Home Live Доцна синоќа, Адријана Алачки на емотивен начин се прости од свекрвата: Со...

Доцна синоќа, Адријана Алачки на емотивен начин се прости од свекрвата: Со неа поминав долги години од мојот живот

Синоќа се упокои мајката на маестро Горан Алачки, македонскиот најпознат хармоникаш на сите времиња.

Тажната вест, дека мајка му Натка заминала од овој Свет, Горан Алачки ја соопшти на својот профил на социјалните мрежи:

„Почина мојата мајка Натка Алачка. Погребот е утре Недела во 13.30 на градските гробишта во Радовиш“.

Горан Алачки често споделуваше фотографии со мајка му. Последните години таа имаше проблеми со здравјето.

На последниот нејзин роденден, Горан Алачки напиша: Влегуваме во деветатата деценија“.

Инаку Горан Алачки, сега е во врска со познатата ТВ водителка Марина Дојчиновска, со која пред неколку години, заедно беа во Пакистан кај Хунзите, каде веројатно и се родила љубовта меѓу нив двајцата.

Оттогаш наваму, тие постојано објавуваат заеднички слики, а Марина дури и проговори за нивната врска во неколку интервјуа на македонските медиуми.

Пред Марина Дојчиновска, Горан Алачки беше оженет со исто така познатата ТВ водителка и поранешна пејачка, Адријана Алачки, со која имаат две деца.

По упокојувањето на мајката на Горан, Натка, синоќа на својот профил на социјалните мрежи, се огласи и Адријана Алачки, со преемотивна порака.

Од напишаното, може да се заклучи дека Адријана останала во одлични односи со својата поранешна свекрва Натка, која се грижела за нејзините деца и секогаш излегувала во пресрет.

Од фотографиите кои ги сподели Адријана, може да се види дека свекрвата и гостувала и во емисиите за готвење, кои низ годините наназад ги води популарната водителка, која гледачите многу ја сакаат.

„Сеуште го паметам мирисот на твоите малешевски зелници, пишии и твоите кадн’ки…никој не знаеше подобро од тебе…ти благодарам за СЕ!!!“

Еве го целиот статус, кој го објави доцна синоќа Адријана Алачки и со кој се простува од својата свекрва:

„Со голема тага и силна болка ја примив веста за смрта на мојата свекрва, Натка Алачка. Беше борец, силна, одлучна, но тивка и кревка. Беше пример за сопруга, мајка, баба, пријател.

Со неа поминав многу долги години од мојот живот, ми беше поткрепа во животните метежи, се радувавме и плачевме заедно и секогаш ќе ми останат сите нејзини совети како една книга оставена во аманет.

Беше прекрасна, грижлива и посветена баба на моите деца. Секогаш велеше,, терај си ја работата, јас сум тука”. Сега веќе не си тука, но вечно ќе живееш во нашите срца, спомени и времиња.

Твоето име ќе се спомнува, затоа што остави добри дела позади себе. Беше столб во семејството, не дозволуваше ниту една бура да те разниша, секогаш беше со главата горе, горда и достоинствена.

Сеуште го паметам мирисот на твоите малешевски зелници, пишии и твоите кадн’ки…никој не знаеше подобро од тебе…ти благодарам за СЕ!!!

Летај кај ангелите, светол да ти е патот, почивај барем сега во мир! Лесна ти земја, божествена мајко.“

Previous articleЗа утре многумина прават грешка и мислат дека е строг пост, но не е така – еве зошто
Next articleСестрата на Натали си замина од Македонија со саканиот, еве каде живее сега и со која позната водителка на настан изгледаа топ (ФОТО)