Home News Карчовски: Поддршка за Перински – Данела е неспособна менаџерка

Карчовски: Поддршка за Перински – Данела е неспособна менаџерка

Се чини дека пукна „тиквата“ меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска. Она што во изминатиов период се шушкаше, денес стана јавна кавга меѓу член на партијата и градски функционер и градоначалничката која беше избрана на позицијата, токму сео другото од гласовите на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другите.

Денес разрешениот директор на скопски Водовод, Златко Перински одржа прес, на кој ги објасни своите позии, по обвинувањата од градоначалничката Арсовска дека има злоупотреби со тендери.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска му упадна на прес конференцијата на разрешениот директор на Водовод, Златко Перински.

Таа рече дека дошла да види во кое својство разрешениот Перински држи прес во службените простории кога веќе не е директор.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција го потврди раздорот меѓу најголемата опозициска партија и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Мицкоски рече дека во животот не секогаш се исполнуваат очекувањата

„За мене е важно Скопје да се развива и затоа поддржавме независен кандидат и во животот имате моменти кога ќе видите дека очекувањата не се исти како што сте ги имале тие очекувања, а потоа едноставно патиштата можат да одат во различни насоки во животот“, изјави Мицкоски.

На прашањето дали ќе продолжи да биде дел од мнозинството во Советот на Град Скопје, Мицкоски не одговори конкретно, но рече дека ќе го поддржи секој проект за доброто на градот.

„Што се однесува до мнозинството во Советот, ВМРО-ДПМНЕ има лидер, професорот Трајко Славевски е таму, имаме мнозинство, но работите се флуидни, денес имате, утре немате, не е многу важно“. рече Мицкоски.

Во текот на денот, симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ му дадоа голема поддршка на Перински. Еве што напиша Јован Карчовски:

„Поддршка за Златко Перински! Како член на ВМРО-ДПМНЕ, сакам да ја изразам мојата поддршка за Златко Перински. Можеби не ја разбирам до крај политичко-тендерската “игранка” на Данела Арсовска, но она што го знам и го разбирам е карактерот, посветеноста и принципите зад кои стои Златко Перински.

Станува збор за чесен, храбар, принципиелен градски лик, кој држи до своето! Исто така, изразувам поддршка до ВМРО-ДПМНЕ за идните чекори кои ќе ги превземе во врска со оваа голема подлост на Данела.

Мислам дека секој нормален човек кој го сака градот и сака развој на градот, веќе сфати дека Данела Арсовска е неспособна менаџерка,

има катастрофално лоши односи со своите соработници, покажува невидена ароганција поткрепена со нула знаење и нула авторитет, нема ниту волја ниту капацитет да го раководи градот… притоа има многу кратко памтење како дојде на оваа функција и со чија поддршка стана градоначалничка.

Извинете, ама тие работи во политиката се важни и тука нема простување, а Данела треба да плати политичка цена за оваа ујдурма.“

Previous articleКамила ѝ оддаде почит на свекрвата, кралицата Елизабета: На себе стави нешто многу вредно (ФОТО)
Next articleКога му се упокои поранешната жена, тој беше со неа во болница до самиот крај, заедно со нејзиниот нов партнер и со ќерките кои сега се скарани: Животната приказна на композиторот Корнелије Ковач