Home Live За утре многумина прават грешка и мислат дека е строг пост, но...

За утре многумина прават грешка и мислат дека е строг пост, но не е така – еве зошто

Последниот старозаветен пророк свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстел Исус Христос во реката Јордан.

Тој е наречен и Претеча што значи претходник, зашто со своето учење навистина му претходел на Исус, одел пред него, го повикувал народот на покајание и го најавувал доаѓањето на Спасителот.

„Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети“, говорел свети Јован додека го покрстувал народот.

Многумина Јудејци доаѓале кај него за да бидат крстени, а многумина го почитувале како вистинскиот Спасител.

Јован сведочел дека Исус е синот Божји. „Он треба да расте, а јас да се смалувам! Кој доаѓа одозгора, тој е над сите, а кој доаѓа од земјата, земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото над сите е“. (Јован, 3/30-31)

Почитувајќи го како најголем пророк, Црквата му посветила неколку празници во годината. Во христијанскиот календар се празнува денот на неговото раѓање (Иванден, 7. VII/ 24.VI) денот на неговото погубување наречен От сечение главата на Свети Јован, потоа за голем празник се смета и денот кога св. Јован го крстил Исуса во реката Јордан, Собор на св. Јован Крстител (денот по Богојавление 20/7. I.)

На 24 февруари (с.с.) се празнува Првото и Второто, а на 15 мај (с.с.) и Третото наоѓање главата на св. Јован кога таа е пренесена во Цариград итн. Така, во христијанската вера св. Јован е една од ретките личности покрај Исус и Пресвета Богородица кому Светата црква му посветила повеќе празници.

Оттука може да се види и значењето на овој лик во христијанската вера и, воопшто, во верувањата на нашиот човек.

Во народниот живот и во народното верување свети Јован е значаен и по тоа што тој го има кумството и побратимството, зашто како што се кажува во преданијата и како што се пее во песните, кога светците ги делеле функциите свети Јован ги добил кумството и побратимството. „Свети Јован – кумство, побратимство“, се пее во една песна од Дебарско.

Значењето на Свети Јован Крстител неговиот голем култ воопшто во христијанскиот свет оставил значајни траги и во традицијата на македонскиот народ.

Па така како и другите празници посветени на овој светител и овој ден се празнува со многу внимание, со домашни, селски или поголеми свечености и сл.

Празникот Отсеч ение главата на св. Јован Крстител е еден од петнаесетте големи христијански празници, а за подостоинствено празнување и за сочувство со страдањата на св. Јован од страна на Светата црква одреден е строг пост.

Но, бидејќи се паѓа во недела, разрешено е масло и вино. Имено, во недлеа никогаш не се пости строго, па ниту во сабота, освен еднаш во годината, а тоа е Велика Сабота.

Сепак, како што многу православни отци беседат, многу поважно е што излегува од устата, отколку што се внесува, а исто така, особено важно е да се отиде во црква, на литургијата посветена на светецот.

Оние кои постат секоја среда и петок, кои се исповедени и имаат Благослов од својот духовен отец, може да се причестат со светите тајни, што преставува заедништво со нашиот Спасител!

Луѓето исто така велат дека утре е добар ден за берење лековити билки.

Previous articleВистината на виделина: Пејачката Зорица Марковиќ рече дека Тома не бил заљубен во Силвана, како што го напумпале филмот
Next articleДоцна синоќа, Адријана Алачки на емотивен начин се прости од свекрвата: Со неа поминав долги години од мојот живот