Home Live Ќерката на Жељко Јоксимовиќ по долги години успеа да го смири со...

Ќерката на Жељко Јоксимовиќ по долги години успеа да го смири со брат му со кој беа скарани- еве како ѝ успеа на Мина

Жељко Јоксимовиќ денес е во среќен брак со водителката Јована Јоксимовиќ. Додека не ја запозна својата сегашна сопруга тој имаше романса со пејачката Леонтина и со водителката Адриана Чортан.

Сепак малкумина знаат дека тој се забавувал и со Цеца Славковиќ. Пејачката Цеца Славковиќ повеќе од деценија не е активната на сцената. На публиката во аманет и остави два албуми и се повлече, а беше позната како девојка на Жељко Јоксимовиќ.

Тие соработуваа на нејзиниот албум „Тајна“, кој доживеа голем успех. Во меѓувреме Цеца се повлече од естрадата.

Имено, нивната врска беше доста актуелна во јавноста, но никогаш конкретно не говореа еден за друг. Инаку, Цеца Славковиќ е запаметена како пејачка со соврешен глас.

Актерот Саша Јоксимовиќ е, како што е познато, брат на Жељко Јоксимовиќ, а сега тој отворено зборуваше за врската што ја имаат.

Тој и неговата сопруга Невена, со која е маѓепсан дури и по 14 години брак, го имаат синот Илија и би сакале да имаат бебе, а актерот неодамна проговори за тешкиот период што го поминале.

На прашањето дали му пречи кога ќе биде обележан како брат на Жељко Јоксимовиќ, Саша рече дека постигнал толку многу во својата работа што воопшто не му требаат „приколки“ и епитети.

Кога станува збор за врската со Жељко, тој истакна дека не може да не се блиски, затоа што се браќа, но не и да се дружат семејно, со жените.

„Не можам да не бидам близок со мојот брат, но ние не се дружиме семејно“, рече Саша, а потоа додаде и неговата сопруга Невена.

“Што значи семејство? За да може некој да биде член на вашето семејство, тој мора да го заслужи тоа. Тројцата сме семејство.

Сметам дека некои пријатели се мое семејство, а моите се многубројни и сложни, така што таа љубов мене ми е доволна “, рече таа.

Најстарата ќерка на Жељко Јоксимовиќ донесе радост во неговиот дом. Жељко Јоксимовиќ е најгордиот татко на светот, а причина за гордоста е неговата најстара ќерка Мина, која ја има од бракот со првата сопруга Весна.

Се чини дека до вчера беше преслатко девојче кое често го придружуваше пејачот на неговите концерти, но како преку ноќ се претвори во прекрасно девојче кое го израдува својот татко со дипломата.

Имено, Мина дипломирала на Факултетот за музичка уметност, а убавата вест ја сподели со следбениците на Инстаграм: Дипломирав! Дипломиран музичар! Одиме понатаму“, напиша Мина.

Веднаш потоа почнаа да се слеваат честитки од бројни познати личности, новинарката Весна Милановиќ, водителката Душица Јаковљевиќ, пејачката Јелена Томашевиќ. Сепак, оние кои секако најмногу ја израдуваа Мина беа честитките од членовите на семејството, меѓу кои и нејзиниот дедо, баба и чичко, Саша Јоксимовиќ.

Сите тие и честитаа на ќерката на Жељко со безброј срца и бакнежи и зборови колку се горди на неа. „Премногу горд – напиша чичкото на Мина, актерот Саша Јоксимовиќ.

Иако се зборуваше дека Саша и Жељко со години не се во добри односи, очигледно е дека актерот на Мина гледа како на свое дете.

Со оглед на тоа дека и Мина ќе слави дипломска, нема сомнеж дека прославата ќе го собере целото семејство.

Previous articleTeодор се вратил од CAД да cлужи војcка во родената земја: Ме испратија со paкија како што е традицијата
Next articleСо ваква слика ретко кој може да се пофали – Лиса Баута објави заедничко фото со Кралот Чарлс