Home News Само што седна во кралската фотелја, проблем за Чарлс – една од...

Само што седна во кралската фотелја, проблем за Чарлс – една од државите на која е монарх, сака да спроведе реферндум за тоа да се смени

Упокојувањето на кралицата Елизабета Втора во четвртокот предизвика – во услови на меѓународна жалост – обновена дебата за влијанието на британската империјална власт и идните односи меѓу Обединетото Кралство и некои од тие земји.

На пример, пишувајќи за Insider, кенискиот автор Патрик Гатара ја опиша британската монархија, а со тоа и владеењето на покојната кралица, како „изградени врз систематски и постојан напор да се избрише вистината за колонијалното потчинување“.

Тој додаде дека „повлекувањето на ОК од Нејзиното колонијално владеење беше придружено со уништување, кражба и прикривање на огромни купишта документи, со детали за систематско злоставување затвореници за време на воената состојба во Кенија во 1950-тите.

Но, дискусиите за иднината на Комонвелтот и за останувањето на британскиот монарх како шеф на државата на други земји веќе се водеа пред нејзината упокојувањето на кралицата.

На пример, во ноември 2021 година, Барбадос ја отстрани кралицата како шеф на државата и стана република. Вкупно 17 држави го сменија шефот на државата за време на нејзиното владеење.

По свечената церемонија вчера во Лондон, кралот Чарлс беше прогласен за крал и на Канада на свечена церемонија во официјалната резиденција на генералниот гувернер во Отава.

Сега Чарлс е прогласен и за шеф на државата Австралија и Нов Зеланд. Во Нов Зеланд, во парламентот во Велингтон, тој беше прогласен за монарх. Тој е и шеф на државата во Австралија, иако неговата улога е главно церемонијална.

– Кралот Чарлс постојано ја покажува својата длабока грижа за нашата нација. Нашите луѓе длабоко го ценат овој однос. Не се сомневам дека ќе се продлабочи – изјави Џасинда Ардерн, премиерка на Нов Зеланд.

Но веднаш, за кралот Чарлс се појави проблем. Поранешната колонија на Британската империја, Антигва и Барбуда ќе одржи референдум за смена на Чарлс Трети од функцијата шеф на државата.

Антигва и Барбуда, земја на Комонвелтот и поранешна колонија на Британската империја, ќе одржи референдум за станување република и смена на кралот Чарлс Трети од функцијата шеф на државата, најави нејзиниот премиер.

Премиерот Гастон Браун за британската ИТВ изјави: „Ова е прашање што мора да се стави на референдум за народот да одлучи“.

„Ова не е чин на не пријателство или каква било разлика помеѓу Антигва и Барбуда и монархијата, но тоа е последниот чекор да се заврши тој круг на независност, за да се осигураме дека сме навистина суверена нација“, рече тој.

Браун рече дека гласањето најверојатно ќе се одржи во следните три години.

Кралот Чарлс III е монарх и шеф на државата на 14 земји надвор од Велика Британија, вклучувајќи ги Антигва и Барбуда.

Previous articleДушица: Работев како дадилка во Германија, секој ден плачев и се молев да се вратам дома
Next articleКажа дека му била швалерка на Видоје и објави слики од заеднички „четови“: Борна ја растури Николина