Home Live Шеф Марк откако си замина од „Брза кујна“, во друштво на оваа...

Шеф Марк откако си замина од „Брза кујна“, во друштво на оваа згодна пејачка, ужива во животот

Марк Де Јонг пред неколку години дојде во Македонија. Дојде и остана решен тука да изгради нов живот, од почеток.

Набрзо стана препознатливо лице од ТВ екраните, како еден од двајцата готвачи-виртуози во телевизиското шоу „Брза кујна“ кое оди на ТВ „Сител“, заедно со неговиот колега и другар Никола Мишковски, шеф во ресторанот „Камник“..

-„Моето потекло е од Македонија затоја ја сакам оваа држава.

Моето семејство за време на земјотресот се преселиле во Белгија но после неколку години јас се вратив да го исполнам аманетот на баба ми која пред да по чине ме замоли да ја посетам оваа држава“, раскажувал Марк за style.mk.

Марк вели дека готви 38 години уште од неговата 15 годишна возраст. Нема омилено јадење и претежно готви француска кујна. Македонската кујна не ја знае многу добро но затоа тука е неговата сопруга која му готви преубави јадења а омилено македонско јадење му е тавче-гравче.

Член е и еден од основачите (заедно со Адријана Алачки, во функција на претседател и Љупчо Гиевски, потпретседател на Асоцијацијата и шеф на кујна во „Александар Палас“) на Националната асоцијација на готвачи на Македонија, која е примена во Светската асоцијација.

Марк де Јонг има македонско потекло, но со години живеел во Брисел каде по големиот земјотрес во Скопје се преселило и неговото семејство.

По 50 години, Марк се вратил во Македонија и одлучил тука да изгради потполно нов живот. Марк е одиличен готвач и знае да прави вистински македонски специјалитети. Што се однесува до неговиот приватен живот, Марк е во брак со Василка со која има две деца, ќерка и син.

Но, Марк летово објави дека за жал веќе нема д биде дел од „Брза кујна“.

-Мора да ви кажам на сите што ме следите … нема да бидам дел од наредната сезона на Брза кујна… се надевам оти ви е јасно за што не… се гледаме во нови предизвици и им пожелувам само многу успеси во новата сезона на Брза кујна !!!“, напиша Марк.

Марк Де Јонг и неговата сопруга Василка гостуваа во емисијата Магазин на Сител и таму раскажаа како им поминува нивното секојдневие.

„Пиеме кафе со една лажичка шеќер, и се трудиме да го редуцираме, и да стасаме до кафе без шеќер“, рече сопругата на познатиот кувар од „Брза кујна“.

-Потоа појадуваме, интегрално лепче, кашкавал, путер“, додаде Марк и рече дека каде што живеат, во Сопиште, тој го нашол својот мир.

„Јас доаѓам од Белгија, од центарот, од Брисел, и во Македонија го најдов својот мир, го најдов она што ми фалеше во Белгија“, рече Марк.

-Имаме нова слика, чист воздух, имаме убавина, не можам да ви ја опишам убавината“, изјави Марк, а потоа неговата сопруга потоа раскажа со што тој ја освои неа:

-Мислам дека, од првиот ден, ние настапивме со искрен разговор, и мислам дека, таа негова харизма, но и искрениот пристап е нешто што ми влезе во срцето. Но, исто морам да кажам дека Марк е многу позитивен човек.

Човек којшто има несекојдневна позитивна енергија, и тоа е тоа што навистина се случува. Јас сакам позитивни луѓе, сакам да ја споделувам енергијата со луѓето, затоа велам, секој што е среќен човек околу мене, ме прави среќна.

Се надевам дека нашата среќа, нашата позитивна енергија, споделена со нашите блиски, го прави животот малце поубав. Не само нашиот, и на нашите блиски“, рече Василка за својот сакан Марк.

Тoј на социјалните мрежи на Македонија ѝ го честиташе денот на незавосноста, и пред тоа имаше објавено повеќе слики од него и од сопругата Василка која славела роденден. Тие биле во познат ресторан, и им пеела пејачката Викторија Лоба.

Роденденско, опуштено, задоволство, напишал Марк и се сликал со сопругата и со убавата Викторија Лоба, но и наздравиле со коктели.

Previous articleСака скапи патувања и луксуз – ова се навиките на новиот британски крал Чарлс
Next articleПливачот Марко од Охрид ја отвори душата за упокоената мајка: Додека пливав ми текнуваше на неа и тоа ми даваше екстра мотивација (ВИДЕО)