Home Live Турунџиева замина на местото со кое ја врзуваат спомени кои и после...

Турунџиева замина на местото со кое ја врзуваат спомени кои и после 6 години не бледеат

Сузана Турунџиева е жената која сите ја познаваат по нејзините моќни гласовни способности, музичар со полно образование, на чија кариера сите се сеќаваме низ годините.

Таа реши дека треба своето животно искуство и спомени да ги пренесе во книга. Процес која го започна во 2007 и трае до ден-денес, објваи Хибрид во една прилика. Во ова интервју, таа искрено зборуваше за загубата на братот.

-Најболниот и најтешкиот период кој го пишував е моментот кога исчезна брат ми.

Тоа беа пеколни 40 дена во кои не знаев дали живеам, дали постојам, меѓутоа цело време во тие 40 дена носев на себе една бела бунда, со надеж дека ќе се разреши сето тоа убаво.

Но, не се разреши убаво, стигна најст рашната вест. Таа ситуација сакав да ја опишам поедноставно односно да не ги забележам сите тешки моменти кои ги преживував, мислам дека донекаде успеав, можеби не се соголив комплетно, но сакав да ја поштедам мојата мајка затоа што таа ја преживеа сепак најголемата болка.

Кога пишуваш првпат за такви ситуации никогаш не знаеш што е исправно, дали со пет збора да удриш многу силно или со 1000 зборови да удираш полека“, изјави Сузана.

-Го земав лаптопот, отворив празен документ и почнав да пишувам. Не знаев дали ќе пишувам за машки или женски ликови, ни дали ќе биде тоа приказна со драматичен почеток или ќе ја чекам да се развива.

Ја ослободив фантазијата и како да постоеше некоја сила од Универзумот која ми ги редеше зборовите и имињата“ додаде Сузана.

Братот на пејачката прерано го загуби својот живот на 36 годишна возраст работејќи во Канада. Панде Турунџиев според написите во медиумите најпрво бил кид напиран, па му бил одземен животот под неразјаснети околности, кои семејството никогаш не ги дознало и до крај никогаш не биле расветлени.

Болката за семејството Турунџиеви не стивнува и по многу години од загубата. Во спомен на својот брат пејачката сподели емотиво видео со фотографии од семејниот албум од раното детство на Панде и заеднички фотографии од бројни убави моменти од младоста на непрежалениот брат, син и сопруг.

Се обидувам моите деца да ги научам да бидат силни токму поради животните шлаканици кои јас ги добив.

Не сакам да бидат неподготвени и ги учам да се соочуваат и да не мислат со солзите во очи да се соочуваат со проблемите.

Не ги учам да плачат, ги учам да бидат силни и да сфатат дека ако јас реагирам на нивните солзи, светот нема да реагира, туку ќе ги обвинува и тогаш кога нема да бидат криви.

Затоа јас ги сфаќам и тогаш кога прават грешки и тогаш кога не се како што јас сакам да бидат. Сепак, се обидувам да ги заштитам како и секој родител, секако“, изјавила Сузана за Хибрид.

Во интервју за порталот 365.мк, таа открива дека се се случува со некаква причина, а солзите, насмевките, среќата и загубата се составен дел од многу човечки судбини, не само во нејзината.

Веројатно се се случува со некаква причина. И солзите, и насмевите и среќата и загубата се составен дел од многу човечи судбини, не само во мојата. Јас смртта на блиските ја почувствував уште многу млада, пред 24 години, кога го изгубив татко ми, потоа брат ми, на своите 36 години…

За жал, животот не ме штедеше и немилосрдно ме тестираше колку можам да поднесам. Моите деца беа дел од сите тие немили состојби во кои немавме ниту време, ниту можност да се подготвиме, прилагодиме.

Никому не му посакувам да се најде во ситуации како јас, ние, но ете, животот не те гали милува, немаш генерална проба за ништо…, раскажува Сузе во тектот кој го пренесе Вистина.

Сузе изминатиов викенд кој за многумина беше продолжен го искористила да замине на море, и таа објавила слика од Грција со нејзината ќерка од плажа и напишала:

-Псакудија – местото каде се преклопуваат среќата и тагата занемени од многу емоции и спомени кои и после 6 години не бледеат…

Ете тука живее носталгијата. Новите генерации ја продолжуваат приказната со насмевки и многу прегратки: Михаилиа и Матеа.

Најверојатно дека Сузана се сеќава на своjот сопруг Маријан со кој одела на ова место, зашто тој овој свет го напушти ненадејно точно пред 6 години, поточно во јули во 2016 година.

Previous articleТатјана и Новица со синовите на луксузен одмор во „рајот“- ни беше ладно и досадно во Мелбурн, сите си заминаа за Македонија (ВИДЕО)
Next articleМитко Јанчев синоќа им го направи ќефот на кавадарчани – ни помалку ни повеќе, го донесе да ги забавува големиот Харис Џиновиќ