Home Live Беше една од нашите најзгодни поп пејачки, се омажи, си замина од...

Беше една од нашите најзгодни поп пејачки, се омажи, си замина од Македонија, сега запеа народно, и се пофали со деколтето (ФОТО)

Македонската поп пејачка Сања Лефкова Христова која почна во шоуто М2 кое своевремено бираше музички таленти, пред седум години замина да живее во англиската престолнина Лондон.

Како мала Сања се занимавала со гимнастика и со кошарка, но, сепак, на крајот преовладала љубовта кон музиката, и таа се запишала на соло-пеење во Штип. Сања е инаку родена на 10 јули во 1987 во Кочани.

Заедно со Емил Арсов, петнаесетгодишната штипјанка Сања била најмлад учесник на финалната вечер на манифестацијата Плеј – потрага по ѕвезди, одржана во Универзалната сала.

Таа ја исполнила темата “Лијат години”, на авторскиот двоец – Дарко Димитров (музика, аранжман и продукција) и Александар Митевски.

Потоа следат песните: Душо (2009), Засекогаш ти (2013), Среќа (2015), Врати се (2016) ,Почеток и крај (2018) и Don’t you get it која ја сними во 2020 година, за време на пандемијата.

Во Лондон, Сања тргна да се усоврши на неколку месеци, потоа го повлече и семејството. Таа таму почна музичка кариера, сопругот, детнцето… свој живот, воспитување и едукација“, напиша во една прилика Вистина. Сега Сања има два сина“.

Таму се пријави и на „Британија има талент“, а пак сопругот стана шеф во кујната на ресторанот на најпознатиот готвач на светот – славниот Џејми Оливер!

За моето заминување не би сакала да говорам. Тоа го направив поради подобра едукација и иднина на моето дете, поради повеќе опции и можности за нас. Планирам и понатаму да снимам и да настапувам.

Тоа ме исполнува откако знам за себе. Секогаш велат, каде ти е фамилијата таму ти е и домот, но тоа не значи дека не размислуваме да се вратиме еден ден – пкажа Лефкова во постаро интервју во Женски магазин.

Сања Лефкова заедно со сопругот и децата веќе неколку години живее во странство, а Вистина во 2020 година објави за нејзината нова песна која ја изработи во периодот додека престојуваше во Македонија.

По последната „Почеток и крај“ која ја објави во 2018 година, Сања по двегодишна пауза повторно влезе во студиото на Александар Масевски кому ја препушти целосната доверба за музика, тект аранжман и продукција на „Don’t’t you get it“, која е прва што ја пее на англиски јазик.

-Конечно мојот сон уште од дете се оствари. Сега можете да ја слушнете мојата прва песна на англиски јазик. Се надевам дека песната ќе допре до вас, пишува Сања на својот Фејсбук.

Имено, Сања е една од оние на поп естрадата која не снима песни и видеоспотови баш пречесто. Сепак, кога ќе издаде, тоа е квалитетно направано, испродуцирано, снимено, визуелизирано“, објавуи Вистина.

Во Женски магазин, таа кажала како ја одржува својата форма и линија, и мнгоумина би се сложиле дека Сања изглед топ.

-И претходно јадев почесто, но по малку. Никогаш не сум држела диети и немам проблем со тежината. Дури и да качам некое кило не ми пречи зошто очигледно се гени во прашање и не сум имала потреба да размислувам за каква било корекција во изгледот. Сакам природа, пешачење, пливање и тоа ме одржува во форма – завршува таа.

Особено последниве години, откако работи со врвни музички и видео професионалци, едни од најдобрите кај нас, и иако таа кај нас повеќе не живее, кога треба да смими нешто ново, доаѓа во Македонија.

Сања објавила слики од нејзин настап во Белгија каде што пеела на отварање на ресторан, и запеала песна од Саша Ковачевиќ. Но, на уште една снимка, Сања се пофалила како пее песна од филмот „Тома“.

Станува збор за „Полноќ“, песната што во дует ја пеат Ацо Пејовиќ и Сузана Бранковиќ. На Сања и легна и народната музика, а она со што може да се пофали е и богатото деколте што го исктакнува на сликата. Како и да е, Сања останала една од нашите најубави пејачки.

Previous articleКажа дека му била швалерка на Видоје и објави слики од заеднички „четови“: Борна ја растури Николина
Next articleЛоба облече мини свадбен фустан со деколте на својата свадба и ја запеа оваа позната руска песна – сите гости „откачија“ (ФОТО)