Home Live Митко Јанчев синоќа им го направи ќефот на кавадарчани – ни помалку...

Митко Јанчев синоќа им го направи ќефот на кавадарчани – ни помалку ни повеќе, го донесе да ги забавува големиот Харис Џиновиќ

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев е голем вљубеник и помагател на спортот.

Тој пред некое време објави слика како вози во кола и им порача на играчите на Тиквеш дека не се сомнева во нив:

„Почитувани играчи и тим на ГФК ТИКВЕШ! Како прв човек на градот, воедно и нашиот градски клуб ГФК Тиквеш, со нетрпение чекам да заврши натпреварот и да ве пречекам во нашиот град Кавадарци.

Како и во многу работи, така и во фудбалот Кавадарци било и ќе биде. Вашата професионалност е наша гордост момци, до крај!

Напред за победа ! Кавадарци за сите, а ние за Кавадарци ! Со почит, Градоначалник Митко Јанчев.“

Тиквеш навистина победи, а потоа почна веселбата. Митко Јанчев ги сподели видеата од славјето!

Инаку, голема поддршка на Митко Јaнчев е неговата сопруга Веселка и имаат три деца. Кога таа прослави роденден, Јанчев ѝ напиша емотивна честитка:

Убавите моменти во животот се паметат засекогаш“, вака ја започна својата честитка градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев по повод 38 роденден на својата сопруга Веселка.

На својот официјален профил на Фејсбук Јанчев сподели две фотографии од прославата. „Убавите моменти во животот се паметат засекогаш.

Градоначалникот Митко Јанчев заедно со семејството го прославуваат 38от роденден на сопругата г-ѓа Веселка Јанчева“, пишуваше под сликата.

Во својата слика која тогаш ја објави на Фејсбук, Јанчев е сликан со сопругата Веселка и со нивните три деца. Поводот е специјален.

Имено, првата гордост на Митко и на Веселка, синот Никола го прославил својот 18-ти роденден. По тој повод, Јанчев објавил слика од прославата на роденденот на синот и напишал:

– Најголема радост за еден родител е да биде сведок на безгрижното детство на своите деца, палавото тинејџерство а потоа и влегувањето во светот на возрасните. Денес е голем ден за семејството Јанчеви. Првородениот син Никола денес слави полнолетство.

Гордост е да му го покажеш вистинскиот пат на своите деца , гордост е да гледаш како неуморно сакаат да учат од родителите. Среќен 18 ти роденден Никола.“, стои до семјената слика од Јанчеви.

Митко Јанчев пред некое време не се појави на гостувањето на телевизија 24, бидејќи добил закани по живот на неговата сопруга ако се појави во емисијата. Тој потоа телефонски се вклучи и објасни што се случило.

-Последниот месец дена константно добиваме закани на Фејсбук и по СМС. Меѓутоа денеска добивме закана по телефон на мојата сопруга и тоа беше причината да сакам да останам вечерва со семејството. Јас имам пријавено во полиција.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, вели дека неговото семејство започнало да се смирува по заканите по живот, упатени кон него и неговата сопруга Веселка, пред неколку дена.

Со сопругата, тие се родители на три малолетни деца, Никола, Стојанче и Мила. Во разговор за ,,Фокус” Јанчев откри дека по сите вознемирувачки настани, тие се движат без обезбедување низ градот, и како е задоволен од работата на МВР во врска со случајот.

-Сите дома сме потсмирени сега. Сопругата и децата се движат слободно низ градот, немаме обезбедување, излегуваат заедно со мене, кога имам слободно време – вели Јанчев.

Околу тоа дали е откриен идентитетот на заканувачите, тој раскажува дека нема таква информација, но потврдува дека е задоволен од работата на МВР, каде ги пријавил заканите уште пред неколку дена.

Неговата сопруга Веселка одби јавно да раскаже за преживеаниот ст рес, а Јанчев исто така не сакаше да открие точно со кои зборови и се заканиле.

Поради заканите тој го откажа гостувањето во емисијата 24 Отворено, и откри дека последниот месец константно добивале закани по СМС и на социјалната мрежа Фејсбук.

Тогаш, во телефонски разговор образложи дека заканите кон неговата сопруга биле причина да не присуствува на дебатата.

Митко Јанчев синоќа го почести Кавадарци со уште еден балкански познат пејач, а во објавата на „Тиквешки Гроздобер Кавадарци“ сликани се Харис Џиновиќ со градоначалникот.

„Муштулук, Паришке капије и многу други негови песни се пеат вечерва во Кавадарци. Градоначалникот му посака добредојде на Харис Џиновиќ.

Кавадарци повторно гори. Втора грозберска ноќ,“ стои во објавата, а во коментарите сите го пофалија градоначалникот за неговиот потег.

Previous articleТурунџиева замина на местото со кое ја врзуваат спомени кои и после 6 години не бледеат
Next articleЛидија Вукиќевиќ покажа како средила низ дома, блазе си му на Италијанецот со ваква вредна домаќинка (ФОТО)