврдам дека Ели би можела да се натпреварува и да ја повтори оваа убава семејна традиција…..

-Луѓето велат, дека само мојата насмевка е безвременска, дека на моето лице ќе опстојува сè додека сум жива.

Тоа го велат другите, не велам јас, самата не сум свесна за тоа, а тие другите моите пријатели, колеги, моите деца, моите внуци, тие веројатно најдобро ми ја забележуваат насмевката.

Затоа со право сум ја понела таа уникатната титула, која ете, фала му на Бога сè уште ме следи секој нов ден.Уште поинтересно е тоа дека мојата насмевка ја има наследено мојата ќерка Ели што е и природно.

Штета само што сега нема пак некој таков Избор, бидејќи тврдам дека Ели би можела да се натпреварува, да ја повтори оваа убава семејна традиција.

На прашањето на Вечер, дали токму поради Најубавата насмевка, таа толку често се смее, објаснува дека е личност која е постојано со позитивни мисли и ако во животот не и било ни најмалку лесно.

Двапати останувала без сопруг, поради нивната изненадно упокојување, па морала како самохрана мајка со три деца да се бори и снаоѓа како знаела и умеела. Но, никогаш не паѓала во разочарувања.

Голема радост во мојот сегашен живот се и моите внуци, секако покрај моите три анѓели, моите деца, синовите Бато и Нико и ќерката Ели, се разбира со снаите и зетот. Со сите нив ја наоѓам смислата на животот, раскажува Вики Среброва за ВЕЧЕР.

Во најновото интервју за Фоксу, таа си го отвори срцето и раскажа дека воопшто не ѝ е лесно во животот, и дека е во тешка финнансиска состојба.

Го поминав животот на македонската музичка сцена, оставив во нашите ризници над 80 авторски песни.

Сега, на мои 66 години, дочекав да живеам со социјална пензија од 6.000 денари. Се живее ли достоинствено со 6.000 денари, и дали јас ова го заслужив? – прашува фолк пејачката Вики Среброва..

Ова е жената која повеќе од три децении е присутна на сцената и која во минатото беше една од најангажираните кај нас.

За ,,Фокус” таа вели дека веќе не е на возраст кога може да има редовни настапи во локали, бидејќи времето си го направило своето.

Од државата немам никаква помош. Се срамам да кажам, но тоа е вистината, не би можела да преживеам без финансиската помош од моите деца. Јас сум мајка на три деца, баба на пет внучиња, зарем тие треба за мене да се грижат?

Наместо во овие тешки времиња да си ги гледаат семејствата, мора да мислат и на мене. Плачам секогаш кога децата ми даваат пари!

Ете, до таму сум доведена, оти сите институции се глуви за мене и за мојата состојба, раскажала Вики за „Фокус“.

Previous articleОва е сопругата на легендарниот Благоја Чоревски- еве што специјално направи за него (ФОТО)
Next articleГо прошета цел свет, а сега се капе ноќе во термални извори на море, нашата водителка не старее и згодна е како во цутот на младоста (ФОТО)