Home Live Спенџарска: Под итно да се воведе период на адаптација како во градинките,...

Спенџарска: Под итно да се воведе период на адаптација како во градинките, а Бубе се надоврза

Во Женски Магазин, Бубе Јаневска зборуваше како ослабела и сега изгледс топ:

– Веројатно, нема подобра причина од чувството дека не ти е удобно во сопствената кожа. И секој од нас, претпоставувам дека има точка до која оди ,,надолу”, а потоа се буди и решава да ги смени нештата. Така и јас.

Тоа што бев незадоволна како изгледам ми донесе ниска самодоверба, затворање во себе, некаков револт којшто не знаев како да го контролирам и како да се справам со него.

Потоа гардеробата… Стилот кој го негувам, како растеа килограмите, така исчезнуваше.

Почнав да се затскривам зад поширока облека, да се закопчувам до грло, да избегнувам да носам дури и штикли. И наоѓањето соодветна позиција пред тв камерите каде што нема да се познава вишокот почна да ми станува секојдневна преокупација, па дури и да ме фрустрира. Тоа едноставно не бев јас.

Откако знам за себе, никогаш не сум имала проблем со килограмите, ниту, пак, некогаш сум држела диети. Сум имала идеална тежина која со плус, минус 1-2 кг сум ја одржувала без многу мака.

Но, во текот на бременоста отидов многу во плус со килограмите кои по породилниот период ги минусирав близу до моите идеални.

И оттука мислам дека започна се`. Увидов дека можам лесно и брзо да се ставам во ред и почнав многу да не внимавам. Почнав да разгледувам и се појави една Фејсбук страница на која видов неверојатни резултати, поткрепени со фотографии, со бројки од изгубени килограми.

Бев позитивно изненадена од тоа што го споделуваа луѓето. На две недели губеле по 2-3 килограми, па и повеќе. Тоа што го видов беше доволна мотивација за да го наравам првиот чекор. Искомуницирав со Емилија Спасовска – Мојсовска.

Првото прашање што ѝ го поставив беше дали ѝ е специфична програмата за исхрана, во смисла дали клиентот мора да се придржува на планот или има право да каже дека тоа и тоа не го јаде, да не се става во мени.

Кога добив потврден одговор дека клиентот во нејзиниот прашалник може да запише која храна не ја јаде и врз основа на тоа ја создава програмата, знаев дека ја имам добитната комбинација. И` кажав што ми е целта, и мојата борба против килограмите почна.

Го добив менито, ги обезбедив потребните продукти и почнав да се адаптирам на новиот начин на исхрана. Признавам, воопшто не ми беше лесно. Замислете дека некој што не пие доволно вода требаше во еден ден да испие 2,5 литри вода.

Исхраната е разновидна, со многу салати и омилени јадења, барем за мене. На секои две недели, според мерките, добивав ново мени и така не станува монотона исхраната.

Морам да признаам дека слабеев, но и уживав во тоа“, рекла Бубе која има ќеркичка и е среќно мажена.

– Со минус 10 се чувствувам феноменално. Можете да кажете дека 10 се ништо, но и за нив е потребно многу трпение, упорност и волја, како и за нечии 20, 30 или 50 килограми. Покрај тоа што ги загубив килограмите, најважно од сe` е што продолжив со ваквиот начин на исхрана.

Познато е дека Јелена Спенџарска и Бубе Јаневска покрај професионално, се дружат и на приватен план. Бидејќи Спенџарска е таа ,,подивата” често во Канал 5 знае да и стави некој филтер на Бубе на лицето и потоа да ја објави на нејзиното стори.

Спенџарска утрово беше пријатно изненадена кога стигна во канцеларијата на Канал 5. Си најде подарок на маса, а се разбира дека е од Бубе Јаневска со која многу се дружат и често се заедно.

,,Утринско изненадување од мојата колешка”, a подарокот беше големо шише вода со судоку.

,,Бубе знае дека вода многу пиеме, не пиеме помалку од 3 литра, знаете колку станав зависна од судоко, Бубе ма, ај лав ју.

Ќе ми недостога твоето внимание, никогаш досега не си ми згрешила подарок, баш напротив секогаш си ми го подарувала најдоброто. Многу сум среќна што работам со личност како тебе”, напиша Јелена на објавата.

Спенџарска се врати на работа после неколку месеци што беше отсутна од Канал 5 и првиот работен ден го евоцираше во спомен-слика, под која напиша:

„Враќањето на работа после одмор треба да биде постепен, полека, без никакви шокови . Под итно да се воведе период на адаптација како во градинките,

првиот ден доаѓаш чисто да видиш што има, вториот ден да си поиграш малку, третиот можеби и ќе останеш два саати, па таму тек после недела дена – целосно работно време !!“ напиша Спенџарска, на што Бубе се надоврза:

„Ти дадовме еден ден за да не се шокираш“, на што Спенџарска кажа: „Тоа ради тебе само.“

Previous articleПатник што летал со Хари во авионот, проговори во каква состојба бил принцот за време на летот
Next articleВистината на виделина: Пејачката Зорица Марковиќ рече дека Тома не бил заљубен во Силвана, како што го напумпале филмот