Home Live Пливачот Марко од Охрид ја отвори душата за упокоената мајка: Додека...

Пливачот Марко од Охрид ја отвори душата за упокоената мајка: Додека пливав ми текнуваше на неа и тоа ми даваше екстра мотивација (ВИДЕО)

Чудото од дете од Охрид, пливачот Марко Пејчиновски кој има 16 години на празникот Голема Богородица преплива 64 километри во Охридско Езеро и стана првиот што поминал толкава делница.

Откако преплива скоро 22 часа во вода и стигна на целта на пристаништето во Охрид го пречекаа неколку стотина луѓе.

Марко излезе со кренати раце и насмевка, оти успеа да ја оствари целта што си ја постави- во десет викенди да преплива 250 километри во езерото.

„Мислев дека ќе е дојдена само фамилијата да ме пречека. Се изненадив колку многу луѓе има.

Веднаш дојдоа да се сликаат, да се гушнеме и не можам да лажам, ми беше убаво. Бев изморен и не можев да им обрнам внимание колку што сакав“, вели Марко во разговорот за „Репортер“.

Тој и пред три години проба да ги преплива овие 64 километри, но тогаш се откажа поради болки во ногата. Вниманието на јавноста првпат го привлече кога на 12 години пливаше од Св. Наум до Охрид на соло маратон.

Пливаше со некроза на ногата, ретка болест поради која некогаш му е тешко да се движи и често трпи големи болки. Ни кажа дека плива само со рацете. Нозете не ги користи, па затоа и не се натпреварува на маратони.

Болеста му ја дијагностицираа во 2016 година, во веќе поодмината фаза, па затоа не можеле да направат ништо превентивно. Во меѓувреме, Марко направи две опе рации во Белград кој само ја намалиле болката.

„Некрозата е делумен прекин на циркулација на крвта, а кај Марко тоа е конкретно на левиот колк. Тој недостаток на крв предизвикува последици што се јавуваат со текот на времето.

Крајно решение е да се стави вештачки колк, но дури кога ќе заврши фазата на раст, а Марко ќе има 20-21 година“, вели неговиот татко Тони, кој е инаку поранешен пливач.

– На првото пливање, несвесно го направив тоа, затоа што верувам во такви работи, и оттогаш убаво ми иде, секогаш се крстам“, изјави Марко.

Искрен е дека пливањето му е сè, а школото баш не му оди. Професорите, вели тој, сепак имаат разбирање па го ослободуваат од часови за да оди на тренинг.

Низ муабетот зборуваше и за брат му кој му е најголема поддршка, како се справува со болеста.

Исто така имал повеќе трема на „Златна бубамара’ отколку кога плива, но и како е да се биде во вода речиси 22 часа без престан, како се спремаше за подвигот и дали догодина наместо десет ќе плива уште повеќе делници.

Минатата година се упoкои мајката на Марко. Веста ги најде затечени многумина. Марко За Репортер вели вели дека токму неа ѝ посветил еден од своите подвизи.

„Додека пливав ми текнуваше на неа и тоа ми даваше екстра мотивација, за побрзо да стасам да го завршам прво, најбитно. И кога ја видов прва претходната година, кога дојде да ме гушне, тоа ми донесе среќа.

Ми недостигаше многу, ама мислам дека многу убаво се справивме како семејство. Многу ми фалеше, ама морам да се справам со тоа. Тоа, светот продолжува“; изјави Марко во Репортер.

Инаку, интервјуто е правено и на чамец и на уште неколку места, а ОВДЕ можете да го погледнете целото.

Previous articleШеф Марк откако си замина од „Брза кујна“, во друштво на оваа згодна пејачка, ужива во животот
Next articleАна Бекута сподели емотивна приказна за својот роденден и раскажа за својата голема борба