Home Live Габриел Бајpам го ожени cинот на голема веселба во познат хотел, на...

Габриел Бајpам го ожени cинот на голема веселба во познат хотел, на ваква убава снаа од внукот ќе ѝ се израдуваше Амди да беше жив (ВИДЕО)

Претседателот на политичката партија Сојуз на Ромите од Македонија и поранешниот пратеник, Амди Бајрам секогаш беше интересен за јавноста. Тој се упокои на 64-годишна возраст, во октомври во 2020 година.

Информацијата за загубата на Бајрам ја соопштија од партијата Сојзуот на Ромите од Македонија (СРМ).

-Цели 14 дена сум по болници, со тешка бронхопневмонија, со инфузии, инхалации, инјекции, лекарства…

И покрај тоа, јас решив да го испочитувам НАТО, да го испочитувам собранието, и болен, со температура право од болница да дојдам во Собрание. Како да се однесува, каков да биде болен човек?

Нормално дека ќе следам седници со подзатворени очи, кога немав енергија за ништо друго – за „Фокус” раскажа пратеникот и претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам пред да се упокои.

Негова фотографија, на која што во Собранието седи со затворени очи се најде во повеќе медиуми, и веста дека Амди го „преспа“ НАТО и често задремува во собраниската сала беше една од најкоментираните теми на социјалните мрежи.

Сепак, како што изјави Бајрам, вистината била сосема поинаква, бидејќи тој две недели бил во доста лоша здравствена состојба.

-Многу вредам, па затоа постојано ме пишуваат и гледаат дури и кога ќе трепнам! Јас секој ден во дневна болница, кој не верува може и да провери, со терапија, тешка бронхопневмонија, ама собрав сили и ги испочитував и НАТО и сите процедури.

Да беше некој друг со мојата дијагноза, тешко дека ќе дојдеше во Собрание. Но, собрав сили, по четири часа на инфузија дојдов право во Собрание.

Имав многу силно воспаление, но и тоа не ме спречи да дојдам на свечената седница за ратификација на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО – појасни тогап пратеникот.

Габриел Бајрам, наследникот на Амди Бајрам на лидерското место во партијата Сојуз на Ромите, во една прилика на својот профил на социјалните мрежи напиша:

„Сине мој, слико моја, наследнику на тато, гордост татина, Денес ти е роденден и сите сме радосни исто како и кога си се родил пред 20 години.

Отсекогаш го имаше карактерот и храброста на тато, Те израснавме со љубов но и со грижа да не ти се случи нешто.

Знаеш дека твојата желба за нас, отсекогаш била заповед. Дека твоето барање за нас беше наредба. Сине наш, знаеме што сонуваш и знам што отсекогаш си посакал.

За тебе, тато се ќе даде па дури и душата своја, дури и очите, дури и срцето…. но сепак, толку те сакам што не сакам да ти се случи било што, сакам да те заштитам.

За овој 20-ти роденден, ти купив две подароци, ама само еден ќе ти дадам. Кој? Самиот ти ќе бираш. И двата ти се од срце, но сепак, едниот е без услов а вториот е со услов.

Едниот подарок е твој и клучевите ти ги даваме веднаш и сега! Вториот подарок е со услов и се зависи од тебе а сведок сакаме да е Аллaх.

Знам дека го посакуваш, знам дека ти е при срце, ама ете… Сине се пла шам за тебе.. премногу и затоа сакаме да ни ветиш нешто, и тоа пред Господ да се заколнеш во џамија:

Нема да возиш повеќе од 150 на час. Ќе возиш внимателно и ќе пазиш на секое твое движење. Ќе го чуваш и негуваш, бидејќи е твој и ничиј друг. Ќе го почитуваш дадениот збор.

Имено, Габрил Бајрам, синот на Амди реши роденденот на својот син Валентин го прослави со стил. По тој повод, имало забава покрај базен, и пеел македонскиот пејач Цаки Кисми кој на снимките што ги објави се гледа како држи бакшиш во рака,

Притоа и снимаше како тато Габриел на синот му го врачува роденденскиот подарок кој е доста вреден.

А истиот ни помалку ни повеќе е Мерцедес џип од класата Г чија пазарна вредност се движи над 100.000 евра.

Сношти во Скопје имало весела свадба, во хотелот Александар Палас, а се оженил токму Валентин, синот на Габриел. Снимка од оваа веселба објавил Ѓорѓи Галетановски алијас Чомбе, поранешниот директор на скопската Зоо.

Галетановски објавил снимка од танцот на невестата ина младожењата, и сигурно дека ако Амди беше жив ќе ѝ се израдуваше на својата убава снаа и на опваа веселба.

А веселбите во фамилијата Бајрам останаа традиција уште од Амди.

Дознаваме дека на синоќешната веселба, пеел мега популарниот српски пејач, Адил.

Previous articleСестрата на Натали си замина од Македонија со саканиот, еве каде живее сега и со која позната водителка на настан изгледаа топ (ФОТО)
Next articleТатјана и Новица со синовите на луксузен одмор во „рајот“- ни беше ладно и досадно во Мелбурн, сите си заминаа за Македонија (ВИДЕО)