Home Live Татјана и Новица со синовите на луксузен одмор во „рајот“- ни беше...

Татјана и Новица со синовите на луксузен одмор во „рајот“- ни беше ладно и досадно во Мелбурн, сите си заминаа за Македонија (ВИДЕО)

Нашата пејачка Татјана Лазаревска која долги години со сопругот Новица Васлилевски и со сниновите Петар и Стефан живее во Австралија, во една прилика на нејзиниот фејсбук-профил објави фотографија на која се на пикник, заедно со нејзиниот сопруг и уживаат во сончевото време.

„Убаво е чувството кога знаеш дека за сè во животот имаш на кого да се потпреш“, напиша таа во описот на објавата.

Новица и Тања ниту таму не се откажаа од нивната голема љубов – музиката, па често имаат настапи и во дијаспората. Но, сепак домаќинските навики и македонското во нив не згасна.

Тие пред извесно време се пофалија дека заедно со пријателите си направиле ајвар. Во Австралија има се што човек може да посака, но го нема добриот македонски ајвар.

За време на строгиот карантин во Австралија, Татјана изјави дека песната е нејзина терапија и ѝ помага да ги издржи овие тешки мигови и пред да запее раскажа како всушност живее во периодот на карантинот.

– Добро вечер, тежок локдаун. Нема мрдање, само песната е лекот! Мене ми е ова психотерапија и сакам да дадам енергија, и да добијам повратна енергија за да можеме да ја издржиме оваа торт-ура, за кого како.

Јас како што кажав и овој пат ќе кажам, сакам да се дотерам, сакам да си се поднашминкам, така. Добро утро на вас, на нас добровечер. Осум ипол е веќе. Јас си се спремив, ќе пеам, кој пее зло не мисли, кој сака нека слуша.

Битно е да си разминемине енергија луѓе, да издржиме, кој знае уште колку ќе бидеме затворени вака. Нема свадби ништо такви работи, мораме вака да си пееме, да си уживаме. Кој сака, нека изволи.

Убава музика, ќе се поздравуваме, и ќе пиеме. Не да семе во карантин, туку не смееме да трепнеме. Тек сега ќе не затвараат. До сега бевме, 5 километри од дома можевме да мрднеме, сега ќе биде изгледа само еден километар.

И еднаш неделно шопинг да правиме, да купуваме храна, може и за храна ќе испо-цркаме ама ќе издржиме.

Со песна се се издржува, порача Тања за крај. Јас сакам да почнам со нешто наше убаво македонско, ова е еден „Галеб тажен“, рече таа и ја испеа истоимената песна.

Татајана Лазаревска и Новица Василевски се еден од најскладните парови на домашната музичка сцена.

Фолк-пејачите имаат изјавено дека од Македонија си заминале затоа што во Австралија заработката е поголема, а настапите секако им биле во дијаспората.

Татјана и Новица откако поминаа карантините и кризата работат со полна пареа. Македонците прават свадби и веселби во Австралија, па работата на познатите фолк-пејачи им тргна. Татјана често објавува лајф видеа како настапува, а дел од нив се многу интересни.

Таа и Новица пееја македонски песни, оро се виеше, невестата и сватовите беа многу весели. Но, она што падна во очи се згодните девeруши, облечени сите во сини фустани со длабоки шлицеви.

Новица пееше меѓу убавите деверуши, а Татјана го снимаше, без да покаже трунка љубомора што толку убавици се вртат околу него.

Татјана и Новица со синовите се сега на одмор, и тоа на ептен луксузно место, во Surfers Paradise – Goldcoast во Австралја. Татјана се уклучи во живот на Фејсбук и откри како се забавуваат.

-Ајде одиме еден лајф, сакам само да споделам, дека ние дојдовме на едно преубаво место овде во Австралија, малце да се одмориме од зимата во Мелбурн. Беше многу ладно, бепе многу досадно.

Сите заминавте за Македонија, ние што останавме овдека ве гледаме преку Фејсбуци, ве пратевме како уживате, сега нас ни дојде малце редот. Еве сме, Петар, Сетефан, и сакам само да ви кажам дека стварно, ако дојдете на ова место убаво, еве што ве чека.

Ве чекаат бранови, плажа, сонце колку-толку. Инаку сме на 18 спрат. Ја синојќа се изнапеав на една преубава кршетвка и роденден во Бризбејн, и решивме да дојдеме малце…

Еве, јас ќе седнам сега, Новица ќе ми свари едно кафе, и ќе ве поздравам од нашиот апартман во Сурферс парадајс. И стварно е како во рајот. Ова е за оние што сакаат да размислат дали да дојдат, јас како реклама им правам сега.

Толку, само кратко да ве поздравам, ние уживаме, а уживатје и вие“, рече Татјана и го покажа убавиот поглед и апартман.

Previous articleГабриел Бајpам го ожени cинот на голема веселба во познат хотел, на ваква убава снаа од внукот ќе ѝ се израдуваше Амди да беше жив (ВИДЕО)
Next articleТурунџиева замина на местото со кое ја врзуваат спомени кои и после 6 години не бледеат