Home Live Нашата позната пејачка се прости од астрологот Душан Величковиќ кој завчера ненадејно...

Нашата позната пејачка се прости од астрологот Душан Величковиќ кој завчера ненадејно си замина, и кажа колку ѝ помогнал во животот

На 60-годишна возраст ненадејно се упокои Душан Величковиќ, познат астролог. Величковиќ на пошироката јавност и стана познат кога почна да се појавува на телевизија.

Беше чест и популарен гостин во популарните емисии, а ја користеше секоја прилика да го сподели своето знаење од астрологијата.

Тој ги даваше своите предвидувања за врските на познатите личности, а во една прилика тврдеше дека Милош Теодосиќ и Јелисавета Орашанин „никогаш нема да бидат среќни заедно“.

Неколку години пред разводот на Северина и Игор Којиќ, тој го коментираше нивниот брак.

„Севе и Игор не можат да преживеат заедно поради многу причини. Како прво, жената која е толку многу поуспешна од нејзиниот маж, очигледно нема до себе личност која може да и парира, а судејќи по нејзината природа,

штом наиде на некој поинтересен од Игор, тој ќе стане завршена приказна. Северина сега е во тежок период и се справува со некои свои проблеми, а на малиот Игор не му се допаѓа да биде нејзин шофер, момче, бебиситер и се останато.

Незадоволство крчка во него, па оваа година сама по себе е криза за нив двајца. Во секој случај им давам плафон од две години повеќе од тоа нема шанси да бидат заедно “, рече тој за славната двојка која стави точка на бракот во 2021 година.

Сепак, повеќето од своите прогнози ги даде во рамките на „класичната“ астрологија и ги советуваше гледачите како да го надминат, на пример, ретроградниот Меркур, како и другите ѕвездени „предизвици“.

„Постојат два типа на луѓе кои не веруваат во астрологијата. Еден се луѓе кои не сакаат да го прифатат фактот дека постои повисока сила што може да влијае на нив, а другиот се луѓе на кои астрологијата им е како изговор.

Верувањето го создава нашиот живот и само таа вера може да ни помогне“, изјави во една прилика Величковиќ.

„Хороскопот ја предодредува нашата животна мисија. Затоа кога некого ќе прашате што кажува во хороскопот, несвесно го прашувате од каков материјал е направен.

Сите ние сме родени со мисија и животен пат. Многу луѓе бегаат од тоа, по некоја линија на помал отпор, по примерот на некој друг. Само 20% од луѓето ја живеат својата мисија, а другите 80% не размислуваат за мисијата, туку за опстанок.

„Луѓето доаѓаат кај мене и им помагам да донесат правилни одлуки во одредено време и да ја постигнат најдобрата верзија од нивниот живот.

Сè е напишано во редовите на среќата, а кога ќе се поклопиме со матичната карта и хороскопот, знаеме кога е идеален период за некој важен животен потфат“, рече во една прилика Величковиќ.

Вчера се упокои познатиот астролог Душан Величковиќ на 60 годишна возраст. Како што дознаваме, тој бил пронајден во несвест во базенот од друг корисник на „Велнес и Спа центар“ во Белград. Тој што го пронашол, веднаш ги алармирал вработените, па била повикана брза помош.

За жал, Величковиќ се упокоил, а тоа го потврди и неговото семејство, рано изутринава.

„Драги наши пријатели, со голема тага во срцето и душата ве известуваме дека нашиот сакан Душан не напушти и отиде во рајот меѓу своите ѕвезди. За местото и времето на погре бот ќе ве информираме подоцна. Семејството Величковиќ“, напишаа тие.

Душан беше еден од најпознатите астролози во Србија и често гостуваше во разни телевизиски емисии.

Пред само 6 дена, тој на својот Инстаграм профил објавил фотографија со неговата сопруга, а поводот е нивната годишнина, сребрена свадба.

„Сè започна на денешен ден пред 25 години на штандот на Беза и сè е исто, само Дунав продолжува. Живела, љубави,“ напиша Душан.

Од познатиот астролог се прости и нашата позната пејачка Антониа Гиговска која напиша емотивни зборови за него.

,,Дуле мој, прерано… Нека те чуваат ангелите.. Те познавав кратко, но за тоа кратко време ме направи подобра личност, ми помогна да верувам во себе и она што доаѓа..

Сочувство до фамилијата, напиша Антониа.“

Previous articleКралот Чарлс денес беше официјално крунисан – еве кои две личности беа покрај него
Next articleПатник што летал со Хари во авионот, проговори во каква состојба бил принцот за време на летот