Home Live Сестрата на Натали си замина од Македонија со саканиот, еве каде живее...

Сестрата на Натали си замина од Македонија со саканиот, еве каде живее сега и со која позната водителка на настан изгледаа топ (ФОТО)

Натали Грубовиќ важеше за една од најубавите македонки, ангажирана на многу модни ревии и кампањи. Во последните неколку години се помалку може да се сретне во јавноста или да се прочита нешто за неa.

Наталија Грубовиќ јавноста ја засака под прекарот Натали, кој всушност дојде од Игор Џамбазов, во времето кога заедно водеа Бинго. Цела Македонија го повторуваше она легендарното „Натали, Дај му на човекот“, што Џамбазов го кажуваше на мошне симпатичен начин.

„Јавноста ме знае како бинго девојка, како лото девојка, а малкумина знаат дека јас сум дипломиран филолог по англиски јазик.

Во меѓувреме завршив Бизнис академија, Кембриџ бизнис студии во Белград, ги завршив постдипломските студии на Економскиот факултет во Скопје“, рече Натали во емисијата „Живот со стил“ со Елена Стефановска.

Познатата манекенка и бинго девојка, сега специјалист на маркетиг и ПР, веќе седум години живее во Нови Сад, Србија. Натали се омажи за бизнисменот Дејан Глушац. Нивната ќерка , која се вика Натали, по прекраот на мајка ѝ, наскоро ќе наполни пет години.

-Со радост се сеќавам на моментите од минатото. Убаво се работеше, убаво се живееше, но и сега не е лошо. Секој период од животот си има своја убавина. Сега ја наоѓам убавината во други работи.“

Мајчинството ја промени одвнатре, но надворешноста остана иста…На својата ќерка и го даде името – Натали“, објави во една прилика Момент.мк

„Не ми се веруваше дека толку многу ќе ме промени мајчинството. Откако ја добив мојата ќерка, животот ми е целосно променет. Таа е центарот на мојот свет.

Мојот сопруг беше „виновник“ за името. Кога прв пат ми ја кажа таа желба, бев против тоа, но тој инсистираше и беше упорен. Името многу и одговара!“, рекла Натали.

Познато е дека Натали има уште една сестра, д-р Радица Грубовиќ – Растворцева, која е раководител на Институт за трансфузиона медицина во Скопје.

Сестрите често објавуваат заеднички фотографии oд нивните дружења и патувања. Речиси секое лето, тие се во Црна Гора.

Нo, помалку е експонирана нејзината помала сестра Маријa, која во 2018 година беше кај Натали во Нови Сад, за да ја прослават заедно Новата година. Тогаш сестрите објавија заедничка слика.

Трите убавици: Натали, Радица и Марија ретко објавуваат слики заедно, се освен кога има посебен повод за тоа.

На Марија ѝ беше роденден, па Натали објави стори со сестра си, и фотографија со двете сестри на кои трите изглеаат прекрасно.

Марија потоа беше на гости кај свиојата сестра во Нови Сад. Таа објави стори со сестра си, и на оваа слика на двете убавици, Натали докажа како времето за неа да застанало, таа е иста од времето на Бинго.

Марија Грубовиќ, најмалата сестра на Натали и на Радица, судејќи според сликите на нејзиниот Фејсбук профил, сега живее во Канада. Таа со нејзиниот сакан Бојан, објавува слики од Монтреал, како уживаат во прошетките низ убавините на овој град.

Но, на одмор биле во Куба, од каде што исто така е објавена убава слика на социјалните мрежи.

Најновите слики на Марија се поврзани со настан на кој таа облекла бел краток фустан, но не е невеста.

Убав настан со уште поубави луѓе, стои на сликата на која е означена Марија. Но, ако се погледне поубаво, на сликите е и Ели Танасковска, нашата позната новинарка која во моментов е на гости, кај ќерката во Канада.

И ели и Марија и сите на сликата изгледаат одлично, и привлекуваат внимание со имиџот и со стилот.

Previous articleДоцна синоќа, Адријана Алачки на емотивен начин се прости од свекрвата: Со неа поминав долги години од мојот живот
Next articleГабриел Бајpам го ожени cинот на голема веселба во познат хотел, на ваква убава снаа од внукот ќе ѝ се израдуваше Амди да беше жив (ВИДЕО)